2Kings (3/25)  

1. Јорам, синот Ахавов, стана цар над Израилот во Самарија во осумнаесеттата година на јудејскиот цар Јосафат и царуваше дваесет години.
2. Тој вршеше она што беше неугодно пред очите на Господа, макар и не така, како татко му и мајка му, зашто ја собори статуата на Ваала, што беше ја напарвил татко му;
3. при сето тоа тој остана во гревовите на Јеровоама, Наватовиот син, што беше го навел на грев Израилот, и не отстапуваше од нив.
4. Моавскиот цар Моса имаше многу добиток и му испракаше на израилскиот цар по сто иљади овци и по сто иљади неистрижени овни.
5. Но, штом умре Ахав, моавскиот цар се одметна од израилскиот цар.
6. Во она време царот Јорам излезе од Самарија и ги преброи сите Израилци,
7. па отиде и испрати да му кажат на јудејскиот цар Јосафата: "Моавскиот цар се одметна од мене; одиш ли со мене во војна против Моава?" Тој одговори: "Одам; како што ке отидеш ти, така и јас, како твојот народ, така и мојот народ, како твоите коњи, така и моите коњи."
8. И рече: "По кој пат да одам?" Тој рече: "По патот низ Едомската пустиња."
9. И тргнаа израилскот цар, јудејскиот цар и едомскиот цар, и одеа по заобиколен пат седум дена, и немаше вода за војската и за добитокот, што одеше по нив.
10. Тогаш рече израилскиот цар: "Ах! Господ ги изведе овие тројца цареви, за да ги предаде во раката на Моава."
11. Но Јосафат рече: "Нема ли тука пророк Господов, па преку него да го прашаме Господа?" Одговори еден од слугите на израилскиот цар и рече: "Тука е Јелисеј, Сафатовиот син, кој полеваше вода на Илиевите раце."
12. И рече Јосафат: "Во него има слово Господово." И отидоа при него израилскиот цар и Јосафат и едомскиот цар.
13. И му рече Јелисеј на израилскиот цар: "Што имаш ти со мене! Оди кај пророците на татковците свои и кај пророците на мајка си своја." И му кажа израилскиот цар: "Не, зашто Господ ги изведе овде овие тројца цареви, за да ги предаде во раката на Моава."
14. И рече Јелисеј: "Жив Господ Саваот, пред Кого стојам! Ако не го почитував Јосафата, јудејскиот цар, не би те погледнал и не би те видел;
15. туку повикајте ми гуслар." И кога гусларот свиреше на гуслата, тогаш раката Господова се допре до Јелисеја,
16. и тој рече: "Вака говори Господ: ‘Направете ја оваа долина јама до јама;
17. зашто вака вели Господ: нема да видите ветар и нема да видите дожд, а оваа долина ке се наполни со вода, од која ке пиете вие и ситниот и крупниот добиток ваш;
18. но тоа е малку пред очите на Господа: Он и Моава ке го предаде во рацете ваши,
19. и ке ги поразите сите укрепени градови и сите главни градови, и ке ги исечете сите добри дрвја, и ке ги запрете сите извори, и сите добри ниви и ке ги затрупате со камења."
20. Утредента, кога се вознесуваше лебен принос, наеднаш потече вода по патот од Едом, и земјата се наполни со вода.
21. Кога слушнаа Моавците, дека царевите доа аат да војуваат со нив, беа собрани сите, што носат појас и постари, па застанаа на границата.
22. Изутрината станаа рано, кога сонцето изгреа над водата; на Моавците таа вода оддалеку им се прични црвена како крв.
23. И тие рекоа: "Тое е крв; се степале царевите ме у себе и се истребиле еден со друг. А сега на плен, Моаве!"
24. И тие дојдоа до израилскиот логор. Станаа Израилците и фатија да ги поразуваат Моавците, кои почнаа да бегаат од нив, а тие продолжуваа да налетуваат врз нив и да ги поразуваат.
25. И ги разрушија градовите, и во секоја добра нива секој фрли по еден камен, и ја наполнија, и сите водни извори ги затрупаа, и сите плодни дрвја ги исекоа, така што во Кир-Харамет останаа само камења. И го заобиколија праккашите и го разрушија.
26. Тогаш моавскиот цар виде дека ја губи битката, и зеде со себе седумстотини души, кои ракуваа со меч, за да се пробијат кон едомскиот цар, но не можеа.
27. И тој го зеде својот првороден син, кому му се па аше да царува место него, и го принесе како жртва сепаленица врз sидот. Тоа предизвика големо негодување кај Израилците, и тие се повлекоа од него и се вратија во земјата своја.

  2Kings (3/25)