2Chronicles (2/36)  

1. Соломон потоа науми да изгради дом на името Господово и царски дом за себеси.
2. И собра Соломон седумдесет иљади носачи и осумдесет иљади каменоделци во горите и надгледници над нив - три иљади и шестотини.
3. Па испрати Соломон да му кажат на тирскиот цар Хирама: "Како што правеше со татка ми Давида и му испракаше кедар, за да си изгради дом за живеење, така направи и со мене.
4. Еве, јас градам дом на името Господово, мојот Бог, да го посветам Нему, за да се кади пред Него миризливо кадиво, да се поставуваат постојано лебови на предложението и да се принесува таму сепалненици наутро и навечер, и во саботите, новомесечијата и празниците на Господа, нашиот Бог, што му е заповедано засекогаш на Израилот.
5. Домот, што го градам, е голем, зашто голем е нашиот Бог, погоре е од сите богови.
6. Та кој може Нему да Му изгради дом, кога небото и небесата на небесата не можат да ја соберат Неговата слава? И кој сум јас, па да можам да Му изградам дом, освен за кадење пред лицето Негово?
7. Па така, испрати ми сега човек, што знае да прави изработки од злато, од сребро, од бакар и од железо и од пурпурна, црвена и сина пре а, и кој знае да реже за да работи заедно со уметниците, какви што има во Јудеја и во Ерусалим, а коишто ги приготви татко ми Давид.
8. И испрати ми кедрови дрва и кипарис и невгово дрво од Ливан, зашто знам, дека твоите слуги умеат да сечат ливански дрвја. Е ете, моите слуги ке одат со твоите слуги,
9. за да ми подготват многу дрва, зашто домот, што го градам, е голем и величествен.
10. А на дрводелците, твоите слуги, што ке ги сечат дрвјата, ке им дадам за храна: дваесет иљади мери пченица и дваесет иљади мери јачмен, дваесет иљади мери вино и дваесет иљади мери елеј."
11. И Хирам, царот тирски, одговори со писмо, кое му го испрати на Соломона: "Затоа што го засака Својот народ, Господ те постави за цар над него."
12. И уште рече Хирам: "Благословен Господ, Бог Израилев, Кој го создал небото и земјата и му дал на Давида син мудар, учен и разумен, кој се готви да Му гради дом на Господа и дом царски за себеси.
13. Па така, ти испракам човек, надарен со знаења, слугата мој Хирама,
14. син на жена од Давидовите керки, а татко му е Тирец; тој знае да прави изработки од злато и од сребро, од бакар и од железо, од камен и од дрво, од пурпурна и сина пре а, од висон и од багреница и да реже секаква резба и да прави се, што ке му биде порачано, заедно со твоите уметници и со уметници на мојот господар Давида, твојот татко.
15. А пчницата и јачмнаот, елејот и виното, што ги ветуваш, испрати ги, господаре мој, на своите слуги.
16. Ние, пак, ке насечеме дрва од Ливан колку што треба, и ке ги донесеме на скели по морето во Јафа, и ти ке ги пренесеш во Ерусалим."
17. И ги собра Соломон сите придојдени, што беа тогаш во Израилската земја, според пописот што го беше направил татко му Давид, - и излегоа сто и педесет и три иљади и шестотини.
18. Од нив Соломон определи седумдесет иљади за носачи, осумдесет иљади за каменоделци во горите и три иљади и шестотини за надгледници, за да настојуваат народот за работи.

  2Chronicles (2/36)