2Kings (5/25)  

1. Нееман, војвода на сирскиот цар, беше голем чвеок пред господарот свој и почитуван, зашто преку него Господ им беше дал победа на Сиријците; и тој човек беше одличен војник, но лепрозен.
2. Еднаш Сиријците излегоа во чети и запленија од Израилската земја едно мало девојче, и тоа и служеше на Неемановата жена.
3. Таа и рече на господарката своја: "О, да отидеше мојот господар при пророкот, кој е во Самарија, тој ке ја симнеше од него лепрата."
4. Тогаш Нееман отиде и му го кажа тоа на господарот свој, велејки: "Така и така вели девојчето, што е од Израилската земја."
5. И сирскиот цар му рече на Неемана: "Стани, оди, јас пак, ке испратам писмо до израилскиот цар." Тој отиде, земјаки со себе десет таланти сребро, шест иљади сикли злато и десет промени облека;
6. и му го однесе на израилскиот цар писмото, во кое се велеше: "Заедно со ова писно, ете, го испракам при тебе Неемана, мојот слуга, да ја симнеш од него лепрата негова."
7. Израилскиот цар, откако го прочита писмото, ја раскина облеката своја и рече: "Зар сум јас Бог, да умртвувам и да оживувам, та испрака при мене да ја симнам од овој човек лепрата негова? Ете, знаете сега и гледајте, дека тој бара повод за непријателство против мене."
8. Кога Божјиот човек Јелисеј чу, дека израилскиот цар ја раскинал облеката своја, испрати да му речат на царот: "Зошто ја раскина облеката своја? Нека дојде при мене и нека познае, дека има пророк во Израилот."
9. И дојде Нееман со коњите свои и со колите свои и застана пред влезот на Јелисеевиот дом.
10. Тогаш Јелисеј го испрати при него слугата свој да му каже: "Оди, искапи се седумпати во Јордан, и телото твое ке се обнови, и ке бидеш чист."
11. Се разгневи Нееман и си тргна, велејки: "Ете, јас мислев, дека тој ке излезе, ке застане и ке го повика името на Господа, својот Бог, ке ја стави раката своја на местото и ке ја симне лепрата;
12. зар дамаските реки Авана и Фарфар не се подобри од сите израилски води? Не можев ли да се искапам во нив и да се исчистам?" Па се сврти и си отиде налутен.
13. Му се доближија слугите негови и му рекоа, велејки: "Оче, да беше ти кажал пророкот нешто тешко, немаше ли да го направиш. А камо ли сега, кога ти рече само: искапи се, и ке бидеш чист!"
14. Тој отиде и се потопи во Јордан седумпати, според зборовите на Божјиот човек, и телото му се обнови како тело на мало дете и се исчисти.
15. Тогаш се врати при Божјиот човек, тој и сите придружници негови, дојде, застана пред него и рече: "Еве, познав, дека по целата земја нема Бог, освен во Израилот; прими, пак сега дар од твојот слуга."
16. Јелисеј одгорови: "Жив Господ, пред чие лице стојам! Не примам." Оној го принудуваше да земе, но тој не се согласи.
17. И рече Нееман: "Штом е така, нека му дадат на твојот слуга земја, колку што можат да носат две маски, зашто во иднина слугата твој нема да принесува сепаленици и жртви на други богови, освен на Господа;
18. само, еве што да ми прости Господ на слугата твој: кога мојот господар оди во домот на Римона, за да се поклони таму и се потпре врз раката моја, и јас се поклонам во домот на Римона, тогаш Господ да му прости на слугата твој за поклонувањето мое во домот на Римона."
19. А тој му рече: "Оди си со мир!" И тој отиде од него и прилично се оддалечи.
20. Тогаш Гиезиј, слугата на Божјиот човек Јелисеја рече: "Ете, мојот господар не сакаше да го земе од раката на тој сирец Нееман, она што го беше донел. Жив Господ! Kе потрчам по него и ке земам нешто од него."
21. И потрча Гиезиј по Неемана. Нееман виде, дека некој трча по него, слезе од колата да го пресретна и рече: "Дали си со мир?"
22. Тој одговори: "Со мир сум; мојот господар ме испрати да кажам: ете, сега дојдоа при мене од Ефремовата гора две момчиња од пророчките синови; дај ми еден талант сребро и две промени облека."
23. И Нееман рече: "Земи, ако сакаш, два таланта." И многу го молеше. Тогаш тој заврза два таланта сребро во две торби и две промени облека и им ги даде на двајцата слуги свои, та ги понесоа пред него.
24. Кога тој дојде до брегот, ги зеде од рацете нивни и ги сокри во домот свој. И ги отпушти лу ето, и тие си отидоа.
25. Кога дојде и се јави пред господарот свој, Јелисеј го праша: "Од каде доа аш, Гиезиј?" Тој одговори: "Никаде не одел слугата твој."
26. Тој му рече: "Зар срцето мое не те придружуваше, кога оној човек се врати од колата своја да те пресретне? Време ли е да се земе сребро и да се зема облека, или маслинови дрвја и лозја, ситен или крупен добиток, слуги или слугинки?
27. Затоа, Неемановата лепра нека се залепи на тебе и на потомството твое засекогаш." И тој излезе од него бел како снег од лепрата.

  2Kings (5/25)