2Kings (19/25)  

1. Кога го чу тоа царот Језекиј, ја раскина облеката своја, се покри со врекиште и отиде во домот Господов.
2. И го испрати Елијакима, управникот на дворецот, писарот Сомнас и постарите свештеници, покриени со врекишта, при Амосовиот син, пророкот Исаија.
3. Тие му рекоа: "Вака вели Језекиј: ‘ова е ден за жалост, за казна и за срам; зашто младенчињата пристигнаа, но родилна сила нема.
4. Секако Гопспод, Бог твој, ке ги чуе сите зборови на Рапсака, кога господарот негов, асирскиот цар, го испрати да го наведува живиот Бог и да го обесчести со зборови, какви што чу Господ, Бог твој. Затоа упати и помоли се за другите, кои се се уште живи."
5. Слугите на царот Језекија отидоа при Исаија.
6. А Исаила им рече: "Вака кажете му на вашиот господар: Така вели Господ: ‘Не прали се од зборовите, што ги чу, и со кои Ме навредуваа слугите на асирскиот цар.‘
7. Ете, Јас ке испратам во него дух, и тој ке чуе известување, и ке се врати во земјата своја, и Јас ке го поразам со меч во неговата земја."
8. Се врати Рапсак и го најде асирскиот цар, како војува против Ливна, зашто беше чул, дека тој тргнал од Лахис.
9. Чу царот и за етиопскиот цар Тарак, за кого му рекоа: "Ете, тој излезе да се судри со тебе." И пак испрати пратеници при Језекија да кажат:
10. "Вака кажете му на јудејскиот цар Језекија: ‘нека не те лаже твојот Бог, на Кого се надеваш, мислејки дека Ерусалим нема да биде предаден во раката на асирскиот цар.‘
11. Зар не си чул, што направија асирските цареви со сите земји, уништувајки ги наполно, - та ти ли ке се избавиш?
12. Боговите на овие народи, што ги сотреа татковците мои, ги спасија ли? Го спасија ли Гозан, и Харан, и Фарес и синовите на Еден, кој е во Таласар?
13. Каде е царот Ематски, и царот Арфадски, и царот на градот Сепфариум, на Ана и на Ава?"
14. Тогаш Језекиј го зеде писмото од рацете на пратениците, го прочита, отиде во домот Господов, и го објави Језекија пред лицето Господово;
15. и се молеше Језекиј пред лицето Господово и велеше: "Господи, Боже Израилев, Кој седиш на херувими! Ти си еденствен Бог на сите земни царства. Ти го создаде небото и земјата.
16. Наклони го, Господи, увото Свое и чуј ме; отвори ги, Господи, очите Свои и погледни, и чуј ги зборовите на Сенахирима, кој испратил да Те навредуваат Тебе, живиот Бог!
17. Навистина, о Господи, царевите асирски ги сотреа народите и земјите нивни,
18. и ги нафрлаа боговите нивни во оган, но тоа не беа богови, туку изработки на човечки раце, - дрво и камен, затоа и ги истребија.
19. И сега, Господи Боже наш, спраси не од рацете негови, и сите земни царства ке познаат дека Ти, Господи, си единствен Бог."
20. Тогаш Исаија, синот Амосов, испрати да му кажат на Језекија: "Вака вели Господ, Бог Израилев: ‘го чув ова за кое ти Ми се молеше против асирскиот цар Сенахирим.‘
21. Еве го словото, што Господ го изрече за него: ке те презре, ке ти се потсмевне девствената Сионова керка, по тебе ке ја заниша главата керката Ерусалимска.
22. Кого Го прекоруваше и навредуваше ти? И против Кого крена глас и толку високо го крена очите? Против Светецот Израилев?
23. Преку твоите пратеници ти Го навредуваше Господа и велеше: - со многу коли се качив на горските височини, по ридовите на Ливан, ги исеков високите кедри негови и прекрасните кипариси негови и стигнав до најкрајното пристаниште негово, го гасталакот на градината негова;
24. ископав и пиев ту а вода, и ги пресушив со стапалата на нозете свои сите египетски реки.
25. Зар не си чул, дека Јас одамна сум го направил тоа, во старедревни дни сум го преднацртал, а сега го исполнив преку тоа, што ти опустошуваш урврдени градови, претворувајки ги во купишта урнатини?
26. и жителите нивни изнемоштеа, треперат и се срамуваат. Тие станаа како полска трева и кревка билка, како трева по покривите, препламната пред да узрее.
27. Кога седнуваш, кога излегуваш, или влегуваш, Јас се знам; ја знам и дрскоста твоја против Мене.
28. Твојот гнев против Мене и твојата дрскост достигна до Моите уши, па затоа ке ја ставам алката Своја во твоите ноздри и уздата Своја во твојата уста, и ке те вратам назад по истиот пат, по кои си дошол.
29. И, еве ти знак: јадете го оваа година - самоникнатото, а во третата година сејте и жнејте, садете лозја и јадете ги нивните плодови.
30. И спасението во Јудиниот дом, пак ке пушти корен одоздола и ке даде плод озгора,
31. зашто од Ерусалом ке произлезе остатокот, и спасеното - од гората Сион. Ревноста на Господа Саваот ке го направи тоа.
32. Затоа вака говори Господ за асирскиот цар: тој нема да влезе во овој град, нема да фрли во него стрела, нема да пристапи со штит кон него и нема да ископа опкоп околу него.
33. По истиот пат, по кој дошол, ке се врати, и нема да влезе во тој град, вели Господ.
34. Јас ке го пазам тој град, за да го запазам за Себеси и за Мојојт слуга Давида."
35. И се случи во таа нок: ангел Господов отиде и во асирскиот логор порази сто и осумдесет и пет иљади. Изутрината кога станаа, а тоа се мртви тела.
36. Тргна, отиде и се врати асирскиот цар Сенахирим, и живееше во Ниневија.
37. И кога се клањаше во домот на Месераха, својот бог, го убија со меч синовите негови Адрамелех и Сарсар, а самите избегаа во Араратската земја. И место него стана цар синот негов Асардан.

  2Kings (19/25)