2Kings (15/25)  

1. Јудејскиот цар Азариј, син Амасиев, стана цар во дваесет и седмата година на израилскиот цар Јеровоама.
2. Тој беше на шеснаесет години кога стана цар, и педесет и две години царуваше во Ерусалим. Мајка му се викаше Јехолија, од Ерусалим.
3. Тој го вршеше она, што беше угодно во очите на Господа, токму како што постапуваше татко му Амасиј.
4. Само идолските светилишта не беа урнати: народот се уште принесуваше жртви и кадеше по тие светилишта.
5. Господ го порази царот, и тој беше болен од лепра до денот на смртта своја и живееше во посебен дом. А царевиот син Јотам беше управник над дворот и му судеше на народот во земјата.
6. Другите дела на Азарија и се што тој извршил, е опишано во летописите на јудејските цареви.
7. И почина Азариј при татковицте свои, и го погребаа при татковците негови во Давидовиот град. А место него стана цар синот негов Јотам.
8. Захариј, синот на Јеровоама, стана цар над Израилот во Самарија во триесет и осмата година на јудескиот цар Азарија и царуваше шест месеци.
9. Тој го вршеше она, што не беше угодно пред очите на Господа, како што правеа татковците негови: не отстапуваше од гревовите на Наватовиот син Јеровоама, кој го беше навел во грев Израилот.
10. Селум, синот Јависов, се побуни против него, го удри пред народот и ги уби, па стана цар место него.
11. Другото за Захарија е опишано во летописите на израилските цареви.
12. Такво беше словото на Господа, што Он му го беше кажал на Јуја, велејки: "Синовите твои ке седат на Израилскиот престол до четвртиот род." Така и стана.
13. Јависовиот син Селум стана цар во триесет и деветтата година на јудејскиот цар Азарија и царуваше во Самарија еден месец.
14. Тогаш Менаим, синот на Гадија од Терса, тргна и дојде во Самарија, го уби Јависовиот син Селум во Самарија, го усмрти и стана цар место него.
15. Другите работи на Селума и побуната негова, што тој ја изведе, опишани се во летописите на израилските цареви.
16. Менаим го порази Терса и сите, што беа во него и во пределите негови, почнувајки од Терса, поради тоа што градот не ги отвори портите, го разби, и сите напразни жени во него ги распори.
17. Менаим, синот Гадиев, стана цар над Израилот во триесет и деветтата година на јудејскиот цар Азарија и царуваше десет години во Самарија;
18. тој го вршеше она, што не беше угодно пред очите на Господа; не отстапуваше од гревовите на Наватовиот син Јеровоама, кој го беше навел во грев Израилот, во текот на сите негови денови.
19. Тогаш асирскиот цар Фул ја нападна замјата Израилева. И Менаим му даде на Фула иљада таланти сребро, за да му помогне да го зацврсти царството во своја рака.
20. Менаим го зеде тоа сребро од Израилците, од сите богати лу е, по педесет сикли сребро од секој човек, за да ги даде на асирскиот цар. И се врати назад асирскиот цар, и не остана таму во земјата.
21. Другите дела на Менаима и се што тој беше извршил, опишани се во летописите на израилските цареви.
22. И почина Менаим при татковците свои. А место него стана цар синот негов Факиј.
23. Менаимовиот син Факиј стана цар над Израилот во Самарија во педесеттата година на јудејскиот цар Азарија и царуваше две години.
24. И тој го вршеше, она што не беше угодно пред очите на Господа; не отстапуваше од гревовите на Наватовиот син Јеровоама, што го беше навел Израилот во грев.
25. Против него се побуни Факиј, синот на Ремалија, негов војвода, го нападна во Самарија, близу царскиот дом, со Аргов и Ариј, имајки со себеси и педесет души галадци, го уби и стана цар место него.
26. Другите работи на Факија и се што беше извршил, опишани се во летописите на израилските цареви.
27. Ремалиевиот син Факиј стана цар над Израилот во Самарија во педесет и втората година на јудејскиот цар Азарија и царуваше дваесет години;
28. Тој го вршеше она, што не беше угодно пред очите на Господа: не отстапуваше од гревовите на Наватовиот син Јеровоама, што го беше навел во грев Израилот.
29. Во дните на израилскиот цар Факија дојде асирскиот цар Теглатфеласар, го презеде Јон, Аваел-Вет-Маха, Јанох, Кедес, Асор, Галад, Галилеја и целата Нафталимова земја, и ги пресели жителите нивни во Асирија.
30. Осиј, синот Илин, се побуни против Ремалиевиот син Факија, го удри и го уби, па стана цар место него во давесеттата година на Озиевиот син Јоатам.
31. Другите дела на Факија и се што тој беше извршил, опишани се во летописите на израилските цареви.
32. Јоатам, синот на јудејскиот цар Озија, стана цар во втората година на Рамаилевиот син Факија, цар израилски;
33. тој беше на дваесет и пет години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим шеснаесет години. Мајка му се викаше Јеруса, Садокова керка.
34. Само тој го вршеше она, што беше угодно пред очите на Господа: во се постапуваше така, како што постапуваше таткото негов Озиј.
35. Но идолските светилишта не беа срушени: народот се уште принесуваше жртви и кадеше по тие светилишта. Тој ги изгради горните порти при домот Господов.
36. Другите дела на Јоатама и се, што тој беше извршувал, опишани се во летописите на јудејските цареви.
37. Во тие денови Господ почна да го испрака во Јудеја сирискиот цар Расоне и Рамалиевиот син Факија.
38. И почина Јоатам при татковците свои, и би погребан при татковците свои во градот на таткото свој Давида. А место него стана цар синот негов Ахаз.

  2Kings (15/25)