2Chronicles (21/36)  

1. И почина Јосафат при татковците свои и беше погребан со татковците свои во Давидовиот град. Место него цар стана синот негов Јорам.
2. Неговите брака, синови Јосафатови беа: Азарија, Јехиил, Захарија, Михаил и Сафатија; сите тие беа синови на Израилевиот цар Јосафат.
3. Нивниот татко им даде големи подароци во сребро, злато и скапоцености, заедно со утврдените градови во Јудеја, а царството му го предаде на Јорама, бидејки тој беше првороден.
4. Јорам стапи на татковиот престол, се утврди и ги уби со меч сите свои брака, а исто така и некои Израилеви кнезови;
5. Јорам беше на триесет и две години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим осум години;
6. тој одеше по патот на израилските цареви, како што постапуваше домот Ахавов, зашто Ахавовата керка му беше жена, - и го вршеше, она што беше неугодно пред очите Господови.
7. Но Господ, пак, не сакаше да го погуби домот Давидов поради заветот, што го беше склучил со Давида, и поради тоа што беше ветил да му даде светилник нему и на синовите негови за сите времиња.
8. Во неговите дни Едом се одметна од власта Јудина и си постави цар.
9. Затоа Јорам тргна со своите војводи, и со сите коли свои; и станувајки ноке, го порази Едома, кого го беа опколиле, и началниците на колите и народот избега во живеалиштата свои.
10. Но сепак Едом се одвои од власта на Јуда и до денес. Во исто време се одметна и Ливна од власта негова, зашто го беше оставил Господа Бога на татковците свои.
11. Исто така и идолски светилишта направи по горите јудејски, ги воведе во блудство ерусалимските жители и ја соблазни Јудеја.
12. И му дојде писмо од пророкот Илија, во кое се велеше: "Вака говори Господ, Бог на татка ти Давида: ‘затоа што не тргна по патиштата на татка си Јосафата и по патиштата на Аса, царот јудејски,
13. туку појде по патот на израилските цареви и ги воведе во блудство Јудеја и ерусалимските жители, како што го воведуваше во блудство домот Ахавов, па уште и браката свои, домот на татка си, кои беа подобри од тебе, ти ги умртви.
14. Затоа, еве, Господ ке го порази со голем пораз твојот народ и синовите твои, и жените твои, и целиот имот твој,
15. а, пак, тебе, со лута болест, со болеста на цревата, така што од болеста ке па аат делови од утробата од ден на ден.‘"
16. И го подигна Господ против Јорама духот на Филистејците и Арапите, соседи на Етиопјаните;
17. и тие се кренаа против Јудеја, навлегоа во неа и го ограбија сиот имот, што беше во домот на царот, а исто така и синовите негови, и жените негови, та не му остана друг син, освен Охозија, најмалиот од синовите негови.
18. По сето тоа Господ ги порази цревата негови со болест неизлечива.
19. Така одеше одден наден, а кон крајот на втората година му паднаа цревата од болеста негова и тој умре во страшни маки; и народот не запали за него благопријатни мириси како што правеше за татковците негови;
20. тој беше на триесет и две години, кога стана цар, царуваше во Ерусалим осум години, и отиде неоплакан; го погребаа во Двидовиот град, но не во царските гробници.

  2Chronicles (21/36)