1Samuel (30/31)  

1. На третиот ден, откако Давид и лу ето негови тргнаа за Секелаг; Амаликијците го нападнаа Секелаг од југ, го презедоа и го изгореа со оган;
2. жените, пак, и сите што беа во него, од мал до голем, не ги убија, туку ги одведоа во плен и отидоа по патот свој.
3. Се приближи Давид и лу ето негови до градот, и ете, тој е изгорен со оган, а жените нивни, синовите нивни и керките нивни се земени во плен.
4. Давид и народот, што беше со него, зедоа да викаат и да плачат, додека имаше сила во нив за плачење.
5. Беа земени во плен и двете жени Давидови: Ахиноама, Израилката, и Авигеја, бившата Навалова жена, Кармелитката.
6. Давид беше многу збунет, бидејки народот сакаше да го убие со камења; зашто сиот народ страдаше во душата, секој за синовите свои и за керките свои.
7. Но Давид се закрепи со надежта во Господа, својот Бог; и му рече Давида на Авијатар, син Ахимелехов: "Донеси ми го ефодот." И Авијатара му го однесе ефодот на Давида.
8. Давид го праша Господа, велејки: "Да го гонам ли тоа мноштво, и ке ги стигнам ли?" А одговорот му беше: "Гони, ке стигнеш и ке ги избавиш."
9. И тргна Давид, тој и шестотини мажи, што беа со него; и дојдоа до потокот Восор, каде што изморените застанаа.
10. И ги гонеше Давид, тој сам со четиристотини души; а двестете души останаа, зашто немаа сила да го преминат Восорскиот поток.
11. Најдоа еден Египјанин во полето, го доведоа кај Давида, му дадоа леб, тој јаде, и го напоија со вода;
12. и му дадоа дел од низа смокви и два грозда суво грозје, и тој јадеше и се поткрепи, зашто не беше јадел леб и не беше пиел вода три дни и три ноки.
13. Тогаш Давид го праша: "Чиј си ти и од каде си?" Тој одговори: "Јас сум момок Египтјанец, слуга на еден Амаликиец, и мојот господар ме остави, бидејки се разболев име веке три дни;
14. ние навлеговме во јужниот дел на Хелет и во областа Јудина и во јужниот дел на Хаклев, а Секелаг го изгоревме со оган."
15. А Давид го запраша: "Kе ме одведеш ли до тие лу е." Тој одговори: "Заколни ми се во Бога, дека нема да ме убиеш и нема да ме предадеш во рацете на господарот мој, и јас ке те одведам до тие лу е."
16. Давид му се заколна, и тој ги поведе. И ете, Амаликијците, распрснати по целата таа земја, јадеа и пиеја и празнуваа поради големиот плен, што го беа зеле од земјата Филистејска и од земјата Јудејска.
17. И ги нападна и ги поразуваше Давид од утринските мугри до вечерта на другиот ден, и никој од нив не се спаси, освен четиристотини момчиња, што се качија на камили и избегаа.
18. И Давид одзеде се, што беа го зеле Амаликијците, ги одзеде Давид и двете жени свои,
19. и не се изгуби кај нив ништо, ни мало, ни големо, ни синови, ни керки, ни пленот, ниту нешто од она, што го беа зеле од нив Амаликијците: се врати Давид.
20. И Давид го зеде сиот ситен и крупен добиток; и неговите лу е одеа пред тој добиток и говореа: "Ова е Давидов плен."
21. Давид дојде кај оние двесте души, кои немаа сила да одат по нив, и кои ги беше оставил кај потокот Восор, и тие излегоа да го пречекаат Давида и лу ето, кои беа со него. Давид се приближи до тие лу е и ги поздрави.
22. Тогаш лошите и неранимајковците, што беа оделе со Давида, почнаа да зборуваат: "Поради тоа што тие не одеа со нас, нема да им дадеме од пленот, што го одзедовме; секоја нека си ја земе само жената и децата и да си оди."
23. Но Давид рече: "Не правете така, брака мои, откако Господ ни го даде тоа и не зачува и ни го предаде во рацете мноштвото лу е што доа аше против нас.
24. И кој ке ве послуша во тоа? Тие не се подолни од нас. Каква е честа на оние, што одеа во војна, таква чест треба да има и за оние, што останаа кај комората; ме у сите треба да се подели."
25. Така стана тоа, од тоа време и понатаму; и тој го постави тоа како закон и правило за Израилот до денес.
26. И дојде Давид во Секелаг и од пленот им испрати на старешините Јудини, свои пријатели, велејки: "Ете ви подарок од пленот, земен од непријателите Господови."
27. Им испрати и на оние, што се во Ветил и во јужен Рамот, во Јетир и во Гетор,
28. во Ариот, и во Амад, во Шифмот, и на оние во Естемоа и во Гет,
29. во Кинан, во Сафен, во Тимат и во Рахал, во градовите јерахмеелски и во градовите кенејски,
30. во Хорма, и во Хорашан, во Атах
31. и во Хервон, и по сите места, каде што Давид беше одел, тој и лу ето негови.

  1Samuel (30/31)