2Chronicles (30/36)  

1. Испрати Езекија по целата земја Израилски и Јудеја, пишуваше и писма до Ефрема и племињата на Манасија, да дојдат во домот Господов во Ерусалим, за да направат Пасха на Господа, Бога Израилев.
2. А во советот царот и кнезовите и целото собрание во Ерусалим решија да направат Пасха на вториот месец.
3. бидејки не можеа да ја направат кога и беше времето, зашто уште немаше доволен број осветени свештеници, па и народот не се беше собрал во Ерусалим.
4. Тоа му се допадна на царот и на целото собрание.
5. И решија да разгласат по цел Израил, од Вирсавија до Дан, да отидат во Ерусалим да Му направат Пасха на Господа, Бога Израилев, зашто одамна не ја беа правеле, како што е наредено.
6. И тргнаа брозоодци со писма од царот и од кнезовите негови по целата земја Израилска и Јудеја, и по заповед на царот велеа: "Деца Израилеви! Обрнете се кон Господа, Бога Авраамов, Исаков и Израилев, и Он ке се сврти кон оние, што се унесрекени ме у вас од раката на асирските цареви.
7. И не бидете како татковците ваши и браката ваши, кои постапуваа беззаконо пред Госода, Бога на татковците ваши, и Он ги предаде за истребување, како што гледате.
8. Сега не бидете тврдоглави како татковците ваши, покорете Му се на Господа и доа ајте во светилиштето Негово, кое Он го освети засекогаш; служете Му на Господа, нашиот Бог, и Он ке го отстрани од вас пламенот на гневот Свој.
9. Кога ке се обрнете кон Господа, браката ваши и децата ваши ке најдат милост кај оние, што ги заробиле, и ке се вратат во оваа земја; зашто Господ, Бог наш, е благ и милосрден и нема да го сврти лицето од вас, ако се обрнете кон Него."
10. Брзоодците одеа од град во град по земјата Ефремова и Манасиева, дури до Завулоновата, но им се смееја и се подбиваа со нив.
11. Но пак некои од коленото Асирово, Манасиево и Завулоново се смирија и дојдоа во Ерусалим.
12. А над Јудеја беше раката Божја, та им даде едно срце, за да ја исполнат заповедта на царот и кнезовите, според словото Господово.
13. И се собра во Ерусалим многу народ, за да го празвуваат празникот на Бесквасниците пред вториот месец: собранието беше мошне многубројно.
14. Па станаа и ги растурија жртвениците, што беа во Ерусалим, и се, врз кое кадеа на идолите, испокршија и го фрлија во потокот Кедрон,
15. го заклаа пасхалното јагне на четиринаесеттиот ден од вториот месец. Свештениците и левитите, посрамени, се осветија и принесоа сепаленица во домот Господов,
16. и застанаа по своите места, според уредбата своја, по законот на Мојсеја, Божји човек. Свештениците оросуваа со крв, земајки ја од рацете на левитите.
17. А бидејки во собранието имаше мнозина кои не беа се осветиле, тогаш, наместо тие нечистите, го колеа пасхалното јагне левитите, за да го посветат на Господа.
18. Мнозина од народот, повекето од коленото Ефремово и Манасиево, Исахарово и Завулоново, не се очистија; но и тие јадеа пасха, не според законот.
19. Но Езекија се помоли за нив и рече: "Благиот Господ да прости секого, кој што го расположил срцето свое да Го бара Господа Бога, Бог на татковците свои, макар и без свештено очистување."
20. И Господ ги послуша Езекија и му прости на народот.
21. Така синовите Израилеви, кои што беа во Ерусалим, го извршија празникот на Бесквасниците през седум дена со голема веселба; секој ден левитите и свештениците Го славеа Господа со свирки, нагласени за славословување на Господа.
22. И говореше Езекија според срцето на сите левити, кои знаеја добро да Му служат на Господа. И ја јадеа празничната жртва седум дена, принесувајки мирни жртви и славејки Го Господа, Бога на татковците свои.
23. И целото собрание реши да празнува други седум дена, и ги поминаа тие седум дена во веселба,
24. зашто Езекија, цар Јудејски, дотера за собраните иљада телиња и десет иљади ситен добиток, а велможите дотераа за собраните иљада телиња и десет иљади ситен добиток; тогаш веке се осветија мошне многу свештеници.
25. И се веселеа сите собрани од Јудеја, свештеници и левити, и целото собрание, надојдено од Израил, и дојденците што беа дошле од Израилската земја и кои што живееја во Јудеја.
26. И стана голема веселба во Ерусалим, зашто од дните на Соломона, син Давидов, цар Израилев, не се случи такво нешто во Ерусалим.
27. Тогаш станаа свештениците и левитите и го благословија народот; и нивниот глас беше чуен од Господа, и молитвата нивна се вознесе до небесата, во светото Негово живеалиште.

  2Chronicles (30/36)