2Corinthians (6/13)  

1. А како Негови соработници ние ве молиме да не ја примате залудно Божјата благодат,
2. зашто Тој вели: "Bо погодно време те послушав и во денот на спасението ти помогнав." Еве, сега е "погодното време", еве, сега е "денот на спасението"!
3. Bо ништо не даваме никакви поводи за соблазна, за да не и се приговори на нашата служба;
4. туку во сè се покажуваме како Божји служители: во големо трпение, во неволи, во тешкотии, во маки,
5. при тепања, во зандани, во немири, во напори, во бдеења, во пости;
6. во чистота, во знаење, во трпеливост, во љубезност, во Светиот Дух, во вистинска љубов;
7. во словото на вистината, во Божјата сила, со оружје на праведноста во десната и во левата рака,
8. во слава и во срам, при лош глас и при добар глас, сметани за измамници, а сепак чесни,
9. како непознати, а сепак добро познати, како на умирачка - а ете, живееме; како казнувани, но не убивани,
10. како тажни, но сепак секогаш радосни; како сиромашни, а збогатуваме други, како да немаме ништо, а имаме сè.
11. Коринќани, нашата уста ви зборува јавно, нашето срце е широко отворено.
12. Bам не ви е тесно заради нас, туку заради вашите срца;
13. ви зборувам како на деца, бидете широки и вие, за да ни возвратите на ист начин.
14. Не впрегнувајте се во нееднаков јарем со неверниците! Bпрочем, што има заедничко праведноста со беззаконието? Или какво заедништво има светлината со темнината?
15. Bо што се сложува Христос со Белијар, или што има заедничко верник со неверник?
16. Или какво единство има Божјиот храм со идолите? Зашто, ние сме храмот на живиот Бог, токму како што рекол Бог: "Ќе живеам во нив и ќе одам сред нив, и ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат Мој народ."
17. "Затоа, излезете од сред нив и одвојте се" - вели Господ, "не допирајте се до нечисто", и "Јас ќе ве примам.
18. Ќе ви бидам Татко, а вие ќе бидете Мои синови и ќерки", вели Господ Семоќниот.

  2Corinthians (6/13)