1Samuel (8/31)  

1. А кога Самуил остаре, ги постаи своите синови за судии над Израилот.
2. Името на поголемиот син негов беше Јоил, а името на вториот син негов - Авија; тие беа судии во Вирсавија.
3. Но синовите негови не одеа по неговите патишта, туку се впуштија во користољубие - земаа подароци и судеа криво.
4. Тогаш се собраа сите старешини Израилеви, дојдоа при Самуила во Арматем
5. и му рекоа: "Ете, ти остаре, а синовите твои не одат по патиштата твои. Затоа постави ни цар, кој ке ни суди, како што е кај другите народи."
6. Овие зборови не му беа пријатни на Самуила, кога рекоа: ‘дај ни цар, кој ке ни суди.‘ И Самуил Му се помоли на Господа.
7. А Господ му рече на Самуила: "Чуј го народниот глас во се, што ти говорат; зашто тие не те отфрлија тебе, туку Ме отфрлија Мене, за да не царувам над нив;
8. како што постапуваа од оној ден до денес, кога ги изведов од Египет, откако Ме оставија и им служеа на други богови, така постапуваат и со тебе;
9. затоа, послушај го гласот нивни; само изложи им ги и објави им ги правата на царот, што ке царува над нив."
10. И Самуил им ги соопшти сите тие зборови Господови на народот, кој бараше од него цар,
11. и рече: "Еве, какви ке бидат правата на царот, што ке царува над вас: тој ке ги зема синовите ваши и ке ги прави свои колари и свои коњаници и тие ке одат пред колите негови;
12. и ке ги постави да му бидат иљадници и педесетници, да му ги обработуваат нивите, да го жнеат житото и да му прават војничко оружје и се што е потребно за колите негови;
13. ке ги зема керките ваши за да прават миризливи масла, да готват јадења и да печат леб;
14. ке ви ги зема најдобрите ваши ниви, лозја и малинови градини и ке им ги дава на слугите свои;
15. ке зема десеток од посевите ваши и од лозјата ваши и ке им го дава на евнусите свои и на слугите свои;
16. ке ги зема робовите ваши и робинките ваши, најдобрите момци ваши и ослите ваши и ке ги употребува за своја работа;
17. ке зама десеток од вашиот ситен добиток, а вие сами ке му бидете робови;
18. тогаш ке заофкате од царот свој, што сте го избрале, и Господ нема да ви одговори тогаш."
19. Но народот не сакаше да го послуша гласот на Самуила и рече: "Не, нека има цар над нас,
20. и ние ке бидеме како другите народи - ке ни суди нашиот цар и ке оди пред нас, и ке ги води нашите војни."
21. И Самуил, откако ги ислуша сите тие зборови на народот, Му ги кажа на Господа.
22. И Господ му рече на Самуила: "Послушај го гласот нивни и постави им цар." И Самуил им рече на Израилците: "Одете секој во својот град!"

  1Samuel (8/31)