2Kings (25/25)    

1. Во деветтата година од царувањето свое, во десеттиот месец, на десеттиот ден од месецот, вавилонскиот цар Навуходоносор дојде со сета своја војска пред Ерусалим, го опседна и направи околу него опкоп.
2. И градот стоеше во опсада до единаесеттата година од владеењето на царот Седекиј.
3. На деветтиот ден од месецот гладот се засили во градот, и народот на земјата немаше леб.
4. Градот беше преземен, и сите воени лица избегаа ноке по патот кон портите, ме у двата sида, што се до царската градина; а Халдцејците стоеја околу градот, и царот отиде по патот кон рамнината.
5. Халдејската војска се спушти по царот и го стигна во Јерихонските рамнини, и сета војска негова се разбега од него.
6. Тогаш го фатија царот, го одведоа при вавилонскиот цар во Ривла и извршија над него суд;
7. синовите на Седекија ги заклаа пред очите негови, а на Седекија му ги избодоа очите, го оковаа во окови и го одведоа во Вавилон.
8. На петтиот месец, на седмиот ден од месецот, односно во деветнаесеттата година од владеењето на вавилонскиот цар Навуходоносор, дојде Навузардан, заповедник на телохранителите, слуга на вавилонскиот цар, во Ерусалим
9. и го изгоре домот Господов и царскиот дом, и сите куки во Ерусалим, и сите големи куки ги изгоре со оган;
10. и sидовите околу Ерусалим беа урнати од халдејската војска, што беше со заповедникот на телохранителите.
11. А другиот народ, што беше останал во градот, и одметниците, кои му се предале на вавилонскиот цар, а и другиот прот народ ги исели Навузардан, заповедникот на телохранителите.
12. Само малкумина од сиромасите на оваа земја заповедникот на телохранителите ги остави за работници во лозјата и за земјоделци.
13. И бронзените столбови во домот Господов, и подножјата, и бронзеното море во домот Господов Халдејците го испокршија и ја однесоа бронзата нивна во Вавилон;
14. и котлите, и лопатките, и штипките, и лажиците, и сите бакарни садови, што се употребуваа во службата, ги кренаа;
15. и кадилниците, и садовите, - се што имаше златно, и се што имаше сребрено, го зеде заповедникот на телохранителите;
16. столбови два, море едно, и подножјата што Соломон ги беше направил во домот Господов, - бронзата во сите тие работи немаше мерка.
17. Едниот столб беше висок осумнаесет лакти, главата му беше од бронза, а висината на главата - три лакти, и мрежата на наровите околу главата - сето тоа беше од бронза. Тоа исто го имаше и другиот столб со мрежата.
18. Заповедникот на телохранителите го зеде првосвештеникот Сераија, врориот свештеник Софанија и тројцата вратари.
19. Од градот тој зеде еден дворски човек, кој беше заповедник на воените лица, и петте души, што стоеја пред царското лице и се нао аа во градот, и главниот писар на војската, што го запишуваше во војската народот на земјата, и шеесет души од народот на земјата, кои се нао аа во градот.
20. Ги зеде Навузардан, началникот на телохранителите, и ги одведе при вавилонскиот цар во Ривла.
21. И вавилонскиот цар ги порази и ги погуби во Ривла, во земјата Емат. И Јудејците беа иселени од земјата своја.
22. А над народот, оставен во Јудејската земја, вавилонскиот цар Навуходоносор го постави за управник Годолија, синот на Ахикама, Сафанов син.
23. Кога сите војводи, тие и лу ето нивни, слушнаа дека вавилонскиот цар го поставил за управник Годолија, дојдоа при Годолија во Масифа, односно Исмаил, синот на Натанија, Јоанан, синот Каритов, Сараја, синот Танаметов од Нето, Фатит и Језаниј, син Магатетов, тие и лу ето нивни.
24. И им се заколна Годолија ним и на лу ето нивни и им рече: "Не плашете се што ке бидете потчинети на Халдејците; населувајте се во земјата, служете му на вавилонскиот цар и ке ви биде добро."
25. Но во седмиот месец дојде Исмаил, синот на Натанија, Елисамов син, од царски род, со десет души, го порази Годолија, и тој умре, а и Јудејците, и Халдејците, што беа во Масифа.
26. Тогаш се крена сиот народ, од мало до големо, и војводите, па отидоа во Египет, зашто се плашеа од Халдејците.
27. Во триесет и седмата година од преселувањето на јудејскиот цар Јехонија, во дванаесеттиот месец, на дваесет и седмиот ден од месецот, вавилонскиот цар Евилмародах, во годината на царувањето свое, го изведе од затвор јудејскиот цар Јехонија,
28. говореше со него пријателски и ги постави престолот негов погоре од престолот на царевите, што беа пред него во Вавилон;
29. и му ја смени затворската облека негова; и секогаш Јехонија јадеше со него, во сите дни на животот свој.
30. За постојана издржка, му се даваше на царот, секој ден, во сите дни на животот негов.

  2Kings (25/25)