2Chronicles (35/36)  

1. Јосија отпразнува Пасха на Господа во Ерусалим, и го заклаа пасхалното јагне на четиринаесеттиот ден од првиот месец.
2. И ги насели свештениците по местата нивни и ги поттикнуваше да му служат на домот Господов;
3. и им рече на левитите, посветени на Господа и наставници на сите Израилци: поставете го светиот ковчег во храмот, што го изгради Соломон, синот Давидов, цар Израилев; нема потреба да го носите на раменици; служете Му сега на Господа, нашиот Бог и на народот Негов Израилот;
4. застанете според родовите на татковците свои и според родовите свои, како што е заповедано од Давида, царот Израилев, и како што е заповедано од синот негов Соломона,
5. стојте во светилиштето, според она како што се распоредени родовите на вешите брака, синовите народни, според она како што се разделени левитските родови и редови;
6. заколете го пасхалното јагне, осветете се и подгответе го за браката свои, постапувајки согласно со Господовото слово преку Мојсеја.
7. И им подари Јосија на синовите народни, на сите, што беа таму, од ситниот добиток јагниња и јариња, се за пасхалната жртва, на број триесет иљади, и три иљади вола. Тоа беше од царскиот имот.
8. И кнезовите негови сесрдно даваа принос за народот, на свештениците и на левитите: Хелкија, Захарија и Јехиил, старешини во Божјиот дом, им дадоа на свештениците за жртва пасхална две иљади и шестотини јагниња и јариња и триста вола;
9. Хоннија, Семаија и Натанаил, негови брака, Асавија, Јеиел и Јозавад, левитски старешини, им подарија на левитите за пасхална жртва пет иљади овци и петстотини волови.
10. Така се подготви службата, и по царева заповед свештениците застанаа на своите места и левитите според смените свои;
11. го заклаа пасхалното јагне, и свештениците росеа со крвта, што ја земаа од рацете на левитите, а левититеи ги дереа кожите;
12. и го распределија определеното за сепаленици, за да го дадат по редовите на татковските родови на синвоите народни, за принос на Господа, како што е напишано во Мојсеевата книга. Истото тоа го направија и со воловите.
13. И го испекоа на оган пасхалното јагне, според законот; а свештените жртви ги сварија во котли, грниња и тави, па го раздадоа брзо по сиот народ;
14. потоа приготвија за себе и за свештениците, зашто свештениците, синови Аронови, беа зафатени со принесувањето сепаленици и дебели меса до нокта; затоа левитите готвеа и за себе и за свештениците, синовите Аронови.
15. А певците, синови Асафови, остануваа по местата свои, според наредбите на Давида и Асафа, Емана и Идитуна, царевиот јасновидец, а вратарите при секоја врата: немаше зошто да ја напуштаа службата своја, бидејки браката нивни левитите готвеа за нив.
16. Така беше распоредена целата служба во тој ден, за да направат Пасха и да принесат сепаленици на Господовиот жртвеник, по заповед на царот Јосија.
17. Така ја празнуваа Израилевите синови, што беа таму Пасхата во тоа време и празникот Бесквасници во текот на седум дена.
18. Таква Пасха не беше прославувана во Израилот од деновите на пророкот Самуила; од Израилеви цареви ниеден не беше приготвил таква Пасха, каква што направи Јосија, свештениците, левитите и сите Јудејци, и Израилци, кои беа таму, и жителите ерусалимски.
19. Таа Пасха беше отпразнувана во осумнаесеттата година од царувањето на Јосија.
20. По сето тоа, што го направи Јосија во Божјиот дом, тој ги изгори во оган и лакомците, и ма епсниците, и идолските светилишта, и идолите, и дубравите, што ги имаше во Ерусалим и во Јудеја, за да ги утврди зборовите на Законот, напишани во книгата, која свештеникот Хелкија ја најде во домот Господ; и немаше сличен на него пред него, што се обрнал кон Господа од се срце, со сета душа и со сета сила, согласно со целиот закон Мојсеев, не се издигна и по него подобен на него. Но Господ, пак, не се одврати од големата јарост на гневот Свој, - јарост, со каква што Господ се беше разгневил на Јудеја за сите наскрбувања, со кои Го разгневи Манасија. И беше рекол Господ: "Kе го отфрлам и Јуда од лицето Свое, како што го отфрлив домот Израилев, ке го отфрлам домот Израилев, ке го отфрлам и градот Ерусалим, што го одбрав, и храмот, за кој реков: таму ке престојува името Мое. И излезе Нехао, египетскиот цар, во војна против асирскиот цар на реката Ефрат кај Хархамис. Јосија му излезе во пресрет.
21. Нехао испрати кај него пратеници да кажат: "Што има ме у мене и тебе, царе јудејски? Против тебе сега не сум тргал, туку за таму, каде што имам војна. Бог ми заповеда да брзам; немој да Му се противиш на Бога, Кој е со мене, за да не те погуби."
22. Но Јосија не отстапи пред него, туку се приготви да се бие со него; и не ги послуша зборовите на Нехао, што беа од Бога, туку излезе во бој во долината Магедо.
23. И стрелците го устрелија царот Јосија, и царот им рече на слугите свои: "Одведете ме, зашто сум тешко ранет."
24. Слугите негови го симнаа од колата, го качија во друга негова кола и го одведоа во Ерусалим. И тој умре; и беше погребан во гробницата на татковците свои. Целата Јудеја и Ерусалим го оплакаа Јосија.
25. Јосија беше оплакан и од Еремија во плачевна песна; него го споменуваа сите певци и пеачки во плачевните песни свои, познати и до денес, кои ги предадоа во обичај во Израилот; ете, тие се напишани во книгата на плачевните песни.
26. Другите дела на Јосија и добрините негови, согласни со заповеданото во законот Господов,
27. и неговите дела, први и последни, се опишани во книгата за царевите израилски и јудејски.

  2Chronicles (35/36)