2Kings (12/25)  

1. Во седмата година на Јуја стана цар Јоас и царуваше во Ерусалим четириесет години. Мајка му се викаше Савија, од Вирсавија.
2. А Јоас го вршеше она што беше угодно пред очите на Господа во сите денови додека го поучуваше свештеникот Јодај;
3. само идолските светилишта не беа урнати; народот уште принесуваше жртви и кадеше по тие светилишта.
4. Јоас им кажа на свештениците: "Сето посветувано сребро, што го принесуваат во домот Господов, среброто од оние што се бројат, среброто што се внесува за секоја душа според оценката, - сето сребро, колку што секому срцето му дава, да се донесе во домот Господов;
5. свештениците нека го приберат, секој од својот познат, и нека го поправат расипаното во храмот, насекаде, каде што ке се најде оштетено.
6. Но бидејки до дваесет и третата година на царот Јоас свештениците не ги поправаа расипаните работи во храмот,
7. царот Јоас го повика тогаш свештеникот Јодаја и свештениците и им рече: "Зошто не ги поправате расипаните работи во храмот? Отсега нема веке да прибирате сребро од своите познати, туку ке го оставате за поправка на храмот."
8. И свештениците се согласија да не прибираат веке при себе сребро од народот за поправки во храмот.
9. Тогаш свештеникот Јодај зеде едно ковчеже, му направи одозгора отвор и го стави до жртвеникот десно, каде што влегуваа во домот Господов. И свештениците, што стоеја на стража при вратата, го пуштаа таму сето сребро, што се внесуваше во домот Господов.
10. И кога видоа, дека има многу сребро во ковчежето, доа аше царскиот писар и првосвештеникот и го врзуваа во торби и го пребројуваа среброто, што се нао аше во домот Господов,
11. а преброеното сребро го предаваа во рацете на одредените при домот Господов распоредници, и тие им плакаа на дрводелците, што работеа во домот Господов,
12. и на sидарите, и на каменоделците, и за купување дрва и делкани камења, за поправки во домот Господов, и за се, што се трошеше за одржување на храмот.
13. Но за домот Господов не беа направени ни сребрени чинии, ни штипки, ни котлиња за росење, ни труби - никакви златни садови, и сребрени садови не беа направени од сребро, што се внесуваше во домот Господов,
14. туку го предаваа на распоредниците и тие го поправаа со него домот Господов.
15. И не бараа сметка од оние, на кои им го доверуваа среброто за раздавање на распоредниците, зашто тие постапуваа чесно.
16. Среброто од жртвите за вина и сребро од жртвата за грев не се внесуваше во домот Господов: тоа беше за свештениците.
17. Тогаш сирискиот цар Азаил тргна во поход, отиде да војува против Гет, и го презеде; а потоа Азаил намисли да оди против Ерусалим.
18. Но јудејскиот цар Јоас го зеде сето жртвувано, што го беа жртвувале на храмот неговите татковци, јудејските цареви - Јосафат, Јорам и Охозиј, и што самиот го беше жртвувал, и сето злато, најдено во ризниците на домот Господов и на царскиот дом, и му го испрати на сирискиот цар Азаил; тој тогаш го напушти Ерусалим.
19. Другото за Јоаса и за се, што тој извршил, е опишано во летописите на јудејските цареви.
20. И се побунија слугите негови, направија заговора и го убија Јоаса во домот Мило, на патот за Сила.
21. Го убија слугите негови: Језехар, син Јемуагов, и Језевуд, син Самиров, и тој умре, и го погребаа при татковците негови во Давидовиот град. А место него стана цар синот негов Амасиј.

  2Kings (12/25)