2Chronicles (6/36)  

1. Тогаш Соломон рече: "Господ беше рекол, дека ке благоволи да престојува во магла,
2. но јас, на Твоето свето име Му изградив дом на Твоето живеалиште, место за Твоето вечно присуство."
3. И го сврте царот лицето свое, та го благослови сето собрание на Израилците - сето собрание на Израилците стоеше,
4. па рече: "Нека е благословен Господ, Бог Израилев, Кој го изврши сега со светата рака Своја она, како што го беше рекол со устата Своја на татка ми Давида велејки:
5. ‘од оној ден, кога го изведов Мојот народ од Египетскатsа земја, Јас не избрав град во ниедно колено Израилево, за да изградам дом, каде што да присуствува името Мое, ниту избрав маж што ке биде водач на Мојот народ Израилот.
6. туку го избрав Ерусалим, та името Мое таму да присуствува, го избрав Давида, тој да биде над Мојот народ - Израилот.‘
7. Татко ми Давид имаше на срце да изгради дом на името на Господа, Бога Израилев,
8. но Господ му кажа на татко ми Давид: ти имаш на срце да изградиш храм на името Мое; добро е, што ти е тоа на срце.
9. Ме утоа, ти нема да изградиш храм, туку твојот син, што ке призлезе од бедрата твои, - тој ке изгради храм на името Мое.
10. И Господ го исполни словото и, она што го беше изрекол; јас стапив на местото на мојот татко Давида, седнав на престолот Израилев, како што рече Господ, и изградив дом на името Господово, Бога Израилев.
11. Го положив таму ковчегот, во кој е заветот на Господа, што го беше склучил со синовите Израилеви."
12. Па застана Соломон пред жртвеникот Господов, пред сето собрание на Израилците, ги крена рацете, -
13. зашто Соломон беше направил бакарно подножје, долго пет лакти, широко пет лакти и високо три лакти, и го беше поставил среде дворот; застана на него, падна на колена пред сето собрание на Израилците, ги крена рацете кон небото, -
14. и рече: "Господи, Боже Израилев! Нема Бог, сличен на Тебе, ниту на небото, ниту на земјата. Ти го пазиш заветот и милоста кон слугите Свои, кои одат пред Тебе со сето свое срце;
15. Ти го исполни на Својот слуга Давида, мојот татко, она, што беше говорел; она, што беше го изрекол со устата Своја, денес го исполни со раката Своја.
16. И сега, Господи, Божи Израилев, исполни му го на Својот слуга Давида, мојот татко, она, што му го рече, велејки: нема да снема маж, што ке седи пред лицето Мое на престолот Израилев, само ако твоите синови внимаваат на патиштата свои, одејки по Мојот закон така, како што одеше ти пред Мене.
17. А сега, Господи, Боже Израилев, нека се потврди словото Твое, што си го изрекол на Својот слуга Давида!
18. Навистина, Бог ли ке живее со лу ето на земјата? Ако небото небесата Твои не Те собираат, дотолку помалку ке Те собере овој храм, што сум го изградил.
19. Но погледни милостиво кон молитвата на Твојот слуга и кон молбата негова, Господи, Боже мој! Чуј го повикот и молитвата, со која Твојот слуга се моли пред Тебе.
20. Нека бидат очите Твои отворени кон овој храм дење и ноке, кон местото, во кое си ветил дека го ставаш името Свое, за да ја слушаш молитвата, со која слугата Твој ке се моли на ова место.
21. Чуј ги молбите на Твојот слуга и на Твојот народ Израилот, со кои ке се молат на ова место; чуј од местото на Твоето живеалиште, од небесата, чуј и смилувај се!
22. Кога некој ке згреши против ближниот свој, и ке побараат од него клетва, за да се заколне, и таа клетва биде извршена пред Твојот жртвеник во овој храм,
23. тогаш чуј од небото и изврши суд над Своите слуги, подај му на виновникот, и товарејки му ја постапката негова врз главата негова; а оправдај го правиот, воздавајки му според правдата негова.
