2Kings (10/25)  

1. Ахав имаше седумдесет синови во Самарија. Јуј напиша и испрати во Самарија до израилските војводи, старешини и воспитувачи на Ахавовите деца писма со ваква содржина:
2. "Кога ке стигне до вас ова писмо, бидејки се при вас синовите на господарот ваш, а исто така кај вас се и колите и коњите, и утврдениот град и оружјето, -
3. изберете го најдобриот и надостојниот од синовите на господарот свој, поставете го на татковиот му престол и војувајте за домот на господарот свој."
4. Тие се уплашија многу и рекоа: "Ете, двајца цареви не устоија пред него, а како ке устоиме ние?"
5. Тогаш војводата на царскиот дом и градоначалникот, и старешините, и воспитувачите испратија да му кажат на Јуја: "Ние сме твои слуги и, што ке ни кажеш, ке направиме; никого нема да поставиме за цар; прави што ти е воља."
6. Тој повторно им напишта вакво писмо: "Ако сте мои и ако се покорувате на зборот мој, земете ги главите на синовите на вашиот господар и дојдете утре во ова време при мене во Језраел." И царските синови беа седумдесет души; ги воспитуваа највидните во градот.
7. Кога стигна до нив писмото, тие ги зедоа царските синови и ги заклаа - седумдесет души, ги ставија главите нивни во кошница и му ги испратија во Језраел.
8. Дојде пратеникот, го извести и рече: "Ги донесовме главите на царските синови." И тој рече: "Поставете ги во два купа при влезот на портите до утре."
9. Изутрината тој излезе, застана и му рече на сиот народ: "Вие не сте виновни. Еве, јас востанав против господарот свој и го убив, но сите овие кој ги уби?
10. А сега знајте, дека нема да изостане на земјата ниедно слово Господово, што Он го изрекол за Ахавовиот дом; Господ го направи тоа, што го изрече преку Својот слуга Илија."
11. И Јуј ги уби сите други од домот на Ахава во Језраел, и сите големци негови, и блиски негови, и свештениците негови, така што од него не остана ниту еден.
12. Потоа стана, тргна и дојде во Самарија. По патот, кога се нао аше близу до овчарскиот Ветакад,
13. Јуј ги сретна браката на јудејскиот цар Охозија и ги праша: "Кои сте вие?" Тие одговорија: "Ние сме браката на Охозија, одиме да видиме, здрави ли се синовите на царот и синовите на царицата."
14. То тој рече: "Фатете ги живи." Ги фатија живи и ги заклаа четириесет и две души, при кладенецот на Ветакад, и од нив не остана ниту еден.
15. Оттаму тргна и се сретна со Рихавовиот син Јонадав, кој му доа аше во пресрет; го поздрави и му рече: "Расположено ли е срцето твое така, како моето срце кон твоето?" Јонадав одговори: "Да." Тогаш му рече: "Ако е така, дај ја раката своја." И тој ја подаде раката, и тој го качи на колата при себе."
16. И рече: "Тргнувај со мене и гледај ја мојата ревност кон Господа." И го наместија во колата.
17. Кога дојде во Самарија, тој ги уби сите, што останаа од Ахава во Самарија, така што сосема го истреби, според словото на Господа, што му го беше кажал на Илија.
18. Тогаш Јуј го собра сиот народ и рече: "Ахав малку му служеше на Ваала; Јуј ке му служи повеке.
19. Затоа, свикајте ги при мене сите пророци на Ваала, сите негови служители и сите негови свештеници, - никој да не отсуствува, зашто ке му принесам голема жртва на Ваала. А секој, што нема да дојде, нема да остана жив." Јуј го правеше тоа со лукавство, за да ги истреби Вааловите служители.
20. Тогаш рече Јуј: "Свикајте празничен собор за Ваала." И прогласија собор.
21. Тогаш Јуј испрати по сиот Израил, и дојдоа сите Ваалови служители; не остана ниеден да не дојде; и влегоа во домот на Ваала, и Вааловиот дом се исполни открај докрај.
22. И му кажа на чуварот на одеждите: "Донеси одежди за сите Ваалови служители!" И тој им донесе одежди.
23. Јуј влезе со Рихавовиот син Јонадав во домот Ваалов и им кажа на Вааловите служители: "Испитајте и разгледајте, дали се нао а некој од служителите на Господа, зашто тука треба да бидат само Вааловите служители."
24. И тие пристапија да принесуваат жртви сепаленици и приноси. А Јуј постави надвор од домот осумдесет души и рече: "Душата на оној, од кого што ке се спаси некој од лу ето, што ви ги прадавам во рацете, ке биде наместо душата на оној што се спасил."
25. Кога жртвите сепаленици беа принесени, Јуј им рече на брзоодците и на војводите: "Одете, убијте ги, та ниеден да не излезе." Ги убија со сечилото на мечот и ги исфрлија брзоодците и војводите, и отидоа во градот, каде што беше Вааловото светилиште,
26. ги изнесоа идолите од Вааловото светилиште и ги изгореа;
27. потоа го разбија Вааловиот идол, го разрушија Вааловото светилиште и го претворија во место на нечистотии, дури до денес.
28. Така го истреби Јуј Ваала од Израилската земја.
29. Но од гревовите на Наватовиот син Јеровоама, што го беше навел во грев Израилот, од нив Јуј не отстапи, од златните телиња, што беа во Ветил и во Дан.
30. Тогаш Господ му рече на Јуја: "Поради тоа што доброволно го изврши она што беше праведно пред очите Мои - го исполни над Ахавовиот дом се она, што Ми беше на срце, твоите синови ке седат до четвртиот род на Израилевиот престол."
31. Но Јуј не сакаше да оди според законот на Господа, Бога Израилев, од се срце. Тој не отстапуваше од гревовите на Јеровоама, што го беше навел во грев Израилот.
32. Во тие денови Господ почна да откинува делови од Израилците и Азаил ги биеше по сите израилски предели:
33. на исток од Јордан, целата земја Галад, племето Гадово, Рувимово, Манасиево, кога ке зафатиш од Ароир, при потокот Арнон, и Галад и Васан.
34. Другото за Јуја и за се што тој го изврши, и за јуначките подвизи негови, е опишано во летописите на израилските цареви.
35. И почина Јуј при татковците свои, и го погребаа во Самарија. А место него стана цар синот негов Јоахаз.
36. Јуј царуваше над Израилот во Самарија дваесет и осум години.

  2Kings (10/25)