2Chronicles (13/36)  

1. Во осумнаесеттата година од царувањето на Јеровоама стана цар Авија над Јуда;
2. тој царуваше три години во Ерусалим; мајка му се викаше Михаја, керка Урилова, од Гаваон. И Авија водеше војна со Јеровоама.
3. Авија изведе во војна војска од храбри лу е, четиристотини иљади одбрани души, а Јеровоам излезе против него во бој со осумстотини иљади души, исто така одбрани јунаци.
4. И застана Авиј на врвот од планината Семераим, една од Ефремовата гора, и рече: "Чујте ме, Јеровоаме и сите Израилци!
5. Не знаете ли, дека Господ, Бог Израилев, му го даде на Давида царството над Израилот засекогаш, нему и на синовите негови, според заветот вечен."
6. Но беше востанал Јеровоам, синот Наватов, слуга на Давидовиот син Соломона, и се побуни против господарот свој.
7. И се собраа околу него лу е долни, развратници и станаа против Ровоама, синот Соломонов; а Ровоам беше млад и со слабо срце, и не издржа против нив.
8. А сега вие мислите да устоите против царството Господово, кое е во рацете на Давидовите синови, зашто вас ве има многу и затоа што имате златни телиња, што ви ги направи Јеровоам за богови.
9. Нели вие ги изгонивте свештениците Господови, синовите Аронови, и левитите, и си поставивте свештеници, какви што има при народите во другите земји? Секој, што доа а за свое посветување со теле и седум овни, тој станува кај вас свештеник на лажни богови.
10. А кај нас - Господ е наш Бог; ние не сме Го оставиле; не Господа Му служат како свештеници синовите Аронови, и левитите се на својата работа.
11. Тие Му жртвуваат на Господа сепаленици, секое утро и секоја вечер, и миризливо кадиво, ги слагаат лебовите еден врз друг на чиста трпеза и ги палат кандилцата на златниот светилник за да горат секоја вечер, зашто ние ја пазиме наредбата на Господа, нашиот Бог, а вие сте Го оставиле.
12. И, ете, нам на чело ни е Бог и Неговите свештеници и громогласните труби, за да грмат против вас. Синови Израилеви, не војувајте против Господа, Бога на вашите татковци, зашто нема да успеете!
13. Во тоа време Јеровоам направи заседа зад нивниот тил, така што самиот тој беше пред Јудејците, а заседата - зад нив.
14. И кога се обsрнаа Јудејците, - а тоа борба и отспреди и одзади; и повикаа кон Господа, а свештениците затрубија со труби.
15. И почнаа да викаат Јудејците. И кога Јудејците повторно извикаа, Бог го порзи Јеровоама и сите Израилци пред Авија и Јуда.
16. И синовите Израилеви почнаа да бегаа пред Јудејците; и Бог го предаде во рацете нивни.
17. Авија и народот негов страшно ги поразија; и паднаа од Израилот петстотини иљади одбрани јунаци.
18. Тогаш синовите Израилеви се смирија, а синовите Јудини станаа силни, зашто се надеваа на Господа, Бога на татковците нивни.
19. Авија, пак, го гонеше Јеровоама и му ги одзеде градовите: Ветил и нему потчинетите села, Јесин со селата негови и Ефрон со потчинетите му села.
20. И Јеровоам веке не се совзеде во дните на Авија. Господ го порази и тој умре.
21. Авија, пак, се засили; си зеде четиринаесет жени и роди дваесет и два сина и шеснаесет керки.
22. Другите дела на Авија, делата негови и зборовите негови се опишани во записите на пророкот Ада.

  2Chronicles (13/36)