2Kings (18/25)  

1. Во третата година на Осија, синот на Ила, цар израилски, стана цар Језекиј, син на јудејскиот цар Ахаз.
2. Тој беше на дваесет и пет годони, кога стана цар, и царуваше дваесет и девет години во Ерусалим; мајка му се викаше Авута, керка на Захарија.
3. Тој го вршеше она што беше угодно пред очите на Господа, во се онака како што правеше неговиот татко Давид;
4. тој ги урна идолските светилишта, ги исече дубравите и ја скрши бронзената змија, што Мојсеј ја беше направил; зашто дури до оние дни Израилевите синови и кадеа и ја нарекуваа Неестан.
5. На Господа Бога, Бог Израилев, тој се надеваше; и како него немаше ме у сите јудејски цареви - и по него, и пред него.
6. Тој се приврза кон Господа, не отстапувајки од Него и ги пазеше заповедите Негови, кои Господ му ги беше дал на Мојсеја.
7. И Господ беше со него: насекаде, каде и да одеше, тој постапуваше благоразумно. И се одметна тој од асирскиот цар и престана да му служи.
8. Тој ги порази Филистејците до Газа и до нејзините предели: од стражарската кула до утврдениот град.
9. Во четвртата година на царот Језекиј, односно во седмата година на Осија, синот на Ила, цар израилски, асирскиот цар Саламанасар тргна против Самарија, ја опседна.
10. и по три години ја презеде, - во шестата година на Језекија, односно во десеттата година на израилскиот цар Осија Самарија беше преземена.
11. И асирскиот цар ги пресели Израилците во Асирија, и ги насели во Алај и во Авор, при реката Гозан, и во пределите мидијски,
12. зашто тие не го послушаа гласот на Господа, својот Бог, и го прекршија заветот Негов: се, што беше заповедал Мојсеј, слугата Господов, тие ниту го слушаа, ниту го исполнуваа.
13. Во четиринаесеттата година на царот Језекиј асирскиот цар Сенахирим тргна против сите утврдени градови на Јуда и ги презеде.
14. Тогаш јудејскиот цар Језекиј испрати до асирскиот цар во Лахис да кажат: "Виновен сум; оди си од мене; се што ке ми наложиш, ке поднесам." И асирскиот цар му наложи на јудејскиот цар Језекиј триста таланти сребро и триста таланти злато.
15. И Језекиј го даде сето сребро, што се најде во домот Господов и во ризницата на царскиот дом.
16. Тогаш Језекиј го симна златото од вратата на домот Господов и од вратните столбови, кои тој, јудејскиот цар Језекиј, ги беше позлатил, и му ги даде на асирскиот цар.
17. И асирскиот цар го испрати Тартана, Рапсариса и Рапсака од Лахис при царот Језекија во Ерусалим со голема војска. И тргнаа и стигнаа до Ерусалим; тргнаа, стигнаа и запреа при водоводот на горното езеро, кое е на патот кон нивата на валавичарот.
18. И го повика царот. И излезе пред нив Халикиевиот син Елијаким, управник на дворецот, и писарот Сомнас, и Асафовиот син Јоас летописец.
19. И им рече Рапсак: "Кажете му на Језекија: вака вели големиот цар, асирскиот цар: ‘каква е тоа надеж, на која се надевате?‘
20. Ти зборуваш само празни зборови: за војна се потребни ум и сила. А сега на кого се надеваш, та се одметна од мене?
21. Ете, ти мислиш да се потпреш на Египет, на таа скршена трска, која, ако некој се потпре на неа, ке му влезе во раката и ке му ја продупчи. Таков е Фараонот, египетскиот цар, за сите, што се надеваат на него.
22. Ако, пак, ми кажете: ‘на Господа, нашиот Бог, се надеваме,‘ тогаш на оној ли, чии светилишта и жртвеници Језекиј ги урна, велејки му на Јуда и на Ерусалим: само пред тој жртвеник поклонувајте се во Ерусалим?
23. И така, склучи сојуз со мојот господар, асирскиот цар; ке ти дадам две иљади коњи; можеш ли да најдеш за нив коњаници?
24. Како ке одбиеш ти еден водач од најмалите слуги на господарот мој? А се потпираш врз Египет заради коли и коњаници?
25. Притоа, зар јас без вољата Господова сум тргнал против ова место, за да го сотрам? Господ ми рече: ‘оди против таа земја и сотри ја.‘"
26. Тогаш му рече Хеликиевиот син Еликијам, и Сомнас, и Јоас на Рапсака: "Говори им на слугите свои по арамејски, зашто разбираме, а немој да ни говориш по јудејски да слуша народот, што е на sидот."
27. А Рапсак им рече: "Зар само до твојот господар и до тебе ме испрати господарот мој да ги кажам тие зборови? Не, а и на лу ето што седат на sидот, за да го јадат изметот свој и да ја пијат мочта своја заедно со вас."
28. И стана Рапсак, извика со силен глас по јудејски и зборуваше, велејки: "Чујте ги зборовите на големиот цар, на асирскиот цар!
29. Вака вели царот: ‘нека не ве мами Језекиј, зашто тој не може да ве спаси од мојата рака;
30. и нека не ве обнадежува Језекиј со Господа, велејки: ‘Господ ке не спаси, и нема да биде предаден овој гред во раката на асирскиот цар!‘
31. Не го слушајте Језекија, зашто вака вели асирскиот цар: ‘Примирете се со мене и дојдете при мене, и секој нека ги јаде плодовите на лозјето свое и на смоквата своја, и секој нека пие вода од својот кладенец,
32. додека да дојдам и да ве одведам во исто таква земја, како вашата земја, во земја со леб и вино, во земја со плодови и лозја, во земја со маслинови дрвја и мед, и ке живеете, и нема да умрете. Затоа не слушајте го Језејика, кој ве мами и вели: - ‘Господ ке не спаси.‘
33. Ги спасија ли боговите народите, секој земјата своја, од раката на асирскиот цар?
34. Каде се боговите на Емат и Арфад? Каде се боговите на Сепфаруим, Ана и Ава? Ја спасија ли тие Самарија од раката моја?
35. Кој од сите богови на тие земји ја избави земјата своја од мојата рака? Та зар Господ ке го спаси Ерусалим од раката моја?"
36. Народот молчеше и не му одговараше ни збор, зашто царот беше заповедал: "Не му одговарајте!"
37. И дојде Хеликиевиот син Елијаким, управник на дворецот, и Сомнас, писарот, и Асафовиот син Јоас, летописецот при Језекија со раскината облека и му ги пренесоа Рапсаковите зборови.

  2Kings (18/25)