2Chronicles (10/36)  

1. Ровоам отиде во Сихем, зашто во Сихем се беа собрале сите Израилци, за да го изберат за цар.
2. Кога чу за тоа Јеровоам, синот Наватов, - кој се нао аше во Египет, каде што беше избегал од царот Соломон, - тој се врати од Египет.
3. Испратија да го повикаат. Дојде Јеровоам и сиот Израил, и му говореа на Ровоама вака:
4. "Твојот татко ни маложи тешко иго; ти пак олесни ни го тешкото ропство од татка ти и тешкото иго, што ни го наложи тој, и ние ке ти служиме."
5. Ровоам им одговори: "По три дена дојдете пак при мене." И народот се разотиде.
6. Се посоветува царот Ровоам со старешините, што стоеја пред татка му Соломона, додека беше жив, и им рече: "Што ке ме посоветувате да му одговорам на овој народ?"
7. Тие му одговорија: "Ако бидеш добар спрема овој народ и му угодиш, ако му говориш благи зборови, тој ке ти служи во сите дни."
8. Но тој го отфрли советот, што му го дадоа старешините, па почна да се советува со младите, што беа израснале заедно со него и служеа при него;
9. па им рече: "Што ке ми советувате да им одговорам на оние лу е, што ми рекоа вака: ‘Олесни ни го игото, што ни го наложи татко ти?‘
10. Младите, што беа израстане со него, му одговорија и рекоа: "Вака кажи им на тие лу е, што ти рекле: ‘твојот татко ни наложи тешко иго, ти, пак олесни ни го,‘ - вака кажи им: ‘малиот прст ми е подебел од бедрата на татка ми.
11. Татко ми ви наложи тешко иго, јас, пак, ке го зголемам вашето иго; татко ми ве казнуваше до камшици, јас, пак, ке ве бијам со скорпии.‘"
12. Дојде Јеровоам и сите лу е при Роваоама на третиот ден, како што им беше заповедал царот, велејки: "Дојдете при мене пак по три дена."
13. Тогаш царот им одговори грубо, бидејки царот Ровоам го отфрли советот на старешините, и им говорешие според советот на младите вака:
14. "Татко ми ви наложи тешко иго, јас пак ке го зголемам; татко ми ве казнуваше со камшици, јас, пак, ке ве бијам со скорпии."
15. И царот не го послуша народот, зашто така беше определено од Бога, за да го исполни Господ зборот Свој, што го беше изрекол преку Силоамецот Ахија на Наватовиот син Јеровоама.
16. Кога сиот Израил виде, дека царот не го слуша, народот му одговори на царот, велејки: "Како дел имаме во Давида? За нас нема дел во синот Јесеев; по шаторите свои, Израиле! Сега знај го својот дом, Давиде!" И се разотидоа сите Израилци по шаторите свои.
17. А Ровоам остана цар само на синовите Израилеви, што живееја во Јудините градови.
18. Царот Ровоам го испрати Адонирама, кој беше над даноците, но синовите Израилеви го затрупаа со камења, и тој умре. А царот Ровоам побрза да седни в кола, за да избега во Ерусалим.
19. Така се одметнаа Израилците од домот Давидов и до денес.

  2Chronicles (10/36)