2Chronicles (34/36)  

1. Јосија имаше осум години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим триесет и една година.
2. Тој го вршеше она што беше угодно пред очите Господови, одеше по патиштата на таткото свој Давида и не скршуваше ни лево ни десно.
3. На осмата година од царувањето свое, бидејки уште беше момче, почна да прибегнува кон Бога на таткото свој Давида, а на дваесеттата година почна да ја чисти Јудеја и Ерусалим од идолските светилишта, од посветените дрвја и од извајаните и излеаните идоли.
4. Зашто пред лицето негово ги разрушија жртвениците на Вааловци и идолите, што се издигаа над нив; ги исече посветените дрвја, а извајаните и излеаните идоли ги скрши и разби во прав, растурајки ги по гробовите на оние, што им беа принесувале жртви;
5. коските на жреците ги изгори врз нивните жртвеници, ја исчисти Јудеја и Ерусалим.
6. Во градовите на Манасија, Ефрема и Симеона, дури до коленото Нефталимово, и во нивните опустошени околини,
7. тој ги собори жртвениците и посветените дрвја, ги разби во прав ликовите и ги скрши сите идоли по целата Израилска земја, и се врати во Ерусалим.
8. На осумнаесеттата година од царувањето свое, откако беше исчистена земјата и Божјиот дом, тој го испрати Сафана, синот Азалиев, Масија, градоначалникот, и Јоаха, син Јоахазов, летописец, за да го обноват домот на Господа, нивниот Бог.
9. Тие отидоа кај свештеникот Хелкија и го предадоа принесеното во Божјиот дом, што го беа собрале левитите, стражари при прагот, од рацете на Манасија, Ефрема, од сите други Израилци, од синовите на Јуда и на Венијамина и од жителите ерусалимски.
10. Го дадоа тоа во рацете на распоредниците, одредени при домот Господов, да го раздаваат на работниците, што ке работат во Господовиот дом на поправката и обновувањето на домот.
11. И тие им раздаваа на дрводелците и sидарите, за да купуваат делкани камења и дрвја за врски и за покривање, на зградите, кои јудејските цареви ги беа разрушиле.
12. Тие лу е чесно ја вршеа својата работа, а за надзорници над нив беа поставени Јат и Овадија, левити од Мерариевите синови, и Захарија и Месулам од Катовите синови, и сите левити, што умееја да свират не музички направи.
13. Тие беа одредени над носачите и ги надгледуваа сите работници при секоја работа: а другите левити беа и писари, и распоредници, и вратари.
14. Кога го вадеа среброто, што беше принесено во Господовиот дом, свештеникот Хелкија ја најде книгата на законот Господов, даден преку Мојсеевата рака.
15. Проговори Хелкија, па му рече на писарот Сафана: "Ја најдов книгата на Законот во домот Господов." Хелкија му ја даде книгата на Сафана.
16. А Сафан ја однесе книгата при царот и притоа му ја донесе на царот оваа вест: "Твоите слуги вршат се што им е таму наредено."
17. Го истурија среброто, што се нао аше во домот Господов, и го предадоа во рацете на одредените и во рацете на распоредниците.
18. Писарот Сафан му јави уште на царот и рече: "Оваа книга ми ја даде свештеникот Хелкија." И Сафан ја прочита пред царот.
19. Кога ги чу царот зборовите на Законот, ја раскина својата облека.
20. И му заповеда царот на Хелкија и на Ахикама, син Сафанов, на Авдона, син Мехеев, и на писарот Сафана и на царскиот слуга Асаија, велејки:
21. "Одете и прашајте Го Господа за мене, за другите во Израилот и за Јуда за зборовите на таа најдена книга, зашто голем и гневот Господов, кој пламна врз нас, затоа што татковицте наши не ги запазија Господовите зборови, за да постапуваат во се што е напишано во таа книга."
22. Тогаш Хелкија и оние, што беа од царот, отидоа кај пророчицата Олдама, жена на Салума, син на Текуја, син на Асра ризничарот, - а таа живееше во вториот дел на Ерусалим, - и говореа со неа за тоа.
23. Таа им рече: "Вака вели Господ, Бог Израилев: кажете му на оној човек, што ве испратил кај мене.
24. ‘Вака вели Господ: ете, ке испратам зло врз ова место и врз жителите негови - сите проклетства, напишани во книгата, што ја читав пред лицето на јудејскиот цар,
25. поради тоа што Ме оставија и кадеа на други богови, за да Ме разгневат со сите дела на рацете свои. Затоа гневот Мој ке се разгори над ова место и нема да згасне.‘
26. А на царот јудејски, кој ве испрати да Го прашате Бога, кажете му: ‘вака вели Господ, Бог Израилев, за зборовите, што си ги чул:
27. бидејки срцето ти омекна, и ти се смири пред Господа, откако чу, што вели Он за ова место и за жителите негови, што се смири пред Мене и ја раскина облеката своја и плачеше пред Мене, за тоа и Јас те чув, вели Господ.
28. Ете, Јас ке те приберам кај татковците твои, и ке бидеш положен со мир во гробницата своја, и очите твои нема да го видат сето она зло, што ке го испратам врз ова место и против жителите негови." И му го однесоа одговорот на царот.
29. Тогаш царот испрати, та ги собра сите старешини од Јудеја и Ерусалим,
30. па отиде царот во домот Господов, и со него сите Јудејци и жителите ерусалимски, и свештениците, и левитите, и сиот народ, од голем до мал; и им ги прочита тој гласно сите зборови од книгата на заветот, најдена во домот Господов.
31. Потоа царот се исправи на местото свое и склучи завет пред лицето на Господа - да Го следат Господа и да ги запазат од се срце и со сета душа заповедите Негови, откровенијата негови и законите Негови, та да ги извршат зборовите на заветот, напишани во таа книга.
32. И царот им заповеда на сите, што беа во Ерусалим и во земјата Венијаминова, да го потврдат тоа; и почнаа жителите ерусалимски да постапуваат според заветот на Бога, Бога на татковците свои.
33. И ги премавна Јосија сите гадотии од сите земји на Израилевите синови, и им заповеда на сите во земјата Израилева да Му служат на Господа, својот Бог. И во сите денови на животот негов тие не отстапуваа од Господа Бога на татковците нивни.

  2Chronicles (34/36)