1Samuel (31/31)    

1. А Филистејците војуваа против Израилците, и мажите израилски избегаа од Филистејците и паднаа победени на планината Гелвуј.
2. Филистејците го стигнаа Саула и синовите негови; Филистејците го убија Јонатана, Аминадава и Малхиуса, Саулови синови.
3. Битката против Саула стана жестока, и стрели од лакови го поразуваа; тој беше многу ранет од стрелите.
4. Тогаш Саул му рече на оруженосецот свој: извади го мечот и заколи ме со него, да не дојдат оние необрезани и да ме убијат и да не се подигруваат со мене. Но оруженосецот не сакаше, бидејки многу се плашеше. Тогаш Саул го зеде мечот и се фрли врз него.
5. Оруженосецот негов, кога виде дека Саул умре, и самиот падна врз мечот свој и умре со него.
6. Така умреа во тој ден Саул и трите синови негови и оруженосецот негов, а исто така и сите лу е негови заедно.
7. Израилците кои жеивееја кон долината и од оваа страна на Јордан, откако видоа, дека лу ето израилски избегаа и дека Саул умре и синовите негови, ги напуштија градовите свои и избегаа, а Филистејците дојдоа и се населија во нив.
8. На другиот ден Филистејците дојдоа да ги ограбуваа убиените и го најдоа Саула и тројцата синови, што беа паднале на Гејвулската планина.
9. Го свртеа и му ја пресекоа главата, го симнаа од него оружјето и испратија по целата Филистејска земја, да го разгласат тоа по идолските светилишта и на народот;
10. и го положија оружјето негово во идолското светилиште на Астарта, а телото негово го закачија на sидот Вет-Сански.
11. Жителите на Јавис Галадски слушнаа за тоа што направија Филистејците со Саула;
12. се кренаа сите силни лу е, одеа цела нок, го зедоа телото на Саула и телата на синовите негови од sидот Вет-Сански, дојдоа во Јавис и таму го изгореа;
13. ги зедоа коските нивни и ги погребаа под дабот во Јавис, и постеа седум дена.

  1Samuel (31/31)