2Chronicles (29/36)  

1. Езекија стана цар на дваесет и пет години, и царуваше во Ерусалим дваесет и девет години; мајка му се викаше Авија, Захариева керка.
2. Тој правеше она што беше угодно пред очите Господови, токму онака како и таткото негов Давид.
3. Уште во првата година на царувањето свое, во првиот месец, тој ги отвори вратите на домот Господов и ги обнови;
4. и им заповеда на свештениците и левитите да дојдат, ги собра на источниот плоштад
5. и им рече: "Послушајте ме, левити! Сега осветете се, осветете го и домот на Господа, Бога на татковците ваши; исфрлете ја нечистотијата од светилиштето.
6. Зашто татковците наши постапуваа неугодно пред очите на Господа, нашиот Бог, Го оставија, го одвратија лицето свое од Господовото живеалиште, Му свртија грб,
7. ја затворија вратата на притворот, ги угаснаа светилниците, не палеа кадило и не принесуваа сепаленици во светилиштето на израилевиот Бог.
8. И гневот Господов беше врз Јудеја и врз Ерусалим, и Он ги предаде на презир, на опустошување и на потсмев, како што гледате со очите свои.
9. Ете, татковците наши паднаа под меч, а синовите наши, и керките наши, и жените наши за тоа се во плен во ту а земја досега.
10. И сега имам на срце да склучам завет со Господа, Бог Израилев, та да го отстрани од нас пламенот на гневот Свој.
11. Деца мои! Не бидете немарни, зашто Господ ве избра за да претстоите пред лицето Негово, да Му служите и да Му бидете служители и да кадите."
12. Тогаш станаа левитите: Махат, син Амасаев, и Јоел, син Азариев, - од синовите Каатови; и од синовите Мерариеви: Кис, син Авдиев, и Азарија, син Јехалелов; и од племето Гирсоново: Јоах, син на Зима, и Еден, син Јоахов;
13. и од синовите Елисафанови: Симри и Јеиел; и од синовите Асафови: Захарија и Матанија;
14. и од синовите Еманови; Јехиел и Симеј; и од синовите Идитунови: Семаја и Узиел.
15. Тие ги собраа браката свои, се осветија и отидоа по заповед на царот да го очистат домот Господов, според словото Господово.
16. Свештениците влегуваа внатре во домот Господов, за да го очистат, и сето нечисто, она што најдоа во храмот Господов, го изнесоа во дворот на домот Господов, а левитите го зедоа тоа да го изнесат надвор кон потокот Кедрон.
17. И почнаа да осветуваат на првиот ден од првиот месец, и на осмиот ден на истиот месец влегоа во притворот Господов; го осветуваа домот Господов осум дена, и на шеснаесеттиот ден од првиот месец завршија.
18. Тогаш дојдоа во домот при царот Езекија и рекоа: "Го исчистивме домот Господов и жртвеникот за сепаленици, и сите негови садови, и трпезата за лебовите на предложението, и сите нејзини садови;
19. сите садови што беше ги зафрлил царот Ахаз во текот на царувањето свое, во своето беззаконие, ги приготвивме и осветивме; ете, тие се пред Господовиот жртвеник."
20. Утредента рано царот Езекија стана, ги собра градските началници и отиде во домот Господов.
21. И дотера седум телиња, седум овни, седум јагниња и седум козли - да ги принесат како жртва за грев, за царството, за светилиштето и за Јудеја; и им заповеда на свештениците, синови Аронови, да принесат сепаленици врз Господовиот жртвеник.
22. И ги заклаа телците, а свештениците зедоа крв и го поросија жртвеникот; ги заклаа овните и го поросија со крв жртвеникот; ги заклаа јагнињата и го поросија со крв жртвеникот.
23. Ги дотераа и козлите за грев пред царот и собранието, и тие ги положија врз нив рацете свои.
24. Свештениците ги заклаа и го исчистија со нивната крв жртвеникот, за да се истријат гревовите на целиот Израил, зашто царот беше заповедал да се принесе сепалиница и жртва за грев за целиот Израил.
25. И постави левити во домот Господов со кимвали, псалтири и гусли, според наредбите на Давида и Гада, јасновидец царски, и на пророкот Натан, бидејки таа заповед беше дадена од Господа преку пророците Негови.
26. И застанаа левитите со Давидовите свирки и свештениците со труби.
27. Тогаш Езекија заповеда да принесат сепаленица врз жртвенкот. И кога почна сепаленицата, почна пеење на Господа со звуци на трубите и свирките на Давида, цар Израилев.
28. И целото собрание се молеше, пеачите пееја и трубите трубеа, додека не заврши сепаленицата.
29. А кога заврши сепаленицата, царот и сите, што беа при него, се наведнаа и се поклонија.
30. Царот Езекија и кнезовите им рекоа на левитите да Го слават Господа со зборовите на Давида и јасновидецот Асаф; тие славеа со радост и се наведнуваа и се поклонуваа.
31. Продолжи Езекија и рече: "Сега вие Му се посветивте на Господа: пристапувајте и принесувајте жртви и благодарствени принесуавања во домот Господов. И целото собрание почна да принесува жртви и благодарствени приноси, и на кого срцето му беше расположено - и сепаленици.
32. А бројот на сепалениците, што собранието ги донесе, изнесуваше: седумдесет волови, сто овни, двесте јагниња - сето тоа за сепаленица на Господа.
33. Други свештени жртви имаше: шестотини глави крупен добиток и три иљади ситен добиток.
34. Но свештениците беа малку и не можеа да ги одерат кожите од сите сепаленици, па им помагаа браката нивни левитите, додека се сврши работата и додека се осветија другите свештеници, зашто левитите беа поусрдни во освештението свои, отколку свештениците.
35. А притоа имаше многу сепаленици со масни меса од мирните жртви и со преливи врз сепаленицата. Така беше востановено служењето во домот Господов.
36. И се радуваше Езекуја и целиот народ, поради тоа што Бог така го расположи народот, бидејки тоа стана неочекувано.

  2Chronicles (29/36)