24. Кога Твојот народ Израилот ке биде поразен од непријателот, затоа што згрешил пред Тебе и кога тој ке се сврти кон Тебе, и ке го исповеда името Твое со молба и молитва пред Тебе во овој храм,
25. чуј тогаш од небото и прости му го гревот на Твојот народ Израилот и врати го во земјата, што си му ја дал нему и на татковците негови.
26. Кога ке се заклучи небото и ке снема дожд, затоа што згрешил пред Тебе, и ке се помолат на ова место, ке го исповедаат името Твое и ке се свртат од своите гревови, затоа што си ги понизил,
27. чуј тогаш од небото и прости им го гревот на Своите слуги и на Својот народ Израилот, покажувајки им го добриот пат, по кој треба да одат; и испрати дожд врз Твојата земја, што си му ја дал на народот Свој во наследство.
28. Ако биде глад во земјата или помор, огнен ветар или гламја, скакулци или гасеници, или ако го притиснат непријателите негови во земјата, што ја владее, некое зло ако се случи или некаква болест,
29. секоја молитва, секоја молба од кој и да било човек, или од сиот народ Твој Израилот, кога секој ке ја почувствува невољата своја и тагата своја и ке ги подадае рацете кон Твојот храм,
30. чуј од небото, од местото на Твоето живеалиште, и прости и подај му на секого според сите патишта негови, како што го познаваш срцето негово, - зашто само Ти ги познаваш срцата на синовите човечки, -
31. за да се плашат од Тебе и да одат по Твоите патишта во сите дни, додека живеат на земјата, што си им ја дал на татковците нивни.
32. Дури и ту инецот, што не е од Твојот народ Израилот, кога ке дојде од далечна земја поради Твоето големо име, Твојата мокна рака и Твојата силна мишка, - дојде и се помоли во овој храм,
33. чуј од небото, од местото на Твоето живеалиште, и направи се, за кое ту инецот ке Те призове, та сите земни народи да го познаат Твоето име и да се плашат од Тебе, како и Твојот народ Израилот, и да знаат, дека овој дом, што јас го изградив, е наречен на Твое име.
34. Кога Твоите лу е ке излезат во војна против непријалтелите свои по патот, по кој ке ги испратиш Ти, и Ти се помолат, обрнувајки се кон храмот, што го изградив на Твоето име,
35. тогаш послушај ја од небото молитвата нивна и молбата нивна и направи им го она што е таму потребно.
36. Кога ке згрешат пред Тебе, - зашто нема човек што не грешава, - и Ти ке им се разгневиш и ке ги предадеш на непријателите, и они, што ги заробиле, ги одведат во далечна или блиска земја,
37. кога во земјата, во која ке бидат заробени, ке дојдат на себеси, ке се свртат и ке Ти се помолат во земјата на своето ропство, велејки: ‘згрешивме, направивме беззаконија и неправди,‘
38. и се обрнат кон Тебе со сето свое срце и со сета своја душа, во земјата на своето ропство, каде што ке бидат одведени во плен, и се помолат, обрнувајки се кон земјата своја, што си им ја дал на татковците нивни, и кон градот, што си го избрал, и кон храмот, што го изградив на Твоето име, -
39. тогаш чуј од небото, од местото на Твоето живеалиште, чуј ја молитвата нивна и молбата нивна, и направи го она што им е потребно, и прости му на Твојот народ, за она што згрешил пред Тебе.
40. Боже мој, очите Твои нека бидат отворени и ушите Твои внимателно кон молитвата на ова место!
41. И сега, Господи Боже, застани во Твоето покоиште, Ти и ковчегот на Твојата сила. Твоите свештеници, Господи Боже, нека се облечат во спасение, и Твоите преподобни да се радуваат во добрините.
42. Господи Боже, не свртувај го лицето од помазаникот Свој, присети се на милостите ветени кон Својот слуга Давида!"

  2Chronicles (6/36)