2Chronicles (12/36)  

1. Кога царството на Ровоам се зацврсти, и тој стана силен, го остави законот Господов, а заедно со него и сиот Израил.
2. На петтата година од Ровоамовото царување Сусаким, египетскиот цар, се крена против Ерусалим, - зашто беа отстапиле од Господа, -
3. со иљада и двесте коли и шеесет иљади коњаници; а дојдениот од Египет со него народ: Ливијци, Троглодити и Етиопјани, - број немаше;
4. и ги презеде утврдените градови во Јудеја и стигна до Ерусалим.
5. Тогаш пророкот Самеј дојде при Ровоама и при јудејските кнезови, што се беа собрале во Ерусалим, за да се спасат од Сусакима, и им рече: "Вака вели Господ: ‘Вие Ме оставивте, затоа и Јас ве оставам во рацете на Сусакима.‘"
6. Кнезовите Израилеви и царот се смирија и рекоа: "Праведен е Господ!"
7. Кога виде Господ, дека тие се смирија, дојде словото Господово до Самеја и беше речено: "Нема да ги погубам, а скоро ке им дадам избавление; Мојот гнев нема да се излее врз Ерусалим преку раката Сусакимова;
8. бидејки тие ке му станат слуги, за да знаат што е тоа да Ми служат Мене и да им служат на земните царства."
9. Египетскиот цар Сусаким дојде во Ерусалим и ги одзеде ризниците на домот Господов и ризниците на царскиот дом; одзеде се, ги одзеде и златните штитови, што ги беше направил Соломон.
10. Но царот Ровоам направи место нив бакарни штитови и ги предаде во рацете на старешините над чуварите, што го чуваа влезот во царскиот дом.
11. Кога одеше царот во Господовиот дом, доа аа чуварите и ги носеа, а потоа пак ги вракаа во живеалиштето на чуварите.
12. И кога се смири, гневот Господов се одврати од него и не го погуби до крај; па и во Јудеја имаше нешто добро.
13. Се зацврсти царот Ровоам во Ерусалим и царуваше. Кога се зацари, тој беше на четириесет и една година, а царуваше седумнаесет години во Ерусалим, во градот, кого Господ го избра ме у сите колена Израилеви, за да остане таму засекогаш името Негово. Мајка му се викаше Нама, Амонитка.
14. И вршеше зло, зашто не го беше расположил срцето свое за да Го побара Господа.
15. Делата на Ровоама, први и последни, се опишани во записите на пророкот Самеја и јасновидецот Ада во родословијата. Ровоам имаше војни со Јеровоама во сите денови.
16. Ровоам почина при татковците свои и беше погребан во Давидовиот град. И место него стана цар синот негов Авија.

  2Chronicles (12/36)