2Kings (21/25)  

1. Манасиј беше на дванаесет години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим педесет години; мајка му се викаше Офовија.
2. Но тој го вршеше она, што не беше угодно пред очите на Господа, подражавајки ги лошите работи на оние народи, кои Господ ги беше изгонил од пред лицето на Израилевите синови.
3. Тој одново ги подигна идолските светилишта, кои татко му Језекиј ги беше уништил, му подигна жртвеници на Ваала и направи дубрава, како што направи израилскиот цар Ахав; и се клањаше на сета небесна војска и и служеше;
4. а изгради жртвеници и во домот Господов, за кого Господ беше рекол: "Во Ерусалим ке го поставам името Свое."
5. Тој изгради и жртвеници за сета небеска војска во двата двора на домот Господов;
6. го пренесе преку оган синот свој, гаташе и врачаше; си набави извикувачи на мртви и ма есници и изврши многу неугодни работи пред очите на Господа, за да Го разгневи.
7. Направи и статуа на Астарта и ја постави во домот, за кој Господ му беше говорел на Давида и на синот негов Соломона; во овој дом и во Ерусалим, што Јас го избрав ме у синовите Израилеви племиња, го ставам името Свое за секогаш:
8. и во иднина нема да ја оставам ногата на Израилот да излезе од земјата, што сум им ја дал на татковците нивни, само ако тие се потрудат да постапуваат според се она, што сум заповедал, и според целиот закон, што им го даде Мојот слуга Мојсеј.
9. Но тие не послушаа; и Манасиј ги разврати дотаму, што тие постапуваа полошо и од оние народи, кои Господ ги беше истребил пред лицето на Израилевите синови.
10. И говореше Господ преку Своите слуги - пророците, и рече:
11. "Поради тоа што јудејскиот цар Манасиј ги изврши тие лоши дела, полоши од се она, што го вршеа Аморејците, кои беа пред него, и го наведе Јуда во грев со своите идоли,
12. затоа Господ вели вака: Еве, врз Ерусалим и врз Јуда ке испратам такво зло, што, кој ке чуе за него, ке му писнат и двете уши;
13. и ке го оптегнам над Ерусалим јажето мерник на Самарија и мерката на Ахавовиот дом, и ке го избришам Ерусалим така, како што се брише сад, - го бришат и го затвораат;
14. ке го оставам остатокот од Моето населедство и ке го предадам во рацете на непријателите нивни, и тие ке бидат разграбгени и пленети од сите свои напријатели,
15. поради тоа што го вршеа она, што беше неугодно пред очите Мои и Ме разгневуваа од оној ден, во кој татковиците нивни излегоа од Египет, дури до денес."
16. А при тоа Манасиј пролеа мошне многу невина крв, та го наполни со неа Ерусалим докрај, освен својот грев со што го вовлече Јуда во грев, да не врши угодни дела пред очите на Господа.
17. Другото за Манасија и за се што тој го извршил, и за гревовите негови, со кои згрешил, е опишано во летописите на јудејските цареви.
18. И почина Манасиј при татковиците свои, и беше погребан во градината при домот негов, во градината на Ози. А место него стана цар синот негов Амон.
19. Амон беше на дваесет и две години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим две години; мајка му се викаше Месолемет, керка Арусова, од Јетва.
20. И тој го вршеше, она што не беше угодно пред очите на Господа, така, како што го правеше тоа татко му Манасиј;
21. одеше токму по истиот пат, по кој одеше татко му; им служеше на идолите, на кои им служеше татко му, и им се клањаше.
22. Тој Го остави Господа, Бога на татковците свои, и не одеше по патот Господов.
23. Амоновите слуги се побунија против него и го убија царот во домот негов.
24. Но народот на земјата ги уби сите заговореници против царот Амона; и народот на земјата го поставаи за цар место него синот негов Јосиј.
25. Другите дела на Амона што ги извршил тој, е опишано во летописите на јудејските цареви.
26. И го погребаа во гробницата негова, во градината на Ози. А место него стана цар син му Јосиј.

  2Kings (21/25)