2Kings (23/25)  

1. Тогаш царот испрати, та се собраа при него сите старешини на Јуда и на Ерусалим.
2. И отиде царот во домот Господов, и со него сите Јудекци и сите ерусалимски жители, и свештениците, и пророците, и сиот народ, од мал до голем, и им ги прочита гласно сите збовори од книгата, која се најде во домот Господов.
3. Потоа царот застана на високо место и пред лицето Господово се заветува - дека ке Го следи Господа и дека ке ги чува заветите Негови, откровенијата негови и наредбите Негови, од се срце и душа, за да ги исполнува зборовите на тој завет, напишани во таа книга, И сиот народ се заветува.
4. Тогаш царот му заповеда на првосвештеникот Хелкиј и на другите свештеници и на вратарите да ги извесат од храмот Господов сите работи направени за Ваала и за Астарта и за сета небеска војска, и ги изгори надвор од Ерусалим, во Кедронскиот дол, и заповеда да ја пренесат пепелта нивна во Ветил.
5. И ги отстрани многубожечките жреци, што ги беа поставила јудеските цареви да вршат кадење по идолските светилишта во јудејските градови и во околината на Ерусалим, и оние, што му кадеа на Ваала, на сонцето, на месечината, на планетите и на сета небеска војска.
6. И ја изнесе тоај Астарта од домот Господов надвор од Ерусалим, при потокот Кедрон, и ја изгоре при потокот Кедрон, ја претвори во пепел и ја фрли пепелта нејзина во општонародните гробишта;
7. и ги разурна блудничките домови, што беа при храмот Господов, каде што жени шиеја облека за Астарта;
8. и ги изведе сите жреци од јудејсите градови, ги оскверни идолските светилишта, по кои жреците вршеа кадења, од Гава до Вирсавија, и ги разурна светилиштата пред портите - оние при влезот кон портите на Исуса градоначалникот, и оние одлево при градските порти.
9. Жреците на идолските светилишта, ме утоа, не принесуваа жртви врз жртвеникот Господов во Ерусалим туку јадеа безквасници заедно со браката свои.
10. Тој го оскверни и Тофет, што е во долот на Еномовите синови, та никој да не го пренесува синот свој и керката своја преку оган во чест на Молоха;
11. и ги урна коњите, кои јудејските цареви ги ставаа во чест на сонцето пред влезот во домот Господов, близу до собите на дворјанинот Нетан - Мелех, во Фарурим, а колесниците на сонцето ги изгоре со оган.
12. И жртвениците врз покривот на Ахазовата горна соба, што ги направија јудејсите цареви, и жртвениците, кои Манасиј ги беше направил во двата двора на домот Господов, царот ги собори и ги растури оттаму, и правот нивни го фрли во потокот Кедрон.
13. И идолските светилишта пред Ерусалим, десно од Маслиновата Гора, кои Соломон, царот Израилев, и го беше изградил на Астарта, гад сидонски, и на хамос, гад моавски, и на Молох, гад амонитски, царот ги оскверни;
14. и ги искрши идолите, и ги исече дубравите, и го наполни местото нивно со човечки коски.
15. Исто така и жртвеникот, што беше во Ветил, и идолското светилиште, изградено од Наватовиот син Јеровоам, кој беше го навел Израилот во грев, - и жртвеникот и светилиштето ги разурна, и ги изгоре, ги претвори во прав, ја изгоре и дубравата.
16. Јосиј погледна и ги виде гробиштата, што беа таму на гората, па испрати и ги зеде коските од гробовите, ги изгоре врз жртвеникот и го оскверни, според словото Господово, што го навести човекот Божји, кој ги беше претскажал тие настани, кога Јероваоам стоеше на празникот пред жртвеникот. Потоа се сврте и го виде гробот на Божјиот човек, што ги беше претскажал тие настани,
17. и Јосиј праша: "Каков е тој споменик, што го гледам?" Му одговорија градските жители: "Тоа е гробот на Божјиот човек, кој дојде од Јудеја и го навести ова, што ти го правиш сега над Ветилскиот жртвеник."
