2Chronicles (4/36)  

1. А направи и бакарен жртвеник: дваесет лакти долг, дваесет лакти широк и десет лакти висок.
2. И направи излеано море - од едниот крај негов до другиот десет лакти - целиот круг, висок пет лакти, а наоколу при врвот - триесет лакти;
3. наоколу под него од сите страни имаше излеано образи воловски; на десет лакти наоколу морето го опколуваа два реда волови, излеани заедно со него.
4. Тоа стоеше врз дванаесет вола: три гледаа кон север, три гледаа кон запад, три гледаа кон југ и три гледаа кон исток, а морето врз нив одозгора: заднините пак им беа свртени навнатре под морето.
5. Девелината му беше колку една дланка, а краиштата негови, направени како краишта на чаша; прилегаа на расцутен крин. Тоа собираше три иљади бата.
6. Направи и десет мијалници и постави пет десно и пет лево, за да мијат во нив - го миеја во нив приготвеното за сепалениците; а морето - за свештениците, за да се мијат во него.
7. Направи и десет златни светилници, какви што требаше да бидат, и ги постави во храмот - пет десно и пет лево.
8. Направи и десет трпези и ги постави во храмот - пет десно и пет лево; направи и сто златни чаши.
9. Направи уште и свештенички двор, и голем двор, и врати кон дворот, и стожерите им ги опкова со бакар.
10. Морето го постави на десната страна, кон југоисток.
11. И направи Хирам котли, лопатки, чаши, кадилници и сите жртвени садови. И ја сврши Хирам работата, што ја вршеше за царот Соломон во Божјиот дом:
12. два столба и два појаса околу врвовите врз столбовите и две мрежи, за да ги покриваат двата појаса околу капителите, што беа врз столбовите,
13. и четиристотини нарови на двете мрежи - два реда нарови за секоја мрежа, за да ги покриваат двата појаса околу врвовите врз столбовите.
14. Направи и подножја, направи и мијалници над подножјата;
15. едно море и дванаесет волови под него,
16. и котли и лопатки, и виљушки; целиот тој прибот Хирам му го направи на царот Соломона за домот Господов од измазнет бакар.
17. Царот ги излеа во глинена земја од околината на Јордан, ме у Сокхот и Саридата.
18. Соломон ги направи сите тие предмети во големо множество, така што не се знаеше мерката на бакарот.
19. Тогаш ги направи Соломон и сите други предмети за Божјиот дом: и златен жртвеник, и трпези за лебовите на предложението,
20. и светилници, и кандилата нивни, за да ги палат според уредбите пред Свјатаја Свјатих, - од чисто злато;
21. и цвекенца, и кандилца, и машички од злато, од најчисто злато,
22. и ножеви, и росилници, и чаши, и пепелници од најчисто злато; и храмовите порти - внатрешните порти за Свјатаја Свјатих, и храмовите порти за светилиштето - од злато.

  2Chronicles (4/36)