2Chronicles (9/36)  

1. Савската царица, кога чу за славата Соломонова, дојде во Ерусалим да го искушува Соломона со гатанки; дојде со многу големо богатство и камили, натоварени со благопријатни мириси, многу злато и скапоцени камења. Дојде при Соломона и говореше со него се, што и беше на срце.
2. Соломон и ги објасни сите нејзини зборови, и не се најде ништо непознато за Соломона, кое да не и го објасни.
3. Савската царица, откако ја виде мудроста на Соломона и домот, што тој го беше изградил,
4. и јадењата на трпезата негова, и живелиштата на слугите негови, состојбата на прислужниците негови и облеката нивна, пехарниците и облеката нивна, и одот, со кој тој влегуваше во домот Господов, - беше надвор од себе.
5. Тогаш таа му рече на царот: "Вистина е она што го бев слушала за твоите дела и за твојата мудрост;
6. но јас не верував на нивните зборови се, додека не дојдов и не видов со очите свои. И еве, ни половината не ми е кажано за твојата голема мудрост: ти ја надминуваш приказната, што сум ја чула.
7. Блажени се твоите лу е, блажени се тие твои слуги, кои секогаш стојат пред тебе и ја слушаат мудроста твоја!
8. Нека е благословен Господ, твојот Бог, Кој благоволи да те постави на Својот престол за цар пред Господа, твојот Бог. Поради љубовта на твојот Бог кон Израилот, за да го зацврсти засекогаш, Он те постави за цар над него, - да делиш суд и правда."
9. Потоа таа му подари на царот сто и дваесет таланти злато и големо множество благопријатни мириси и скапоцени камења: немаше нигде такви мириси, какви што Савската царица му подари на Соломона.
10. Но и слугите Хирамови и слугите Соломонови, кои го донесоа златото од Офир, донесоа и црвено дрво и скапоцени камења.
11. Царот од тоа црвено дрво направи скали за домот Господов и за царскиот дом, и гусли и псалтири за певците. Такво нешто не беше видено пред тоа во земјата Јудејска.
12. А царот Соломон и даде на Савската царица, се што посака и пожела, освен такви работи, какви што таа му беше донела. Пота таа се врати во својата земја со слугите свои.
13. Мерката на златото, што му доа аше на Соломона во текот на една година, беше шестотини и шеесет таланти.
14. Освен тоа, донесуваа уште и поданици и трговци, и сите цареви арапски и обласни началници му донесуваа злато и сребро на Соломона.
15. И направи царот Соломон двесте големи штита од ковано злато - по шестотини сикли злато за секој штит, -
16. и триста помали штита од ковано злато - по триста сикли злато за секој штит; и царот ги постави во домот од ливанско дрво.
17. Царот направи и голем престол од слонова коска, и го обложи со чисто злато,
18. и шест степеника до престолот и златно подножје, изградено заедно со престолот, и потпирки од двете страни на седиштето, и два лава, што стојат до потпирките.
19. И уште дванаесет лава што стоја таму од двете страни на шесте степеника. Таков престол немаше во ниедно царство.
20. Сите садови од кои пиеше царот Соломон беа од злато, и сите садови во домот од ливанско дрво беа од чисто злато; од сребро немаше ништо, зашто среброто во Соломоновото време не се ценеше многу.
21. Бидејки царски кораби одеа во Тарсис со слугите Хирамови и секои три години корабите се вракаа од Тарсис, па донесуваа злато и сребро, слонова коска, мајмуни и пауни.
22. Така царот Соломон ги надмина сите земни цареви по богатството и по мудроста.
23. Сиет земни цареви сакаа да го видат Соломона, за да ја послушаат мудроста негова, која Бог ја беше внем во срцето негово.
24. И секој од нив донесуваше со себеси дар: сребрени садови и златни садови, облека, оружја, благопријатни мириси, коњи и маски - секоја година.
25. Соломон имаше четири иљади стаи за коњи и коли и дванаесет иљади коњаници; ги беше населил по колските градови и при царот - во Ерусалим.
26. Владееше над сите цареви - од реката Еуфрат до Филистејската земја и до Египетските предели.
27. Царот направи и златото и среброто во Ерусалим да бидат рамноценети со обичните камења, а кедрите, поради нивното множество, ги направи рамноценети со смиквите во низините.
28. Коњи му дотеруваа на Соломона од Египет и од сите земји.
29. Другите дела Соломонови, први и последни, опишани се во записите на пророкот Натана и пророштвото на Силомаецот Ахија и во виденијата на јасновидецот Јоила за Јеровоама, Наватовиот син.
30. Соломон царуваше во Ерусалим над сиот Израил четириесет години.
31. Почина Соломон при татковците свои, и го погребаа во градот на татка му Давида. А место него стана цар синот негов Ровоам.

  2Chronicles (9/36)