2Chronicles (27/36)  

1. Јоатам беше на дваесет и пет години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим шеснаесет години; мајка му се викаше Јеруса, Садакова керка.
2. Тој вршеше она што Му беше угодно пред очите на Господа, токму онака како што правеше Озија, таткото негов, само што не влегуваше во Господовиот храм, а народот се уште грешеше.
3. Тој ја изгради и горната врата на домот Господов и изгради многу нешто на sидот Офел;
4. изгради и градови во Јудејската планина, а во горите изгради дворци и кули.
5. Тој војуваше со царот на Амонитите и ги победи, и Амонитите му дадоа во таа година сто талатни сребро и десет иљади мери пченица и десет иљади мери јачмен. Тоа му го даваа Амонитите и во втората и третата година.
6. Затоа Јоатам беше толку силен, бидејки ги управуваше патиштата свои пред Господа, својот Бог.
7. Другите дела на Јоатама и сите негови војни и однесување се опишани во книгата на царевите израилски и јудејски.
8. Тој беше на дваесет и пет години кога стана цар, а царуваше шеснаесет години во Ерусалим.
9. И почина Јоатам при татковците свои, и го погребаа во Давидовиот град. И наместо него стана цар синот негов Ахаз.

  2Chronicles (27/36)