2Chronicles (1/36)  

1. Соломон, синот Давидов, се зацврсти во царството свое, и Господ, неговиот Бог, беше со него и го возвеличи високо.
2. И му заповеда Соломон на сиот Израил да се соберат: иљадниците, стотниците, судиите и сите началници во сиот Изриал - старешините на домовите татковски.
3. Па отидоа Соломон и целото собрание со него на ридот во Гаваон, бидеки таму беше Божјата скинија на сведоштово, која Мојсеј, слугата Господов, ја беше подигнал во пустињата.
4. Давид го беше пренел Божјиот ковчег од Киријат-Јарим на она место, што му го беше приготвил, откако направи за него скинија во Ерусалим.
5. А бакарниот жртвеник, што го беше направил Веселеил, синот на Урија, Одов син, си остануваше таму пред синијата Господова; него го побараа Соломона и собранието.
6. И таму пред лицето на Господа, врз бакарниот жртвеник, што беше пред скинијата на сведоштвото, Соломон принесе иљада сепаленици.
7. Во таа нок му се јави Господ на Соломона и му рече: "Барај, што сакаш да ти дадам."
8. Соломон Му одговори на Бога: "Ти му направи на таткото мој Давида голема милост и ме постави за цар место него.
9. Нека се исполни сега, Господи, словото Твое кон татка ми Давида, бидејки ме направи цар над народ многуброен, како земниот прав,
10. дај ми сега мудрост и разум, за да излегувам и влегувам пред тој народ; зашто, кој може да управува со Твојот голем народ?"
11. И му рече Бог на Соломона: "Затоа што го имаш тоа во срцето свое и не побара богатство, имот и слава, ниту душите на твоите непријатели, туку побара мудрост и разум, за да управуваш со Мојот народ, над кој те поставив за цар, -
12. мудрост и разум ти се дава, а богатство, имот и слава ке ти дадам такви, какви што кај царевите пред тебе немало, нити ке има по тебе."
13. Тогаш Соломон се врати од ридот во Гаваон, од скинијата на сведоштвото, во Ерусалим, и царуваше над Израилот.
14. И собра Соломон коњица; имаше иљада и четиристотини коли и дванаесет иљади коњаници, кои ги насели по колските градови и при царот во Ерусалим.
15. И го направи царот во Ерусалим среброто и златото рамноцено со камењата, а кедрите според нивното множество ги направи рамноцени со смоквите во низините.
16. Коњи му доведуваа на Соломона од Египет; царски трговци ги купуваа со пари;
17. една кола се купуваше и дотеруваше од Египет за шестотини сикли сребро, а еден коњ - за сто и педесет. Така тие им ги доставуваа преку своите раце на сите цареви хетејски и цареви сиријски.

      2Chronicles (1/36)