18. Тогаш тој рече: "Оставете го на мира, никој да не ги обеспокојува коските негови." И ги зачува коските негови заедно со коските на пророкот, што беше дошол од Самарија.
19. И сите идолски светилишта во самариските градови, кои израилските цареви ги беа изградиле, разгневувајки Го Господа, Јосиј ги разруши и направи со нив исто, како што направи во Ветил;
20. ги закла сите жреци при светилиштата, што беа таму, при жртвениците, и изгоре врз нив човечки коски, па се врати во Ерусалим.
21. Тогаш царот му заповеда на сиот народ и рече: "Празнувајте Му Пасха на Господа, вашиот Бог, како што е напишано во таа книга на заветот."
22. Зашто таква Пасха не беше празнувана од дните на судиите, кои му судеа на Израилот, и во сите дни на израилските цареви, и на јудејските цареви;
23. а таа Пасха на Господа беше празнувана во Ерусалим во осумнаесеттата година на царот Јосија.
24. Јосиј исто така ги истреби и повикувачите на мртви, и ма епсниците, и вражалците, и идолите, и сите гадови, што се сретнуваа во Јудејската земја и во Ерусалим, за да ги исполни зборовите на законот, напишан во книгата, што свештеникот Хелкиј ја најде во домот Господов.
25. Сличен на него немало цар пред него, кој се свртел кон Господа со сето свое срце, и со сета душа своја, и со сите свои сили, според целиот закон Мојсеев; и по него не се издигна сличен на него.
26. Но Господ не ја одложи големата јарост на гневот Свој, со која гневот Негов Му се разгори против Јуда за сите навреди, со кои Манасиј Го беше разгневил.
27. И Господ рече: "И Јуда ке го отфрлам од лицето Свое, како што го отфрлив Израилот, и ке го отфрлам тој град Ерусалим, што го избрав, и домот, за кој бев рекол: ‘Таму ке биде името Мое.‘"
28. Другите работи за Јосија и за се што беше извршил тој, е опишано во летописите на јудејските цареви.
29. Во неговите дни египетскиот цар, Фараонот Нехаон, тргна против асирскиот цар на реката Ефрат. Царот Јосиј му излезе во пресрет, а оној штом го виде го уби во Мегидон, штом го виде.
30. Слугите негови го кренаа мртов од Мегидон, го пренесоа во Ерусалим и го погребаа во гробницата негова, и народот на земјата го зеде Јосиевиот син Јоахаз, го помазаа и го прогласија за цар место татко му негов.
31. Јоахаз беше на дваесет и три години, кога стана цар, и царуваше три месеци во Ерусалим; мајка му се викаше Хамутал, керка на Јеремија, од Ливна.
32. Тој го вршеше она, што не беше угодно пред очите на Господа, во се онака, како што правеа татковците негови.
33. Фараонот Нехаон го задржа во Ривла, во Ематската земја, за да не царува во Ерусалим, и наложи глоба на земјата сто таланти сребро и сто таланти злато.
34. И Фараонот Нехаон го направи цар Јосиевиот син Елијаким, место татко му Јосија, и му го промени името на Јоаким, а Јоахаз го зеде и го одведе во Египет, каде што и умре.
35. Јоаким му даваше на Фараонот сребро и злато; тој ја оцени земјата, за да го внесува среброто по заповед на фараонот; тој бараше од секого од народот на земјата, според оценката негова, сребро и злато, за да му дава на фароанот Нехаон.
36. Јоаким беше на дваесети и пет години, кога стана цар, и царуваше единаесет години во Ерусалим; мајка му се викаше Јелдаф, керка на Фадаила, од Рума.
37. И тој го вршеше она, што не беше угодно пред очите на Господа, во се онака, како што го правеа татковците негови.

  2Kings (23/25)