2Kings (24/25)  

1. Во неговите дни се крена вавилонскиот цар Навуходоносор; и Јоаким му стана потчинет за три години, но подоцна се одметна од него.
2. И Господ испрати против него мноштво Халдејци, и многу Сиријци, и многу Моавци, и многу Амонити, - ги испрати против Јуда, за да го погуби, според словото на Господа, што го беше рекол преку Своите слуги - пророците.
3. Тоа стана со Јуда по заповед на Господа, за да го отфрли од лицето Свое за гревовите на Манасија, за се она, што тој го беше извршил;
4. и за невината крв, што ја пролеа, исполнувајки го Ерусалим со невина крв, Господ не сакаше да прости.
5. Другите работи на Јоакима и за се она што тој го беше извршил, опишано е во летописите на јудејските цареви.
6. И почина Јоаким при татковците свои, а место него стана цар синот негов Јехониј.
7. Египетскиот цар веке не излегуваше од земјата своја, зашто вавилонскиот цар беше презел се, од Египетскиот поток до реката Ефрат, што му припа аше на египетскиот цар.
8. Јехониј беше на осумнаесет години кога стана цар, и царуваше три месеци во Ерусалим; мајка му се викаше Ниста, керка на Елнатана, од Ерусалим.
9. И тој го правеше она, што не беше угодно пред очите на Господа, во се онака, како што вршеше татко му.
10. Во она време слугите на вавилонскиот цар Навуходоносор настапија кон Ерусалим, и градот беше опколен.
11. Вавилонскиот цар Навуходоносор дојде до градот, што слугите негови го опседнаа.
12. Тогаш јудејскиот цар Јехониј отиде при вавилонскиот цар, тој, и мајка му, и слугите негови, кнезовите негови, и дворјаните негови, - и го зароби вавилонскиот цар во осмата година од царувањето свое,
13. и ги изнесе оттаму сите ризници на домот Господов и ризниците на царскиот дом; и ги здроби, како што беше рекол Господ, сите златни садови, кои Соломон, царот Израилев, ги беше направил за храмот Господов;
14. и го исели целиот Ерусалим, и сите кнезови, и сета храбра војска, - беа преселени десет иљади, - и сите дрводелци и ковачи; никој не остана, освен сиромасите на таа земја.
15. Тој го пресели Јехонија во Вавилон; исто така и мајка му на царот, и жените на царот, и големците негови, и големците на земјата ги одведе од Ерусалим за да ги насели во Вавилон.
16. И сета војска, на број седум иљади, и уметници и градежници иљада, сите јунаци, способни за војна, ги одведе вавилонскиот цар за да ги насели во Вавилон.
17. И вавилонскиот цар го направи цар Матанија, стрикото на Јехонија, место него, и му го промени името во Седекиј.
18. Седекиј беше на дваесет и една година, кога стана цар, и царуваше единаесет години во Ерусалим; мајка му се викаше Амитал, керка на Јеремија, од Ливна.
19. И тој го вршеше она, што не беше угодно пред очите на Господа, во се онака како што го правеше тоа Јоаким.
20. Гневот на Господа над Ерусалим и над Јуда беше толку голем, што Он ги отфрли од лицето Свое. И Седекиј се одметна од вавилонскиот цар.

  2Kings (24/25)