1Samuel (9/31)  

1. Имаше еден виден човек од Венијаминовите синови, по име Кис, син Авилов, син Јаредов, син на Вахиров, син Афеков, син на некојси Венијаминец.
2. Тој имаше син, по име Саул, млад и убав; и никој од Израилците не беше поубав од него; а и за глава тој беше повисок од сиот народ.
3. И на Сауловиот татко Кис му се загубија ослиците, па му рече Кис на синот свој Саула: "Земи со себе еден од слугите и стани, та оди и побарај ги ослиците."
4. И тој ја мина Ефремовата гора, ја минаа и земјата Селха, но не ги најдоа; ја минаа и земјата Сегалимиска, и таму ги немаше; потоа ја минаа и Венијаминовата земја, но не ги најдоа.
5. А кога дојдоа во земјата Сифова, Саул му рече на слугата свој, што беше со него: "Да се вратиме, за да не почне татко, заборавајки ги ослиците, да се беспокои поради нас."
6. Но слугата му рече: "Еве, во овој град има еден човек Божји, чпвек почитуван; се што тој ке каже, се збиднува. Да отидеме сега таму; можеби, ке ни го покаже нашиот пат, по кој да одиме."
7. И му рече Саул на слугата свој: "Добро, да одиме, но што ке му однесеме на тој човек? Зошто леб не остана во торбите наши, а и подароци нема, за да му однесеме на човекот Божји. Што имаме?"
8. Слугата, пак, му одговори на Салу и рече: "Ете, во раката моја има четврт сикла сребро; ке му ја дадам на човекот Божји, и тој ке ни го покаже патот наш."
9. Порано кај Израилот, кога некој одел да Го праша Бога, велел вака: ‘да одиме кај јасновидецот. Зашто тој, кого денес го нарекуваат пророк, порано се викал јасновидец.‘
10. И му рече Саул на слугата свој: "Добро велиш; да одиме!" И отидоа во градот, каде што беше човекот Божји.
11. Кога влегуваа во градот, сретнаа девојки, кои беа излегле да си наполнат вода, и ги запрашаа: "Има ли тука јасновидец?"
12. Тие им одговорија и рекоа: "Име; ете, тој е пред вас; само побрзајте; тој денес дојде во градот, бидејки народот денес принесува жртва на ридот;
13. кога ке дојдете во градот, ке го затечете, пред да се искачи на ридон за да руча; зашто народот нема да почна да јаде, додека тој не дојде; бидејки тој ке ја благослови жртвата, и потоа поканетите ке почнат да јадат; и така, одете, токму сега ке го затечете."
14. И отидоа во градот. А кога дојдоа среде град, ете, и Самуил им излегува во пресрет, за да отиде на ридот.
15. А ден пред Сауловото доа ање, Господ му откри на Самуила и рече:
16. "Утре во ова време ке ти испратам еден човек од Венијаминовата земја, и то помажи го за цар на Мојот народ, Израилот; тој ке го спаси народот Мој од филистејските раце; зашто Јас погледнав милостивно на Мојот народ, бидејки повикот негов стигна до Мене."
17. Кога Самуил го виде Саула, Господ му рече: "Ете го човекот, за кого ти говорев; тој ке царува над Мојот народ."
18. Саул се приближи до Самуила при вратата и го запраша: "Кажи ми, каде е куката на јасновидецот?"
19. Самуил му одговори на Саула и рече: "Јас сум јасновидецот, оди пред мене на ридон; и вие ке ручате денес со мене; јас ке те пуштам изутрина, и ке ти кажам се, што имаш на срцето;
20. а за ослиците, што се загубија пред три дена, не се грижи, тие се најдени. Та за кого е се она, што е најсакано кај Израилот? Нели е за тебе и за целиот твој татков дом?"
21. Саул одговори и рече: "Не сум ли јас син од Венијаминовото колено, едно од најмалите Израилеви колена? И домот мој не ли е најмал ме у домовите од Венијаминовото колено? Тогаш, зошто ми го говориш тоа?"
22. Самуил го зеде Саула и слугата негов, ги воведе во собата, и им даде прво место ме у поканетите, кои беа триесетина души.
23. И му рече Самуил на готвачот: "Донеси го оној дел, што ти го бев дал и за кој ти бев рекол: ‘зачувај го кај себеси.‘"
24. И готвачот ја зеде плешката и се, што беше на неа, и го стави тоа пред Саула. И рече Самуил: "Ете, тоа е принесено, стави го пред себе и јади, бидејки тоа е зачувано заради тебе кога го свикав народот." И тој ден Саул ручаше со Самуила.
25. Потоа тие слегоа од ридот во градот, и Самуил разговараше со Саула на покривот, а и послаа за Саула на покривот и тој спиеше.
26. Утрината тие станаа токму кога зазори зората, Самуил го повика Саула на покривот и рече: "Стани, јас ке те испратам." Саул стана, и обајцата, тој и Самуил, излегоа од куката.
27. Кога наближуваа кон крајот на градот, Самуил му рече на Саула: "Кажи му на слугата да оди пред нас," - и тој отиде напред, - "а ти сега застани," и јас ке ти откријам, што рече Бог."

  1Samuel (9/31)