2Chronicles (20/36)  

1. Потоа Моавците и Амонитите, а со нив и некои од земјата Моавска, појдоа во војна против Јосафата.
2. Дојдоа и му јавија на Јосафата, велејки: "Против тебе доа а големо множесто народ од преку море, од Сирија, и веке се во Асасан-Тамар, односно во Енгеди.
3. Јосафат се уплаши и го сврти лицето свое и Го побара Господа и објави пост во цела Јудеја.
4. Се собраа Јудејци да молат за помош од Господа; дојдоа да Го молат Господа од сите Јудини градови.
5. И застана Јосафат во собранието на Јудејците и на Ерусалимците во Домот Господов, пред новиот трем,
6. и рече: "Господи, Боже на татковците наши! Не си ли Ти Бог на небото? Ти владееш над сите царства на народите; и во Твојата рака е силата и цврстината, и никој не може да устои спроти Тебе!
7. Не ли Ти, Боже наш, ги истера жителите на оваа земја, пред лицето на Твојот народ Израилот и му ја даде засекогаш на семето од Авраама, Твојот возљубен?
8. Тие се населија во неа и Ти изградија во неа светилиште во Твое име, велејки:
9. ‘ако дојде врз нас невоља: меч-погубен, или помор, или глад, ке застанеме пред овој дом и пред Твоето лице, зашто името Твое е во тој дом; и во маките свои ке повикаме кон Тебе, и ти ке не чуеш и ке не избавиш.‘
10. И сега, еве, Амонитите и Моавците и жителите на гората Сеир, преку чии земји не дозволи да преминат Израилците, кога доа аа од Египетската земја, па затоа тие ги одминаа и не ги сотреа.
11. А, еве, тие ни вракаат сега со тоа, што дошле да не истераат од Твоето наследствено владение, што си ни го дал.
12. Боже наш! Суди им Ти. Зашто ние немаме сила против тоа големо множество, што не нападнало и не знаеме, што да правиме; но очите ни се кон Тебе."
13. Сите Јудејци стоеја пред лицето Господово, и нивните мали деца, жените нивни и синовите нивни.
14. Тогаш Духот Господов слезе среде собранието врз Јозиила, синот на Захарија, син Ванев, син Јеилов, син Матаниев, Левит од Асафовите синови.
15. и рече: "Чујте сите Јудејци и жители ерусалимски, и ти, цару Јосафате! Вака ви вели Господ ваш: ‘Не плашете се и не стравувајте од тоа големо множество, зашто војната не е ваша, туку Божја.
16. Излезете утре против нив: ете, тие ке се искачуваат по ридот Асис, вие ке ги најдете на крајот на долината, спрема пустињата Јеруил.‘
17. Овој пат нема вие да се борите: застанете, стојте и гледајте го спасението од Господа, што ви се испрака. Јудо и Ерусалиме, не плашете се и не стравувајте! Излезете утре против нив, и Господ ке биде со вас."
18. Јосафат се поклони со лицето до земја, и сите Јудејци и жители ерусалимски паднаа пред Господа, за да Му се поклонат.
19. А левитите од синовите Катови и од синовите Корееви почнаа да Го слават Господа, Бога Израилев, со многу висок глас.
20. Утредента станаа рано и тргнаа кон Текојската пустиња, и кога тргнаа, застана Јосафат и рече: "Чујте ме, Јудејци и жители ерусалимски! Верувајте Му на Господа, вашиот Бог, и бидете цврсти; верувајте им на пророците Негови и ке имате успех."
21. Потоа се посоветува со народот и постави певци пред Господа, тие со своето благолепие, одејки пред војската, да ја слават светоста и да велат: "Фалете Го Господа, зашто милоста Негова е засекогаш!"
22. И кога почнаа да воскликнуваат и да славословат, Господ предизвика несогласност ме у Амонитите, Моавците и жителите на гората Сеир, што ја беа нападнале Јудеја, и тие беа разбиени:
23. зашто Амонитите и Моавците се кренаа против жителите на гората Сеир, и ги биеја и ги истребуваа, а кога завршија со жителите на Сеир, почнаа да се истребуваат едни со други.
24. И кога Јудејците дојдоа на ридот при пустињата и го видоа она множесто, а таму - трупови, испружени по земјата, и никој не се беше спасил.
25. Дојде Јосафат и народот негов да собираат плен, најдоа кај нив прилично многу и богатство, и облека и скапоцени работи, и собраа толку, што не можеа да носат. Три дни собираа плен - толку многу голем беше тој!
26. А на четвртиот ден се собраа во долината на благословението, бидејки таму Го благословија Господа. Затоа тоа место се вика Долина на благословението и до денес.
27. Тогаш сите Јудејци и ерусалимците, на чело со Јосафата, тргнаа да се вратат во Ерусалим радосно, зашто Господ им даде победа над непријателите нивни.
28. И дојдоа во Ерусалим со псалтири, гусли и труби пред домот Господов.
29. И страв Божји нападна врз сите царства земни, кога слушнаа, дека Сам Господ војувал против непријателите на Израилот.
30. И царството Јосафатово се успокои; Господ му даде мир од сите страни.
31. Така царуваше Јосафат над Јудеја. Кога стана цар, беше на триесет и пет години, и царуваше во Ерусалим дваесет и пет години. Мајка му се викаше Азува, керка Салиева.
32. Тој одеше по патот на татка си Аса и не се отстрани од него, вршејки го она што е угодно пред очите на Господа.
33. Само идолските светилишта уште не беа разрушени, народот се уште не го беше свртел срцето свое кон Бога на татковците свои.
34. Другите дела Јосафатови, први и последни, опишани се во записите на Јуја, синот Ананиев, кои се внесени во книгата на израилските цареви.
35. Но потоа Јосафат, царот јудејски, се здружи со Охозија, цар израилски, кој постапуваше беззаконо;
36. се поврза со него, за да градат кораби, што ке ги испракаат во Тарсис; а изградија и кораби во Гасион-Гавер.
37. Тогаш Елиезер, синот Додиев од Мариса, пророкува за Јосафата и рече: "Бидејки си се здружил со Охозија, Господ ке го разруши твоето дело". И корабите се разбија и не можеа да одат во Тарсис.

  2Chronicles (20/36)