2Kings (6/25)  

1. Тогаш пророчките синови му кажаа на Јелисеја: "Ете, местото каде што живееме при тебе, е тесно за нас;
2. да одиме до Јордан, да земеме оттаму секој по една греда и да си направиме таму живеалиште." Тој им рече: "Одете!"
3. А еден од нив рече: "Направи ни милост, дојди и ти со слугите твои." Тој одговори: "Kе дојдам."
4. И тргна со нив, дојдоа до Јордан и почнаа да сечат дрвја.
5. И кога еден соборуваше греда, секирата му падна во водата. Тој извика и рече: "Ах, господару! А таа беше земена на заем!"
6. Божјиот човек запраше: "Каде падна таа?" Тој му го покажа местото. Тогаш Јелисеј исече парче дрво, па го фрли таму, и секирата исплива.
7. Тогаш му рече: "Земи си ја." Тој ја спружи раката и ја зеде.
8. Сирискиот цар тргна во војна против Израилците и се советуваше со слугите свои, велејки: "Во тоа и тоа место ке го поставиме својот логор."
9. Божјиот човек испрати да му кажат на Израилскиот цар: "Внимавај да не минуваш преку она место, зашто таму Сиријците се во заседа."
10. И Израилскиот цар испрати разузнавачи, на тоа место, за кое му порача Божјиот човек, и се пазеше; и се зачува оттаму не еднаш и не двапати.
11. И му се вознемири срцето на сирискиот цар порати тоа, и тој ги повика слугите свои и им рече: "Кажете ми, кој од нашите одржува врска со израилскиот цар?"
12. И рече еден од слугите негови: "Никој, господару мој, цару; туку пророкот Јелисеј, кој е во Израилот, му ги соопштува на израилскиот цар и оние зборови, што ти ги говориш во спалната соба своја."
13. Тогаш тој рече: "Одете, дознајте, каде е тој, и јас ке испратам да го фатат." И му соопштија и рекоа: "Ете, тој е во Дотаим."
14. И испрати таму коњи и коли и многу војска. Дојдоа ноке и го опколија градот.
15. Изутрината слугата на Божјиот човек стана и излезе. А тоа војската околу градот и коњи иколи. Слугата му рече: "Тешко, господару! Што да правиме?"
16. Тој одговори: "Не плаши се, зашто оние, што се со нас, се повеке од оние, што се со нив."
17. Јелисеј се помоли и рече: "Господи, отвори му ги очите да види." И Господ му ги отвори очите на слугата, и тој виде, а тоа целата гора полна со коњи и огнени коли околу Јелисеја.
18. Кога Сиријците отидоа при него, Јелисеј му се помоли на Господа и рече: "Порази ги со слепило. И Господ ги порази со слепило, според зборот на Јелисеја.
19. Јелисеј тогаш им рече: "Не е тоа патот, не е тоа градот, одете по мене, јас ке ве одведам при оној, што го барате." И ги одведе во Самарија.
20. Кога дојдоа во Самарија, Јелисеј рече: "Господи, отвори им ги очите да видат." И Господ им ги отвори очите, и видоа дека се среде Самарија.
21. Израилскиот цар, кога ги виде, го праша Јелисеја: "Да ги убијам ли, оче мој?"
22. Но тој одговори: "Не ги убивај. Зар со сабјата своја и со лакот свој ги зароби, та да ги убиваш? Дај им леб и вода; нека јадат и пијат, и да си одат при господарот свој."
23. Тој им приготви голем обед, и тие јадеа и пиеја. Ги отпушти, и тие си отидоа при господарот свој. Оттогаш тие сириски ограбувачки групи не одеа веке во Израилевата земја.
24. Потоа сирискиот цар Адад ја собра целата војска своја, тргна и ја опседна Самарија.
25. И настана голем град во Самарија, кога ја опседнуваа, така што една ослешка глава се продаваше за осумдесет сикли сребро, и четврт каба гулабова кал - за пет сикли сребро.
26. Еднаш израилскиот цар одеше по sидот, и една жена му зборуваше со плачење: "Помогни ми, господару мој, цару."
27. Тој одговори: "Ако Господ не ти помогне, од каде ке ти помогнам јас? Од гумното ли, од точилото ли?"
28. Ја праша уште царот: "Што ти е?" А таа одговори: "Оваа жена ми рече: ‘дај го твојот син да го изедеме денес, а мојот син ке го изедеме утре.‘
29. И го сваривме мојот син и го изедовме. На другиот ден јас и реков: ‘дај го и ти синот свој, да го изедеме.‘ Но таа го сокри синот свој."
30. Царот, откако ги чу зборовите на жената, ја раскина облеката своја; и, одејки по sидот, народот виде, дека тој носи на самото тело свое врекиште.
31. И царот рече: "Тоа и тоа да ми направи Бог и уште повеке да додаде, ако остане денес главата на Јелисеја, Сафатовиот син, на него."
32. А Јелисеј седеше во домот свој, и старците седеа кај него. И испрати царот еден од своите слуги. Пред да дојде пратеникот при него, Јелисеј им рече на старците: "Гледате ли дека тој, син на убиец, испрати да ми ја земат главата? Гледајте, кога ке дојде пратеникот, затворете ја вратата и притиснете го со вратата. А ете го и топотот на нозете на господарот негов по него!"
33. Додека уште говореше со нив, ете пратеникот пристигна при него, и му рече на Јелисеј: "Ете какво зло од Господа! Што да чекаме во иднина од Господа?"

  2Kings (6/25)