2Chronicles (15/36)  

1. Тогаш Духот Божји слезе врз Азарија, син Ададов.
2. Тој излезе да го пресретне Аса и сите Јудејци и Венијаминовци, и им рече: "Послушајте ме, Аса и сите Јудејци и Венијаминци: Господ е со вас, кога сте вие со Него; и ако Го барате, ке Го најдете; ако, пак, Го оставите, и Он ке ве остави.
3. Многу дни Израилот ке биде без вистински Бог, без свештеник да поучува, и без закон;
4. но кога во притеснетоста своја ке се обрне кон Господа, Бога Израилев, и ке Го побара, и ке Го најде.
5. Во тие времиња нема да има мир ни за оние што излегуваат, ни за оние што влегуваат; зашто ке има голема збрка ме у сите жители земни;
6. народ ке се бие со народ, и град со град, затоа што ке ги смути Бог со секакви невољи.
7. Но вие држете се цврсто, и рацете ваши да не ослабуваат, зашто ке има награда за делата ваши."
8. Кога ги чу Аса тие зборови и пророштвата на Асарија, син на пророкот Адада, тој се охрабри и ги премавна незнабожечките гнасотии од целата земја Јудејска и Венијаминова, и од градовите на Евремовата гора, што ги беше презел, го обнови и жртвеникот Господов, што беше пред Господовиот трем.
9. Тогаш ги собра сите Јудејци и Венијаминовци и преселени од Ефрема, Манасија и Симеона, кои живееја со нив; зашто многу Израилци преминаа кон него, откако видоа, дека Господ, неговиот Бог, е со него.
10. И се собраа во Ерусалим во третиот месец на петнаесеттата година од царувањето на Аса.
11. Во тој ден принесоа жртва на Господа од пленот, што го донесоа: од крупниот добиток седумстотини и од ситниот - седумдесет иљади.
12. Склучија завет да Го бараат Господа, Бога на татковците свои, од се срце и од сета душа;
13. а секој, што не Го побара Господа, Бога Израилев, да умре - бил тој мал или голем, маж или жена.
14. И се заколнаа во Господа громогласно со восклици и при звукот на трубите и роговите.
15. И сите Јудејци се радува на таа заклетва, зашто се колнеа од се срце и со сета воља. Го бараа Господа, и Го најдоа. Тогаш Господ им даде спокојствие од сите страни.
16. А мајка си Маха царот ја лиши од царското достоинсто, затоа шти беше и служела на Астарта. Аса го сруши идолот нејзин, го исече на парчиња и го изгори во Кедронскиот дол.
17. Иако идолските светилишта не беа премавнати во Израилот, но срцето на Аса беше наполно предадено на Господа во сите дни негови.
18. Тој го внесе посветеното од таткото свој во Божјиот дом; среброто, златото и садовите.
19. И немаше војна до триесет и петтата година од царувањето на Аса.

  2Chronicles (15/36)