1Samuel (4/31)  

1. Филистејците се собраа да војуваат против Израилот. И словото Самуилово беше свртено кон сиот Израил. И излегоа во војна Израилците против Филистејците и се улогорија при Авен-Езер, а Филистејците се сместија при Афек.
2. И Филистејците се наредија за борба против Израилците; почна борбата, и Филистејците ги разбија Израилците, и загинаа од нив на бојното поле до четири иљади души.
3. Тогаш народот дојде во логорот; и старешините Израилеви рекоа: "Зошто Господ не порази денес пред Филистејците. Да си го земеме од Силом ковчегот на заветот Господов, и тој ке оди среде нас и ке не спаси од раката на непријателите наши."
4. И народот испрати во Силом, па го донесоа оттаму ковчегот на заветот на Господа Саваот, Кој седи на Херувими; а при ковчегот на заветот Божји беа двајцата синови на Илиј - Офни и Финес.
5. И кога пристигна во логорот ковчегот на заветот Господов, сиот Израил крена толку силен вик, што земјата трепереше.
6. И Филистејците ги слушнаа радосните извици и рекоа: "Зошто ли се тие радосни извици во логорот на Евреите?" И дознаа, дека во логорот пристигнал ковчегот Господов.
7. И се уплашија Филистејците, бидејки рекоа: "Бог дошол при нив во логорот." И рекоа: "Тешко нам, зашто такво нешто не се случило ни вчера ни завчера;
8. тешко нам! Кој ке не спаси од раката на Оној силен Бог? Тоа е Оној Бог, што ги порази Египтјаните со секакви поразии во пустињата.
9. Стегнете се, о Филистејци, и бидете храбри, за да не станете робови на Евреите, како што се тие во ропство под вас; бидете јунаци и удрете на нив!"
10. И Филистејците удрија, Израилците беа разбиени, и секој избега во шаторот свој; поразот беше многу голем; од Израилците паднаа триесет иљади пешаци.
11. Ковчегот Божји беше земен, и обајцата Илиини синови, Офни и Финес, загинаа.
12. А еден од Венијаминовите побегна од местото на битката и дојде во Силом истиот ден; облеката му беше испокината и главата во прав.
13. Кога тој пристигна, Илиј седеше на стол при патната врата и гледаше, бидејки срцето му трепереше за ковчегот Божји. И кога тој човек пристигна и јави во градот, целиот град високо повика.
14. Илиј го чу плачењето и рече: "Каква врева е тоа?" И човекот веднаш се приближи и му соопшти на Илиј.
15. Илиј тогаш беше на деведесет и осум години; и очите му се беа помрачиле, и тој не можеше да гледа.
16. И човекот му рече на Илиј: "Јас дојдов од логорот, денес избегав од местото на битката." И рече Илиј: "Што стана, синко?"
17. И известителот одговори и рече: "Израил избега пред Филистејците, голем пораз стана во народот, и двајцата твои синови, Офни и Финес, загинаа, и ковчегот Божји беше запленет."
18. Кога тој спомна за ковчегот Божји, Илиј падна од столот при вратата нагрб, си го скрши грбникот и умре; бидејки тој беше стар и тежок. Тој беше судија на Израилот четириесет години.
19. Снаата негова, Финесовата жене, беше бремена веке навременила. Кога го чу известувањето дека ковчегот Божји е запленет и дека свекорот нејзин и мажот нејзин умреле, се свитка на колена и роди, бидејки и дојдоа болките.
20. И кога таа умираше, жените околу неа и говореа: "Не плаши се, ти роди син." Но таа не одговараше и не обрнуваше внимание.
21. И го нарече младенчето Ихавод, велејки: "Си отиде славата од Израилот" - со запленувањето на ковчегот Божји, а и со смртта на свекорот нејзин и мажот нејзин.
22. Таа затоа рече: "Отиде славата од Израилот, бидејки ковчегот Божји е запленет.

  1Samuel (4/31)