2Chronicles (11/36)  

1. Ровоам пристигна во Ерусалим и свика од Јудиниот и Венијаминовиот дом сто и осумдесет иљади одбрани војници, за да војуваат против Израилот и да му го вратат царството на Ровоама.
2. И би слово Господово до Самеја, човекот Божји, со кое беше речено:
3. "Кажи му на Соломоновиот син Ровоам, цар Јудејски, и на сиот Израил во Јудиното и Венијаминовото племе:
4. вака вели Господ: ‘не одете и не почнувајте војна со браката свои; вратете се секој во домот свој, зашто Јас го направив тоа.‘ Тие ги послушаа зборовите Господови и се вратија од походот против Јеровоама.
5. Ровоам живееше во Ерусалим и ги загради градовите во Јудеја со sидови.
6. Го утврди Витлеем, Етам, Текуја,
7. Ветсур, Сокхот, Одолам,
8. Гет, Марисан, Зиф,
9. Адурем, Лахис, Азиер,
10. Салај, Елон и Хеврон, што беа на Јудиното и на Венијаминовото племе.
11. Ги зацврсти тие тврдини и постави во нив началници и житници ,и одделенија за елеј и вино.
12. И на секој град му даде штитови и копја и ги зацврсти прилично добро. Под него останаа Јуда и Венијамин.
13. Свештениците и левитите, колу што ги имаше по целата земја Израилска, се собраа при него од сите краишта,
14. зашто левитите ги оставија селата свои и владенијата свои и дојдоа во Јудеја и во Ерусалим, бидејки Јеровоам и синовите негови ги отстранија од свештенството Господово
15. и си поставија жреци во идолските светилишта на ридовите, за идолите и за телињата што тој ги направи.
16. А по нив и од сите племиња Израилеви, кои го управија срцето свое да Го бараат Господа, Бога Израилев, одеа во Ерусалим, за да Му принесат жртви на Господа, Бога на татковците свои.
17. Тие го зацврстија царството Јудино и го поддржуваа Соломоновиот син Ровоам три години, зашто одеа по патот на Давида и Соломона во тие три години.
18. Ровоам си ја зеде за жена Маелата, керката на Јеримута, син Давидов, и на Авигеја, керка на Елијава, син Јесеев;
19. И таа му ги роди синовите: Јеуса, Саморија и Зама.
20. По неа тој ја зеде Маха, керка Авесаломова, и таа му ги роди Авија, Јевтија, Зиза и Салимота.
21. Ровоам ја сакаше Маха, Авесаломовата керка, повеке од сите свои жени и наложници, зашто тој имаше осумнаесет жени и шеесет наложници, и роди дваесет и осум синови и шеесет керки.
22. Ровоам го постави Авија, синот на Маха, за началник и кнез над браката свои, зашто сакаше да го направи цар.
23. Па мудро работејки, тој ги распрати сите синови свои по сите земји на Јуда и Венијамина, по сите утврдени градови, им даде многу храна и за нив доведе многу жени.

  2Chronicles (11/36)