2Chronicles (19/36)  

1. Кога Јосафат, царот јудејски, се вракаше со мир во домот свој во Ерусалим,
2. излезе да го пресретни јановидецот Јуј, син Ананиев, и му рече на царот Јосафата: "Требаше ли да му помагаш на безбожникот и да ги сакаш оние, што Го мразат Господа? Затоа гневот Господов падна врз тебе.
3. Но добро се најде во тебе, зашто ти ги истреби идолите во земјата Јудејска и го расположи срцето свое за да Го побараш Бога."
4. Јосафат живееше во Ерусалим. И пак почна да го обиколува народот свој од Вирсавија до Ефремовата гора, и ги поврати кон Господа, Бога на татковците нивни.
5. И постави судии во земјата по сите утврдени градови на Јудеја, во секој град,
6. па им рече на судиите: "Внимавајте што правите; вие вршите не суд човечки, туку суд Господов; во судската работа Бог е со вас.
7. Затоа стравот Господов нека биде врз вас: работете внимателно, зашто кај Господа, нашиот Бог, нема неправда, ни лицемерие, ниту примање дарови."
8. Јосафат и во Ерусалим постави некои левити и свештеници и старешини на домовите татковци во Израилот - за суд Господов и за тужби. И се вратија во Ерусалим.
9. Тогаш им заповеда, велејки: "Така работете со страв Господов, со верност и со чисто срце:
10. при секоја расправија, каква што ке дојде кај вас од браката ваши, што живеат по градовите свои, било за крвнина, или за закон, заповед, уредба и обреди, објаснувајте им да не грешат пред Господа, та да не дојде гневот Негов врз вас и врз браката ваши: така работете, и нема да згрешите."
11. И ете, првосвештеникот Амарија е над вас за секоја Господова работа, а Завадија, синот Измаилов, кнез на Јудиниот дом, - за секоја царска работа, а и книжниците и левитите се пред вас. Бидете црвсти и работете, и Господ ке биде со добриот."

  2Chronicles (19/36)