2Chronicles (25/36)  

1. Амасија стана цар на дваесет и пет години и царуваше во Ерусалим дваесет и девет години; мајка му се викаша Јехоадан, од Ерусалим.
2. Тој вршеше она што беше угодно пред очите на Господа, но не со полно срце.
3. Кога се зацврсти на царството, тој ги уби слугите свои, што го беа убиле царот, таткото негов.
4. Но децата нивни не ги погуби, бидејки е напишано во законот, во книгата Мојсеева, каде што Господ заповедал, велејки: да не биваат убивани татковците заради децата, и децата да не бидат убивани заради татковците, туку секој треба да умре заради својот престап.
5. Амасија ги собра Јудејците, ги нареди според племињата нивни под власта на иљадници и стотници - сите Јудејци и Венијаминовци; ги преброи од дваесет години и нагоре, и ги најде триста иљади души одбрани, кои што одат во војна и држат копје и штит.
6. Тој најми од Израилците уште сто иљади храбри војници за сто таланти сребро.
7. Но дојде при него човек Божји и рече: "Царе, нека не оди со тебе израилска војска, зашто Господ не е со Израилците, не е со никого од Ефремовите синови,
8. туку оди сам, врши работа, бори се храбро во војната. Инаку, ке те фрли Бог пред непријателот, зашто во Бога има сила да поткрепи и собори."
9. Амасија му одговори на Божјиот човек: "А што да се прави со стоте таланти, што и ги дадов на израилската војска?" Божјиот човек рече: "Господ може да ти даде повеке од тоа."
10. Амасија ги оддели, - војската, која беше дошла при него од земјата Ефремова, - да си одат во своето место. И тие се разгневија силно против Јудеја и се вратија во своето место многу налутени.
11. Амасија пак се осмели и го поведе народот свој, та отиде во Солената Долина и изби десет иљади синови Сеирови;
12. и десет иљади заробија живи синовите Јудини и ги одведоа на врвот од карпата, и ги турнаа оттаму и тие сите сосема се разбија.
13. А војската, што ја врати Амасија, за да не оди со него во војна, се растури по јудејските градови од Самарија до Ветерон, во кои уби три иљади души и собра многу плен.
14. Кога си дојде Амасија по поразот на Идумејците, ги пренесе боговите на Сеировите синови, ги постави кај себеси за богови и пред нив се клањаше и им кадеше.
15. Поради тоа се разгори гневот Господов против Амасија, и Он му испрати пророк, кој што му рече: "Зошто прибегнуваш кон боговите на тој народ, кои што не го избавија својот народ од раката твоја?"
16. Додека тој говореше, царот одговори: "Зар те поставив за царски советник? Престани, за да не те убијат." И пророкот престана, велејки: "Знам, дека Господ решил да те погуби, бидејки ти го направи тоа и не го слушаше мојот совет."
17. Се посоветува Амасија, царот јудејски, и испрати да му кажат на израилскиот цар Јоас, син на Јоахаза, Јуевов син: "Излези да се видиме лице во лице."
18. Тогаш израилскиот цар Јоас изпрати до јудејскиот цар Амасија да му кажат: "Трнот ливански испратил да му кажат на кедарот ливански: дај ја керката си на синот мој за жена. Но минале диви sверови ливански и го изгазиле тој трн.
19. Ти велиш: ете, ги избив Идумејците, - и срцето твое се возгордеа до пустославие. Седи погобро во домот свој. Зошто да се зафакаш со опасна работа? Kе паднеш ти, и Јудеја со тебе."
20. Но Амасија не послуша, бидјеки тоа беше од Бога, - за да ги предаде во раката на Јоаса, заради тоа што прибегна кон идумејските богови.
21. Излезе Јоас, царот израилски, и се видоа лице со лице, тој и Амасија, цар јудејски, во Ветсамис Јудејски.
22. И беа разбиени Јудејците од Израилците, и се разбегаа секој во шаторот свој.
23. И го улови Јоас, цар израилски, Амасија, царот јудејски, син на Јоаса, го доведе во Ерусалим и го собори ерусалимскиот sид во должина од четиристотини лакти - од Ефремовите порти до аголните порти;
24. го зеде сето злато и сребро и сите садови, што беа во домот Божји во Овед-Едом, и ризницата на царскиот дом, и заложниците, и се врати во Самарија.
25. Амасија, син Јоасов, цар јудејски, живееше по смртта на израилскиот цар Јоас, Јоахавов син, петнаесет години.
26. Другите Амасиеви дела, прво и последно, се опишани во книгата на царевите јудејски и израилски.
27. Потоа, откако Амасија отстапи од Господа, направија заговор против него во Ерусалим, и тој избега во Лахис. Испратија по него во Лахис, и го убија таму.
28. И го донесоа на коњи, та го погребаа кај татковците негови во Јудиниот град.

  2Chronicles (25/36)