2Chronicles (28/36)  

1. Ахаз беше на дваесет години кога стана цар, и царуваше во Ерусалим шеснаесет години; и тој не го вршеше угодното во очите Господови, како што правеше таткото негов Давид;
2. тој одеше по патот на израилските цареви, и дури направи излеани кипови на Вааловци;
3. и тој кадеше во долината на Еномовите синови, и го протеруваше низ огин синовите свои, подражавајки ги гнасотиите на оние народи, коишто Господ ги прогони пред лицето на Израилевите синови;
4. принесуваше жртви и кадеше по оброчиштата и по ридовите и под секое разгрането дрво.
5. Затоа Господ, неговиот Бог, го предаде во рацете на сирискиот цар, и Сиријците го разбија и му зедоа многу заробеници, кои ги одведоа во Дамаск. Беше предаден и во рацете на израилскиот цар, и тој му нанесе голем пораз.
6. Факеј, син Рамалиев уби во еден ден сто и дваесет иљади Јудејци, лу е воинствени, затоа што го беа оставиле Господа, Бога на татковците свои.
7. А Зихриј, силен јунак од Ефремовците, го уби Масеја, царевиот син, и Азрикама, началник на дворот, и Елкана, втор по царот.
8. И зедоа синовите Израилеви од браката свои, Јудејците, двесте иљади жени, синови и керки; ограбија и многу плен од нив, и го однесоа ограбеното во Самарија.
9. Таму имаше пророк Господов, по име Одед. Тој излезе пред војската, која, одеше во Самарија, и им рече: "Ете, Господ, Бог на татковците ваше, во гневот Свој против Јудејците, ги предаде во ваше рака, и вие ги избивте со таква јарост, која стигна до небесата.
10. И сега мислите да ги направите синовите на Јуда и Ерусалим ваши робови и робинки. А зар немате и вие вина пред Господа, вашиот Бог?
11. Затоа послушајте ме, и вратете ги плениците, што сте ги заробиле од браката свои, зашто пламенот на гневот Господов е на вас."
12. И некои од началниците на синовите Ефремови: Азарија, син Јехохананов, Берехија, син Мешилемотов, Езекија, син Салумов, и Амаса, син Хадлеев, застанаа спроти оние што доа аа од војна.
13. и им рекоа: "Не ги доведувајте плениците тука, зашто би згрешиле пред Господа. Зар мислите да придодадете уште кон гревовите наши и кон престапите наши? Нашата вина е голема, и пламенот на гневот Господов е врз Израилот."
14. И вооружените ги оставија плениците и пленот при воените началници и пред целото собрание.
15. И станаа споменатите по име мажи, ги зедоа плениците, и сите што беа голи ги облекоа од ограбеното, - ги облекоа и ги обуа, и ги нахранија, и ги напоија, и ги помазаат со масло, и ги качија на осли сите слаби, и ги испратија во Ерихон, град на палмите, при браката нивни, и се вратија во Самарија.
16. Во тоа време царот Ахаз испрати до асирските цареви да му помогнат,
17. зашто Идумејците уште напа аа и мнозина асирски цареви да му помогнат,
18. а Филистејците се растурија по градовите во низината и во јужна Јудеја и го презедоа Ватсамис и Ајалон, Гадерот и Сохот со потчинетите му градови. Тимна со потчинетите и градови и Гимзо со потчинетите му градови, и се населија таму.
19. Така ја понижи Господ Јудеја поради Ахаза, царот јудејски, зашто тој ја разврати Јудеја и тешко грешеше пред Господа.
20. И дојде кај него асирскиот цар Теглатфеласар, но му беше од штета, наместо да му помогне,
21. зашто Ахаз ги зеде ризниците од домот Господов, од царскиот дом и од кнезовите, и се му даде на асирскиот цар, но и тоа не му помогна туку го ожалости.
22. И во таа притеснета положба тој продолжуваше да прави беззаконија пред Господа, тој - царот Ахаз;
23. им принесуваше жртви на дамаските богови, мислејки, дека тие го поразија, па велеше: "Боговите на сириските цареви им помагаат; ке им принесам жртва, тие и на мене ке ми помогнат." Но тие беа за па ањето негово и на целиот Израил.
24. Ги собра Ахаз садовите на домот Божји и ги разби, ја затвои вратата на домот Господов и си изгради жртвеници по сите агли на Ерусалим,
25. по сите градови Јудини направи оброчишта, за да кади на ту и богови, и Го дразнеше Господа, Бога на татковците свои.
26. Другите дела и сите негови постапки, првите и последните, се опишани во книгата на царевите јудејски и израилски.
27. И почина Ахаз при татковците свои, и го погребаа во градот, во Ерусалим, но не го внесоа во гробниците на израилските цареви. Наместо него стана цар синот негов Езекија.

  2Chronicles (28/36)