2Kings (13/25)  

1. Во дваесет и третата година на Јоаса, синот на јудејскиот цар Охозија, стана цар над Израилот во Самарија, Јујевиот син Јоахаз, и царуваше седумнаесет години.
2. тој го вршеше, она што не беше угодно пред очите на Господа, и одеше во гревовите на Наватовиот син Јеровоама, кој го беше навел во грев Израилот, и не отстапуваше од нив.
3. И се разгори гневот на Господа против Израилот, и Он го предаде во раката на сирискиот цар Азаил и во раката на Азаиловиот син Адад, за сето она време.
4. Јоахаз се помоли пред лицето на Господа, и Господ го чу, зашто ја виде невољата на Израилците, како ги притеснуваше сирискиот цар.
5. И Господ им даде на Израилците спасител, и тие се оттргнаа од раката на Сиријците, и живееја синовите Израилеви во шаторите свои, како вчера и завчера.
6. Ме утоа не отстапуваа од гревовите на домот на Јеровоама, кој го беше навел во грев Израилот; одеа по нив, а дубравата се ушта стоеше во Самарија.
7. На Јоахаза му остана војска само педесет коњаници, десет коли и десет иљади пешаци, зашто сирискиот цар ги беше истребил и претворил во прав, што се тапка.
8. Другото за Јоахаза и за се, што тој го извршил, и за неговите јуначки подвизи, е опишано во летописите на израилските цареви.
9. И почина Јоахаз при татковците свои, и го погребаа во Самарија. А место него стана цар синот негов Јоас.
10. Јоахазовиот син Јоас стана цар над Израилот во Самарија во триесет и седмата година на јудејскиот цар Јоас; царуваше шеснаесет години.
11. И тој го вршеше она што не беше угодно пред очите на Господа; не отстапуваше во ниеден од гревовите на Наватовиот син Јеровоама, кој го беше навел на грев Израилот, туку одеше по нив.
12. Другото за Јоаса и за се она, што тој го изврши, и за неговите јуначки подвизи, како војувал против јудејскиот цар Амасија, е опишано во летописите на израилските цареви.
13. И почина Јоас при татаковците свои, а на престолот негов седна Јеровоам. Јоас беше погребан во Самарија, при израилските цареви.
14. Јелисеј се разболе од болест, од која подоцна умре. Дојде при него израилскиот цар Јоас, плачеше над него, велејки: "Оче мој, оче мој, колата на Израилот и неговата коњица!"
15. И му рече Јелисеј: "Земи лак и стрели." И тој зеде лак и стрели.
16. Тогаш му рече: "Стави ја раката на лакот." И тој ја стави раката. Тогаш Јелисеј ги стави рацете свои врз рацете на царот
17. и рече: "Отвори го прозорецот кон исток." И тој го отвори. А Јелисеј рече: "Стрелај!" И тој стрелаше. Потоа Јелисеј рече: "Таа стрела за спасение е од Господа, таа е спасителната срела против Сирија, и ти ке ги поразиш до нозе Сиријците во Афек."
18. И продолжи Јелисеј и рече: "Земи стрели!" И тој зеде. Пак му рече на израилскиот цар: "Удри во земјата!" И тој удри трипати и запре.
19. И му се разгневи Божјиот човек и рече: "Требаше да удриш петпати или шестпати, тогаш ке ги разбиеш докрај Сиријците, а сега ке ги поразиш Сиријците само трипати."
20. Умре Јелисеј и го погребаа. А на другата година моавските лу е навлегоа во земјата.
21. И ете, кога погребуваа еден човек, оние што го погребуваа, таму ги видоа тие лу е, го фрлија тој човек во Јелисеевиот гроб, и тој, падна, се допре до Јелисеевите коски, оживе и се исправи на нозете свои.
22. Сирискиот цар Азаил ги мачеше Израилците во сите денови на Јоахаза.
23. Но Господ се смили над нив и ги помилува; се сврти кон нив поради заветот Свој со Авраама, Исака и Јакова и не сакаше да ги истреби, и не ги отфрли од лицето Свое до денес.
24. Сирискиот цар Азаил умре, и место него стана цар синот негов Адад.
25. Јоахазовиот син Јоас го поврати од рацете на Азаиловиот син Адад градовите, што тој ги беше презел со војна од рацете на татка му Јоахаза. Трипати го разби Јоас, и ги врати Израилевите градови.

  2Kings (13/25)