2Chronicles (5/36)  

1. И се заврши сета работа, што ја изврши Соломон за домот Господов. И го внесе Соломон посветеното од татка му Давида сребро и злато, и сите садови ги предаде во ризниците на Божјиот дом.
2. Тогаш Соломон ги свика во Ерусалим сите началници израилски и сите племенски кнезови и сите старешини на домовите на израилевите синови, за да го пренесат Ковчегот на заветот Господов од Давидовиот град, односно од Сион.
3. И се собраа при царот сите Израилци на празникот, во седмиот месец.
4. И дојдоа сите старешини Израилеви. Левитите го кренаа Ковчегот;
5. го понесоа ковчегот и скинијата на сведоштвото и сите свети садови, што беа во скинијата, - го понесоа свсештеници и левити.
6. А царот Соломон и сето Израилево општество, што се беше собрало при него со страв пред Ковчегот, принесуваа жртви - овци и волови, толку многу, што не беше можно да се избројат и пресметаат.
7. И свештениците го внесоа Ковчегот на заветот Господов на местото негово, во Свјатаја Свјатих, под криљата на херувимите.
8. Херувимите со раширени криља над местото на ковчегот и го покриваа Ковчегот и лостовите негови одозгора.
9. Лостовите се издигаа така, што дршките им се гледаа пред Свјатаја Свјатих, но не и надвор; тие се таму и ден денес.
10. Во Ковчегот немаше ништо, освен двете камени плочи, што Мојсеј ги беше положил на Хорив, кога Господ склучи завет со Израилевите синови, по излегувањето нивно од Египет.
11. Кога свештениците излегоа од светилиштето, - зашто сите свештеници, што беа таму, се осветија, беа разлика на нивните редови,
12. тогаш сите певци - левити: Асаф, Еман, Идитун и синовите нивни и браката нивни, облечени во тешко платно, со кимвали, псалтири и гусли стоеја на источната страна од жрвеникот, и со нив заедно сто и дваесет свештеници, трубеа со труби.
13. И додека трубеа и пееја како еден, испуштајки еден глас за хвала и славословие на Господа и кога го подигнаа звукот од труби, кимвали и други свирки, и сите го фалеа Господа, дека е благ, дека милоста Негова е вечна, - тогаш домот Господов се исполни со облак,
14. и поради облакот свештениците не можеа да стојат при служба, зашто славата Господова го исполни Божјиот дом.

  2Chronicles (5/36)