2Kings (14/25)  

1. Во втората година на Јоаса, синот на израилскиот цар Јоахаз, стана цар Амасиј, син на јудејскиот цар Јоас:
2. тој беше на дваесет и пет години, кога стана цар, и царуваше дваесет и девет години во Ерусалим. Мајка му се викаше Јоадина, од Ерусалим.
3. И го вршеше тој она, што беше угодно пред очите на Господа, но не така, како неговиот татко Давид; тој во се постапуваше како татка си Јоаса.
4. Само идолските светилишта не беа урнати: народот уште принесуваше жртви и кадеше по тие светилишта.
5. Кога се зацврсти царството во рацете негови, тој ги уби слугите свои, што беа го убиле царот, татко му негов.
6. Но децата на убијците не ги уби, зашто е напишано во книгана на Мојсеевиот закон, во која Господ заповеда, велејки: "Татковците да не бидат казнувани со смрт поради децата, и децата не треба да бидат казнувани со смрт заради татковците, туку секој треба да се казнува со смрт за својот престап."
7. Тој порази десет иљади Идумејци во Солениот Дол, и го зеде градот Села со војна, и му даде име Јоктеил, кое си остана и до денес.
8. Тогаш Амасиј испрати пратеници до Јоаса, израилскиот цар, син на Јоахаза, Јујев син, да кажат: "Излези да се видиме лице в лице!"
9. Тогаш израилскиот цар Јоас испрати до Амасија, јудејскиот цар, да кажат: "Трнот ливански испратил при кедарот ливански да каже: ‘дај ја керката своја за жена на синот мој. Но минале диви sверови ливански и го изгазиле тој трн.‘
10. Ти ги порази Идумејците, и срцето твое се возгордеа. Превознесувај се и остани во домот свој. Што ти треба да предизвикуваш расправија за зло? Kе паднеш ти и Јуда со тебе."
11. Но Амасиј не послуша. Тогаш Јоас, царот израилски, излезе, и се видоа лице в лице, тој и Амасиј, царот јудејски, во Ветсамис, што е во Јудеја.
12. Јудејците беа разбиени од Израилците, и се разбегаа по шаторите свои.
13. Израилскиот цар Јоас го фати во Ветсамис јудејскиот цар Амасија, синот на Јоаса, Охозиев син, дојде во Ерусалим и урна четиристотини лакти од ерусалимскиот sид - од Ефремовите порти до Агловите порти.
14. И го зеде сето злато и сребро и сите садови, какви што се најдоа во домот Господов и во сокровиштата на царскиот дом, и заложниците, и се врати во Самарија.
15. Другите дела на Јоаса, што тој ги изврши, и за неговите јуначки подвизи, и како тој војуваше против јудејскиот цар Амасија, се опишани во летописите на израилските цареви.
16. И почина Јоас при татковците свои, и беше погребан во Самарија, при израилските цареви. Место него стана цар синот негов Јеровоам.
17. Амасиј, синот Јоасов, цар јудејски, по смртта на Јоахазовиот син Јоас, цар израилски, живееше петнаесет години.
18. Другите дела на Амасија се запишани во летописите на јудејските цареви.
19. И направија заговор против него во Ерусалим, и тој избега во Лахис. Испратија по него во Лахис, и таму го убија.
20. Го донесоа на коњи, и го погребаа во Ерусалим при татковците свои, во Давидовиот град.
21. Сиот народ јудејски го зеде Азарија, кој беше на шеснаесет години, и го поставија за цар место неговиот татко Амасиј.
22. Тој го изгради Елат и му го врати на Јуда, откако царот, татко му, почина при татковците свои.
23. Израилскиот цар Јеровоам, син Јоасов, стана цар во Самарија во петнаесеттата година на јудејскиот цар Амасиј, Јоасов син, и царуваше четириесет и една година.
24. И го правеше она, што не беше угодно пред очите на Господа: не отстапуваше од ниеден грев на Наватовиот син Јеровоама, кој го беше навел во грев Израилот.
25. Тој ги установи границите на Израилот од влезот во Емат до пустињското море, според словото на Господа, Бог Израилев, што Он го беше изрекол преку слугата Свој Аматиевиот син Јона, пророк од Гетаховер,
26. зашто Господ ја виде невољата на Израилот, толку горчлива, што немаше ни затворен, ни слободен, што би му бил помошник на Израилот.
27. И не сакаше Господ да го искорени името на Израилците под небото, па ги спаси преку раката на Јоасовиот син Јеровоама.
28. Другото за Јеровоама и за се, што извршил, и за неговите јуначки подвизи, како војувал и како му го вратил на Израилот Дамаск и Емат, кои беа на Јуда, е опишано во летописите на израилските цареви.
29. И почина Јеровоам, при татковците свои, при израилските цареви. А место него стана цар синот негов Захариј.

  2Kings (14/25)