2Chronicles (22/36)  

1. Жителите ерусалимски место него за цар го поставија Охозија, најмалиот негов син, бидејки сите постари беа убиени од разбојници, што се беа приближиле до логорот со Арапите, - и така стана цар Охозија, синот на јудејскиот цар Јорама.
2. Охозија беше на дваесет и две години, кога стана цар, и царуваше во Еруслим една година; мајка му се викаше Готолија, керка на Амврија.
3. И тој исто така одеше по патиштата на Ахавовиот дом, зашто мајка му беше негова советничка во незаконските дела.
4. Тој го вршеше, она што беше неугодно пред очите на Господа, како домот Ахавов, зашто по смртта на татка му тој дом му беше советник, за негавата пропаст.
5. И, следејки го нивниот совет, Охозија отиде со израилскиот цар Јорама, син Ахавов, во војна против Азила, сирискиот цар, во Рамот Гладски. И Сиријците го ранија Јорама;
6. тој се врати во Израил да се лекува од раните, што му ги нанесоа во Рама, кога војуваше со Азаила, сирискиот цар. И Охозија, синот Јорамов, цар јудејски, дојде да го посети Јорама, синот Ахавов, во Израел, бидејки тој беше болен.
7. Тоа беше од Бога за пропаст на Охозија, затоа што тој дојде при Јорама; зашто, откако дојде, излезе со Јорама против Јуја, синот Намесиев, кого Господ го беше помазал за истребување на домот Ахавов.
8. Кога Јуј извршуваше суд над домот Ахавов, ги најде кнезовите јудејски и синовите на Охозиевите брака, кои му служеа на Охозија, и ги уби.
9. Тогаш заповеда да го бараат Охозија; го фатија, кога се криеше во Самарија; го доведоа при Јуја, го убија и го погребаа, зашто велеа: тој е син на Јосафата, кој Го бараша Господа со сето срце свое! И не остана во домот Охозиев никој, кој би можел да царува.
10. А Готолија, Охозиевата мајка, откако виде, дека син и умрел, стана и го погуби сиот царски род на Јудиниот дом.
11. Но царсктата керка Јосавета го зеде Охозиевиот син Јоаса, го грабна ме у царските синови, кога ги убиваа, и го скри со хранителката во спалната соба. На тој начин Јосавета, керката на царот Јорама, жена на свештеникот Јодаја, сестра на Охозија, го сокри Јоаса од Готолија, и таа не го убил.
12. И го криеја кај нив во домот Божји шест години; а над земјата царуваше Готолија.

  2Chronicles (22/36)