2Kings (22/25)  

1. Јосиј беше на осум години кога стана цар, и царуваше во Ерусалим тиесет и една година; мајка му се викаше Једида, керка Едеева, од Васурот.
2. Тог го вршеше она што беше угодно пред очите на Господа, во се одеше по патот на татка си Давида и не се отколнуваше ни десно, ни лево.
3. Кога беше на осумнаесет години, царот Јосиј го испрати писарот Сафан, син на Езелија, Месоламов син, во домот на Господа, велејки:
4. "Оди при првосвештеникот Хелкија, нека го преброи среброто, донесено во домот на Господа, што го собраа од народот вратарите,
5. и нека го дадат во рацете на распоредниците, поставени при храмот Господов, а тие да го потрошат за работниците во домот Господов за поправка на штетите во домот:
6. на дрводелците, на каменарите, на sидарите и за купување дрва и делкани камења за поправка на домот;
7. но да не се бара од нив сметка за среброто, предадено во рацете нивни, бидејки тие постапуваат чесно."
8. И му кажа првосвештеникот Хелкиј на писарот Сафан: "Јас ја најдов во домот Господов книгата на законот." И Хелкиј му ја подаде книгата на Сафана, и тој ја читаше.
9. Дојде писарот Сафан при царот и му донесе на царот одговор, велејки: "Твоите слуги го зедоа среброто, најдено во домот, и го предадоа во рацете на распоредниците, поставени при домот Господов."
10. Писарот Сафан му соопшти уште на царот и рече: "Една книга ми даде свештеникот Хелкиј." И Сафан ја читаше пред царот.
11. Кога царот ги чу зборовите од книгана на законот, ја раскина облеката своја.
12. Тогаш царот заповеда на свештеникот Хелкиј, на Ахикама, Сафанов син, на Ахвора, Михеев син, на писарот Сафан и на царскиот слуга Асаиј, велејки:
13. "Одете, прашајте Го Господа за мене, за народот и за цела Јудеја во врска со зборовите на таа најдена книга, зашто голем е гневот Господов, што се разгорел против нас, поради тоа што нашите татковци не ги послушаа зборовите на таа книга, за да постапуваат според она што ни е заповедано во неа."
14. И отиде свештеникот Хелкиј со Ахикама, Ахвора, Сафана и Асаија при пророчицата Олдама, жена на одеждочуварот Салум, син на Текуја, Арасов син, - а таа живееше во Ерусалим, во вториот дел, - и зборуваа со неа.
15. А таа им рече: "Вака вели Господ, Бог Израилев: кажете му на човекот, што ве испрати при мене:
16. вака вели Господ: ке испратам зло во тоа место и врз жителите негови - сите зборови од книгата, што ги прочита јудејскиот цар.
17. Поради оа што ме оставија и кадат да други богови, за да ме предизвикуваат со сите работи на рацете свои, се разгневи гневот Мој против тоа место, и нема да угасне.
18. А на јудејскиот цар, што ве испратил да Го прашате Господа, кажете му: - вака вели Господ, Бог Израилев, за зборовите што ги чу:
19. поради тоа што смекна срцете твое, и ти се смири пред Господа, откако го чу ова, што Јас го изреков против тоа место и против жителите негови, дека тие ке бидат за ужас и проклетство, и ти ја раскина облеката своја и плачеше пред Мене, Јас те чув - вели Господ.
20. Поради тоа, еве, Јас ке те приберам при татковците твои, и ке бидеш ставен во гробницата своја во мир, и твоите очи нема да ги видат сите тие зла, што ке ги испратам во тоа место." И му донесоа на царот одговор.

  2Kings (22/25)