2Chronicles (26/36)  

1. Сиот народ го зеде Озија, кој имаше шеснаесет години, та го постави за цар на местото на таткото негов Амасија.
2. Тој го изгради Елат и и го врати на Јудеја, откако царот, таткото негов почина кај татковците свои.
3. Озија имаше шеснаесет години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим педесет и две години; мајка му се викаше Јехолија од Ерусалим.
4. Тој вршеше она што беше угодно пред очите на Господа, токму онака, како што вршеше и татко му Амасија;
5. прибегнуваше кон Бога во дните на Захарија, којшто учеше на страв Божји; и во оние денови, додека прибегнуваше кон Господа, Бог му помагаше.
6. Тој излезе и се судри со Филистејците и ги разруши sидовите на Гет, и sидовите на Јавнија, и sидовите на Азот; ги изгради градовите во Азотската област и кај Филистејците.
7. И Бог му помагаше против Филистејците и против Арапите, што живееја во Гур-Ваал, и против Меунците.
8. И Амонитите му плакаа данок на Озија; и се прочу името негово дури во египетските предели, зашто беше многу силен.
9. Озија изгради кули во Ерусалим над аголните порти, над портите кон долината и на аголот, и ги зацврсти.
10. Изгради кули и во пустињата, ископа и многу кладенци, бидејки тој имаше многу добиток, како во низините, така и во рамнината, и земјоделци и градинари по планините и на Кармил, бидејки го сакаше земјоделството.
11. Озија имаше војска, која излегуваше во војна по одделенија, според она како што беа изброени во списокот, составен од раката на писарот Јеила, и надsирателот Маасеја, под водството на Хананија, голем царски великодостојник.
12. Сите оценачалници, храбри војници, беа на број две иљади и шестотини,
13. и под команда на раката нивна имаше воена сила триста и седум иљади и петстотини души, кои влегуваа во битка со воинствена храброст, да му помагаат на царот против непријателот.
14. И подготви Озија за нив, за целата војска, штитови и копја, шелмови и оклопи, лакови и камења за пракки.
15. Направи во Ерусалим вешто измислени машини, да стојат на кулите и аглите, за да се фрлаат со нив стрели и големи камења. И се прочу името негово далеку, зашто се беше зацврстил чудно и беше станал многу силен.
16. Но кога стана силен, се возгордеа срцето негово за негово загинување, и тој стана престапник пред Господа, својот Бог, зашто влезе во храмот Господа за да запали темјан на кадилниот жртвеник.
17. По него отиде свештеникот Азарија и со него осумдесет Господови свештеници, одлични лу е;
18. тие му се противставија на царот Озија и му рекоа: "Не е твоја работа, Озија, да му кадиш на Господа; тое е работа на свештениците, синови Аронови, посветени за кадење; излези од светилиштето, зашто постапи незаконито, и тоа нема да ти биде за чест пред Господа Бога."
19. Се налути Озија, - а во раката негова имаше кадилница за кадење, и кога се налути на свештениците, се појави лепра на челото негово, пред лицето на свештениците во домот Господов, при кадилниот жртвеник.
20. Го погледна првосвештеникот Азарија и сите свештеници; и ете, имаше лепра на челото свое. Го принудија да излезе оттаму, па и самиот тој брзаше да се оддалечи, зашто го порази Господ.
21. И остана лепрозен царот Озија до денот на смртта своја, и живееше во посебна кука и беше отстранет од домот Господов. А Јоатам, неговиот син, началствуваше над царскиот дом и управуваше со народот во земјата.
22. Другите дела Озиеви, први и последни, ги опишал пророкот Исаија, син Амосов.
23. И почина Озија при татковицте свои, и го пограбаа кај татковците негови во полето при царските гробници, зашто велеа, тој е лепрозен. А наместо него стана цар синот негов Јоатам.

  2Chronicles (26/36)