2Chronicles (18/36)  

1. Јосафат имаше големо богатство и слава, па се сроди со Ахава.
2. По неколку години отиде при Ахава во Самарија; и закла Ахав многу добиток, ситен и крупен, за него и за лу ето со него и го убедуваше да се кренат притив Рамот Галадски.
3. И му рече Ахав, царот израилски, на Јосафата, царот јудејски: "Kе дојдеш ли со мене во Рамот Галадски?" Тој му одговори: "Како што ке одиш ти, така и јас, како твојот народ, така и мојот народ; ке дојдам со тебе во војна!"
4. Уште му рече Јосафат на царот израилски: "Прашај уште денес што ке рече Господ."
5. Израилскиот цар собра четиристотини души пророци и им рече: "Да одиме ли во војна против Рамот Галадски, или ке мируваме?" Тие одговорија: "Оди, и Господ ке го предаде во раката на царот."
6. Јосафат праша: "Нема ли тука уште некој пророк Господов, да го прашаме и него?"
7. Му одговори царот израилски на Јосафата: "Има уште еден човек, преку кого можеме да Го прашаме Господа, но јас него не го сакам, зашто тој не пророкоува добро за мене, туку секогаш пророкува лошто; тој е Михеј, син Јемлиев." Јосафат му рече: "Не зборувај така, цару!"
8. Царот израилски повика еден дворјанин и рече: "Оди поскоро да го повикаш Михеја, синот Јемлиев!"
9. А царот израилски Ахав и Јосафат, царот јудејски, седеа секој на престолот свој, облечени во царска облека, седеа на плоштадот пред Самариските порти, и сите пророкуваа пред нив.
10. Седекија, синот Хананов, си беше направил железни рогови и рече: "Вака вели Господ: ‘со нив ке ги избодеш Сиријците, додека не ги истребиш.‘"
11. И сите пророци го пророкуваа истото, велејки: "Оди против Рамот Галадски, ке имаш успех, и Господ ке го предаде во раката на царот."
12. Испратениот, што отиде да го повика Михеја, му рече: "Ене, пророците едногласно му претскажуваат добро на царот; и твојот збор нека биде таков, како на секого од нив: изречи и ти добро."
13. Михеј одговори и рече: "Жив Господ! Она што ке ми каже Господ, тоа ке го изречам."
14. Кога дојде при царот, а царот му рече: "Михеј, да одиме ли во војна против Рамот Галадски, или да се воздржиме?" Тој одговори: "Одете, ке имате успех; тие ке бидат предадени во рацете ваши."
15. Царот му рече: "Колку пати ке те заколнувам да не ми говориш ништо, освен вистината во името Господово?"
16. Тогаш Михеј рече: "Ги видов сите синови на Израилот, распрснати по горите како овци без пастир, - и Господ рече: ‘тие немаат водач, секој нека се врати со мир во домот свој!‘"
17. Царот израилски му рече на Јосафата: "Не ли ти реков, дека тој не ми пророкува добро, туку само лошо?"
18. Михеј пак рече: "Тогаш чујте го зборот Господов: Го видов Господа, седнат на Својот престол, а сета војска небеска стоеше десно и лево од Него.
19. И рече Господ: ‘Кој ке го измами Ахава, израилскиот цар, да оди и да загине во Рамот Галадски?‘ И еден велеше вака, друг велеше инаку.
20. Истапи еден дух, застана пред лицето на Господа и рече: ‘Јас ке го измамам.‘ А Господ праша: ‘со што?‘
21. Тој одговори: ‘Kе излезам и ке станам дух на лагата во устата на сите пророци негови.‘ И рече Он: ‘Ти ке го подмамиш и ке успееш; оди и направи така.‘"
22. И сега, ете, Господ допушти да влезе духот на лагата во устата на тие твои пророци, но Господ рече не е добро за тебе."
23. Тогаш пристапи Седекија, син на Ханана, па го плесна Михема и рече: "По кој пат премина од мене Духот Господов, за да говори во тебе?"
24. А Михеј рече: "Ете, ке го видиш тоа во оној ден, кога ке бегаш од соба во соба, за да се сокриеш."
25. Тогаш израилскиот цар рече: "Земете го Михеја и одведете го при градоначланикот Емира и при кнезот Јоаса, царевиот син,
26. и речете, вака вели царот: ‘затворете го овој во темница и хранете го скудно со леб и вода, додека да се вратам со мир.‘"
27. А Михеј рече: "Ако се вратиш со мир, тогаш не говорел Господ со мене." И пак рече: "Чујте го ова сите лу е!"
28. И тргнаа царот израилски и Јосафат, царот јудејски, кон Рамот Галадски.
29. И царот израилски му рече на Јосафата: "Јас ке се преоблечам и ке влезам во борба, а ти облечи ги царските одежди. И се преоблече царот израилски, и влегоа во битка.
30. Тогаш царот сириски од својата кола им заповеда на војводите: "Не удирајте ни на мал ни на голем, туку само на царот израилски!"
31. А кога началниците на колите го видоа Јосафата, си помислија: тоа е царот израилски, - и го опколија, за да се удрат со него. Но Јосафат извика, и Господ му помогна, и Бог ги одврати од него.
32. Штом началниците на колите видоа, дека не беше царот израилски, се вратија од него.
33. Во тоа време еден човек го затегна случајно лакот свој и го рани израилскиот цар низ составот на оклопот негов. И тој му кажа на човекот: "Врати се назад и изведи ме од војската, зашто сум ранет."
34. Но борбата во тој ден се засили; и израилскиот цар седеше на колата спроти Сиријците до вечерта и умре по зајдисонце.

  2Chronicles (18/36)