2Kings (17/25)  

1. Осиј, синот на Ила, стана цар во Самарија над Израилот во дванаесеттата година на јудејскиот цар Ахаз царуваше девет години,
2. а го вршеше она што не беше угодно пред очите на Господа, но не така, како израилските цареви, што беа пред него.
3. Притив него се крена асирскиот цар Саламанасар, и Осиј му стана потчинет, та му даваше данок.
4. Асирскиот цар забележа кај Осија измена, зашто тој беше испракал пратеници при египетскиот цар Сигор и не му даваше данок на асирскиот цар секоја година; тогаш асирскиот цар го зеде под стража и го затвори во темница.
5. И се крена асирскиот цар против целата земја, се приближи до Самарија и ја држеше во опсада три години.
6. Во деветтата година на Осија, асирскиот цар ја презеде Самарија, ги пресели Израилците во Асирија и ги насели во Алај и во Авор, при реката Гозан, и во пределеите мидијски.
7. А тоа стана, затоа што Израилевите синови почнаа да грешат пред Господа, својот Бог, Ког ги изведе од Египетската земја, од раката на египетскиот цар - Фараона, и почнаа да почитуваат други богови,
8. а да постапуваат според обичаите на народите, кои Господ ги беше прогнал пред лицето на Израилевите синови, и според обичаите на израилските цареви, како што тие постапуваа.
9. А почнаа Израилевите синот да вршат работи неугодни пред Господа, својот Бог, си подигнаа идолски светилишта по сите свои градови, и тоа, почнувајки од стражарската кула, па се до утврден град.
10. и си поставија идоли и светилишта на секој повисок рид и под секое зелено дрво,
11. и кадеа таму по сите идолски светилишта, како народите, што ги беше прогнал од нив Господ, и правеа лоши работи, што го разгневуваа Господа,
12. и им служеа на идолите, за кои им беше говорел Господ: "Не го правете тоа!"
13. Тогаш Господ преку сите Свои пророци, преку секој гледач го опоменуваше Израилот и Јуда, велејки: "Вратете се од лошите патишта и пазете ги заповедите Мои, наредбите Мои, целиот закон, што сум го запведал на татковиците ваши, и што сум ви го предал преку слугите Мои, пророците."
14. Но тие не послушаа и останаа тврдоглави, какви што беа и татковците нивни, кои не веруваа во Господа, својот Бог;
15. тие ги презера наредбите Негови и заветот Негов, што Он го беше склучил со татковците нивни, и откровенијата Негови, со кои им беше посведочил, па тргнаа по суетата - и - како што и околните народи, за кои Господ им беше заповедал да не постапуваат како нив.
16. Тие ги оставија сите заповеди на Господа, својот Бог, си направија излеани идоли на две телиња, си направија и дубрава, и се поклонуваа на сета небесна војска, му служеа и на Ваала,
17. ги пренесуваа преку оган синовите свои и керките свои, гатаа и правеа магии, и се оддадоа да вршат зло пред очите на Господа, и да Го разгневуваат.
18. Затоа Господ силно се разгневи на Израилците и ги отфрли од лицето Свое, така што остана само едно Јудино племе.
19. Но и Јуда не ги пазеше заповедите на Господа, својот Бог, и постапуваше според обичаите на Израилците, како што постапуваа тие.
20. И Господ се одврати од сите потомци на Израилот, ги понизи и ги предаваше во рацете на грабителите и, најпосле, ги отфрли од лицето Свое.
21. Израилците се беа отцепиле од Давидовиот дом и го беа зацариле Наватовиот син Јеровоама. Јеровоам ги отстрани од Господа и ги наведе на голем грев.
22. И синовите Израилеви одеа во сите гревови на Јеровоама, какви што тој ги правеше, и не отстапуваа од нив,
23. Додека Господ не го отфрли Израилот од лицето Свое, како што беше говорел преку сите слуги Свои, пророците. И Израилот беше преселен од земјата своја во Асирија, каде што е и до денес.
24. Асирскиот цар преведе лу е од Вавилон, и од Хура, и од Ава, и од Емат Сепфаруим и ги насели во самариските градови, место израилевите синови. И тие владееја во Самарија и почнаа да живеат во градовите нејзини.
25. И бидејки во почетокот на своето живеење тие таму не Го почитуваа Господа, тогаш Господ им испракаше лавови, што ги давеа.
26. Му јавија на асирскиот цар и рекоа: "Народите, што си ги преселил и населил во самариските градови, не го знаат законот на Бога од таа земја, и затоа Он им испрака лавови, и ете, тие ги дават, зашто не го знаат законот на Бога од онаа земја."
27. И асирскиот цар заповеда и рече: "Испратете таму еден од свештениците, што ги иселивте оттаму; нека оди и нека живее таму, и тој ке ги просвети во законот на Бога на онаа земја."
28. И дојде еден од свештениците, што беа населени од Самарија, и живееше во Ветил, и ги учеше, како да Го почитуваат Господа.
29. Но секој народ си направи и свои богови и ги постави во идолските светилишта по ридовите, какви што си беа направиле, - секој народ во градовите свои, каде што живееше.
30. Ваилонците го направија Сокхот - Венит, Хутците го направија Гигел, Ематците го направија Асмат,
31. Евејците го направија Авалазер и Тартак, а Сепфаруимците ги изгорија во оган синовите свои во чест на Андрамелеха и Анамелеха, богови сепфаруимски.
32. Ме утоа, го почитуваа и Господа и поставија од средината своја свештеници по дубравите, и тие им служеа на идолските светилишта.
33. Ти Го почитуваа Господа и на боговите свои им служеа според обичајот на народите, од кои ги преселија.
34. Тие постапуваат и до денес според обичаите свои: не се плашат од Господа и не постапуваат по наредбите, ни по обичаите, ни по законот и ни по заповедите, што Господ им ги даде на синовите на Јакова, на кого му го даде името Израил.
35. Господ склучи со нив завет и им заповеда, велејки: "Не почитувајте други богови и не им се поклонувајте, немојте да им служите и не принесувајте им жртви,
36. а Господ, Кој ве изведе од Египетската земја со голема сила и цврста мишка, Него почитувајте Го, Нему поклонувајте Му се и Нему принесувајте Му жртви;
37. уредбите и наредбите, законот и заповедите, што Он ви ги напиша, трудете се да ги исполнувате преку сите дни, и не почитувајте други богови;
38. не го заборавајте заветот, што го склучив со вас, и не плашете се од други богови;
39. почитувајте Го само Господа, вашиот Бог, и Он ке ве спаси од рацете на сите ваши непријатели."
40. Но тие не послушаа, туку постапуваа според поранешните свои обичаи.
41. А имаше народи, што Го почитуваа Господа, но и на своите идоли им служеа. Па и децата нивни и внуците нивни до денес постапуваат така, како што постапуваа татковците нивни.

  2Kings (17/25)