2Chronicles (24/36)  

1. Јоас беше на седум години, кога стана цар и царуваше во Ерусалим четириесет години; мајка му се викаше Савија, од Вирсавија.
2. Јоас вршеше она што беше угодно пред очите на Господа преку сите денови на свештеникот Јодај.
3. Јодај му зеде две жени, и тој имаше од нив синови и керки.
4. Потоа Јоас намисли да го обнови домот Господов,
5. И ги собра свештениците и левитите и им рече: "Одете по градовите на Јудеја и секоја година собирајте од сите Израилци сребро за одржување на домот на нашиот Бог, и побрзајте во таа работа." Но левитите не побрзаа.
6. И царот го повика Јодаја, нивниот главатар, и му рече: "Зошто не бараш од левитите да го донесуваат од Јудеја и Ерусалим данокот, уставновен за скинијата на собранието од Мојсеја, слуга Господов, и од Израилското собраните?"
7. Бидејки нечестивата Готолија и синовите нејзини го беа разурнале домот Божји, и се, посветено на домот Господов, го беа употребиле за Вааловци.
8. Царот заповеда, та направија ковчег и го поставија при влезот на домот Господов, однадвор,
9. па разгласија по Јудеја и Ерусалим да Му Го принесуваат на Господа данокот, наложен од Мојсеја, слугата Божји, на Израилците во пустињата.
10. Се зарадуваа сите начланици и сиот народ, па принесуваа и пуштаа во ковчежето, додека не се наполни.
11. И кога левитите, пак, го донесуваа ковчежето при царските чиновици, и тие гледаа, дека има многу сребро, доа аше царскиот писар и повереникот на првосвештеникот, го празнеа и пак го однесуваа и го ставаа на истото место негово. Така правеа секој ден, и собраа многу сребро.
12. Царот и Јодај го предаваа на распоредниците по домот Господов, и тие најмуваа каменоресци и дрводелци за подновување на домот Господов, исто така и ковачи и казанxии, за да го поправат домот Господов.
13. Распоредниците работеа, и со нивните раце се изврши поправката, и го дотераа домот Божји во поранешна состојба и го поправија.
14. И кога завршија се, му го однесоа на царот и на Јодаја останатото сребро. И направија од него садови за домот Господов, садови за служба и сепаленици, чаши и други садови, златни и сребрени. И принесуваа сепаленици во домот Господов постојано преку сите денови на Јодаја.
15. Јодај остаре и, откако се насити од животот, умре: тој беше на сто и триесет години кога умре.
16. Го погребаа во Давидовиот град при царевите, бидејки тој правеше добро во Израилот - и за Бога и за домот Негов.
17. Но по смртта на Јодаја дојдоа Јудејските кнезови и му се поклонија на царот; оттогаш царот почна да ги слуша.
18. И го оставија домот Господов, Бога на татковците свои, и почнаа да им служат на посветените дрвја и на идолите; за таа вина нивна стана гневот Господов и врз Јуда и Ерусалим.
19. Тој им испрати пророци за да ги повратат кон Господа и им сведочеа, но тие не ги послушаа.
20. И Духот Божји го исполни Захарија, синот на свештеникот Јодај, и тој застана на возвишението пред народот и им рече: "Вака вели Господ: зошто ги прекршувате Господовите заповеди? Успех нема да имате: како што вие го оставивте Господа, така и Он ке ве остави."
21. Тогаш се побунија против него и го убија со камења, по заповед на царот Јоас, во дворот на Господовиот дом.
22. Царот Јоас не се сети на доброто, што му го беше направил Јодај, таткото на Захарија, а го уби синот негов. И тој, умирајки велеше: "Нека види Господ и нека побара;"
23. Откако измина годината, излезе против него сириска војска и влегоа во Јудеја и Ерусалим и ги истребија од народот сите кнезови народни и сиот плен, земен од нив и му го испратија на царот во Дамаск.
24. Иако сириската војска беше дошла во мал број, но Господ им предаде во рацете нивни мошне многубројна сила, затоа што Го беа оставиле Господа, Бога на татковците нивни. Тие му судеа и на Јоаса.
25. Кога си отидоа од него, откако го оставија во тешка болест, слугите негови направија заговор против него, заради крвта на синот на свештеникот Јодај, го убија во леглото негово, и тој умре. Го погребаа во Давидовиот град, но не го погребаа во царските гробници.
26. А заговорници против него беа: Завад, син на Амонитката Симеата, и Јехозавад, син на Моавката Шимрита.
27. За синовите негови, за многуте пророштва против него и за обновувањето на Божјиот дом е напишано во книгата на царевите. Наместо него стана цар синот негов Амасија.

  2Chronicles (24/36)