2Chronicles (32/36)  

1. По таквите дела и таквата верност дојде Сенахирим, царот асирски, навлезе во Јудеја, ги опседна утврдените градови и намераваше да ги освои.
2. Кога виде Езекија, дека Сенахирим дошол со цел да војува против Ерусалим,
3. реши со кнезовите и со своите силни лу е да ги затвори сите извори на вода надвор од градот; и тие му помогнаа.
4. Се собра многу народ и ги затрупаа сите извори и потокот, кој течеше низ земјата, велејки: кога ке дојде асирскиот цар, да не најдат многу вода и да не се утврдува.
5. И се утврди Езекија, ги поправи сите срушени sидови и ги издигна до кулата, а надвор изгради друг sид, го утврди Мило во Давидовиот град и поготви многу оружје и штитови.
6. Постави воени началници над народот и ги собра при себе на плоштадот кај градските порти, па им говореше од срце, велејки:
7. "Бидете тврди и храбри, не бојте се и не плашете се од асирскиот цар и од сето множество, кое е со него, зашто со нас има повеке, отколку со него;
8. со него е телесна мишка а со нас е Господ, Бог наш, за да ни помага и да се бори во битките наши." И народот се охрабри од зборовите на Езекија, царот Јудејски.
9. Потоа асирскиот цар Сенахирим испрати свои слуги во Ерусалим, - кога тој лично беше во Лахис, и сета негова сила со него, - до јудејскиот цар Езекија и до сите Јудејци во Ерусалим, да кажат:
10. "Вака вели Сенахирим, царот асирски: ‘на што се надевате и седите во Ерусалим опседнати?‘
11. Зар Езекија не ве мами, за да ве предаде на смрт од глад и жед, кога ви вели: ‘Господ, Бог наш, ке не спаси од раката на асирскиот цар‘?
12. Зар тој Езеија ги премавна светилиштата Негови и жртвениците Негови и им рече на Јудејците и на Ерусалим: пред еден жртвеник поклонувајте се и врз него кадете!
13. Зар не знаете, што направив јас и татковците мои со сите земни народи? Можеа ли боговите на земните народи да ја спасат земјата своја од раката моја?
14. Кој од сите богови на народите, што моите татковци ги истребија, можеше да го спаси својот народ од раката моја? Kе може ли и вашиот Бог да ве спаси вас од раката моја?
15. А сега, нека не ве мами Езекија и да не ве заведува така; не верувајте му; ако ни еден бог ниту на еден народ и царство не беше во состојба да го спаси народот свој од раката моја и од раката на татковците мои, тогаш и вашиот Бог нема да ве спаси вас од раката моја."
16. И уште многу говореа слугите негови против Господа Бога и против Езекија, Неговиот слуга.
17. Тој напиша писмо, во кои Го хулеше Господа, Бога Израилев, и говореше против Него ваквки зборови: "Како што боговите на земните народи не ги спасија своите народи од раката моја, така и Езекиевиот Бог нема да го спаси Својот народ од раката моја."
18. И викаа со силен глас на јудејски јазик кон народот во Ерусалим, кој беше по sидовите, за да го заплашат и исплашат, та да го преземат градот.
19. И говореа за Бога на Ерусалим, како за боговите на земните народи, - дело на човечки раце.
20. Тогаш царот Езекија и пророкот Исаија, синот Амосов, се помолија и кренаа глас кон небото.
21. И Господ испрати Ангел, кој ги погуби сите јунаци, главниот начланик и началаниците на војската на асирскиот цар, и тој се врати посрамен во земјата своја. И кога дојде во домот на својот бог, таму го убија со меч излезените од бедрата негови.
22. Така го спаси Господ Езекија и ерусалимските жители од раката на асирскиот цар Сенахирим и од рацете на сите, и ги пазеше насекаде.
23. Тогаш мнозина почнаа да му донесеуваат дарови на Господа во Ерусалим и скапи работи на јудејскиот цар Езекија. И тој се издигна потоа во очите на сите народи.
24. Во тие дни се разболе Езекија на смрт. И Му се помоли на Господа, и Он послуша и му даде знак.
25. Но Езекија не Му благодари за направените му добрини, зашто срцето негово се возгордеа. Затоа гневот Божји падна врз него, врз Јудеја и Ерусалим.
26. Но штом Езекија се смири и гордоста во срцето негово, - тој и ерусалимските жители, - гневот Господов не падна врз нив во Езекиевите денови.
27. Езекија имаше многу големо богатство и слава; си направи ризници за сребро и злато и за скапоцени камења, како и за благопријатни мириси, штитови и секакви скапи садови;
28. и одделни простории за земни производи: жито, вино и елеј, и трла за секаков добиток и огради за стада.
29. Си изгради и градови. А стада од ситен и крупен добиток имаше многу, зашто Бог му беше дал многу голем имот.
30. Тој, пак, Езекија, го затвори горниот проток на Гионските води и го насочи удолу, западно од Давидовиот град. И во секоја своја работа Езекија беше успешен.
31. Само при пратениците на вавилонските цареви, што беа испратени до него да прашаат за едно чудо, што се случило на земјата, Господ го остави, за да го испита и да открие се, што му беше во срцето.
32. Другите дела на Езекија и неговите милости се опишани во видението на пророкот Исаија, син Амосов, и во книгата за царевите јудејски и израилски.
33. Почина Езекија при татковците свои, и го погребаа погоре од гробиштата на Давидовите синови, а по неговата смрт сите Јудејци и жители ерусалимски му укажаа почест. И место него цар стана синот негов Манасија.

  2Chronicles (32/36)