2Chronicles (8/36)  

1. Откако, изминаа дваесет години, во кое време Соломон го градеше домот Господов и својот дом,
2. Соломон ги изгради и градовите, што му ги беше дал Хирам, и ги всели во нив синовите Израилеви.
3. Потоа отиде Соломон против Емат-Сува и го презеде.
4. Го изгради Тедмор во пустињата и сите градови за житници, какви што направи во Емат.
5. Го изгради Горни Веторон и Долни Веторон, градови утврдени со sидишта, порти и резиња,
6. и Валат и сите градови за складови, во кои Соломон имаше житници, сите градови за коли и градови за коњица, и се што сакаше да изгради Соломон во Ерусалим и во Ливан и по целата земја на своето владение.
7. Сите лу е, останата од Хетејците, Аморејците, Ферезејците, Евејците и Јевусејците, што не беа од синовите Израилеви, -
8. децата нивни, останати по нив на земјата, кои синовите Израилеви не ги беа истребиле - Соломон ги потчини и принуди да плакаат данок дури и до денес.
9. А синовите Израилеви Соломон што не ги направи слуги за свои работи, тие беа војници и поглавари над војводите негови и заповедници на колите и коњицата негова.
10. Главните настојници, што управуваа со народот при царот Соломон, беа двесте и педесет.
11. Соломон ја пренесе керката Фараонова од Давидовиот град во домот, што го изгради за неа, зашто, велеше тој, жена не смее да живее при мене во домот на Израилевиот цар Давида, бидејки домот е осветен: во него е влезен ковчегот Господов.
12. Тогаш Соломон почна да Му принесува сепаленици на Господа на жртвеникот Господов, што беше го изградил пред тремот,
13. за принесување сепаленици, според наредбите секој ден, како што беше заповедал Мојсеј, во саботите и во новомесечијата и во празниците трипати во годината: во празникот на Бесквасници, во празникот на Седмици и во празникот Сеници.
14. И ги установи, според распоредот на татка си Давида, смените и свештениците според службата нивна, на левитите според стражите нивни, за да славословат и да служат при свештениците според уставот за секој ден, и на вратарите според смените нивни, при секоја врата, бидејки таква беше заповедта на Давида, Божиот човек.
15. И не отстапуваа од царевите заповеди за свештениците и за левитите во ништо, ниту пак за ризницата.
16. Така беше уредено целото дело на Соломона од денот, кога се основа домот Господов, до целосното завршување негово.
17. Тогаш отиде Соломон во Гасион-Гавер и во Елат, што е на морскиот брег, во земјата Идумејска.
18. И Хирам му испрати по свои слуги кораби и слуги, што го знаеја морето, и тие отидоа со слугите Соломонови во Офир, од каде што изнесоа четиристотини и педесет таланти злато, и му го донесоа на царот Соломон.

  2Chronicles (8/36)