1Samuel (3/31)  

1. Момчето Самуил Му служеше на Господа при Илиј; словото Господово беше ретко во тие денови и немаше виденија.
2. И се случи во она време, кога Илиј лежеше на местото свое, - очите негови беа почнале да се премрежуваат, и тој не можеше да гледа, -
3. и светилникот Божји уште не беше угаснал, а Самуил лежеше во храмот Господов, каде што беше ковчегот Божји;
4. Господ повика кон Самуила: "Самуиле! Самуиле!" Тој одговори: "Еве ме!"
5. И притрча при Илиј и рече: "Еве ме! Ти ме викаше." Но тој одговори: "Јас не сум те викал; оди легни си!" И тој отиде и си легна.
6. Но Господ повика по вторпат кон Самуила: "Самуиле, Самуиле!" Тој стана и пак отиде кај Илиј и рече: "Еве ме! Ти ме повика?" Но тој рече: "Јас не сум те викал, синко; оди легни си!"
7. Самуил уште не го познаваше тогаш гласот на Господа, уште не му се беше открило словото Господово.
8. Викна Господ кон Самуила и третпат. Тој стана и отиде при Илиј и рече: "Еве ме! Ти ме повика?" Тогаш Илиј разбра, дека Господ го вика момчето.
9. И му рече Илиј на Самуила: "Оди легни си, и кога Оној што вика, ке те повика, ти кажи: "Говори, Господи, бидејки Твојот слуга слуша." И отиде Самуил и легна на местото свое.
10. И Господ дојде, застана и викна, како првиот и вториот пат: "Самуиле! Самуиле!" И Самуил рече: "Говори Господи, бидејки Твојот слуга слуша."
11. И му рече Господ на Самуила: "Еве, што ке извршам во Израилот, за кое, кој ке чуе, ке му писнат и двете уши.
12. Во тој ден Јас ке го исполнам над Илиј се она што сум зборувал за домот негов; Јас ке почнам и ке завршам.
13. Јас му јавив дека ке го казнам домот негов засекогаш заради онаа вина, која тој ја знаеше, бидејки синовите негови бесчествуваа, и тој не ги запираше.
14. И поради тоа се колнам пред домот на Илиј, дека вината на Илиниот дом нема да се избрише довека ниту со жртви, ниту со лебни приноси."
15. Самуил спиеше до утрината, (и стана рано) и ја отвори вратата на домот Господов; Самуил се плашеше да му соопшти на Илиј за тоа видение.
16. Но Илиј го повика Самуила и рече: "Синко Самуиле!" Тој одговори: "Еве ме!"
17. И рече Илиј: "Што ти беше речено? Не криј од мене; тоа и тоа нека ти направи Господ тебе, и уште повеке нека направи, ако сокриеш од мене од се што ти беше кажано."
18. И Самуил му соопшти се и не сокри од него ништо. Тогаш Илиј рече: "Он е Господ; што Му е угодно, тоа и нека направи."
19. Самуил порасна, и Господ беше со него; и не остана ни еден Негов збор неисполнет.
20. И сиот Израил од Дан дури до Вирсавија дозна дека Самуил е удостоен да биде пророк Господов.
21. И Господ продолжуваше да се јавува во Силом, откако му се беше открил на Самуила во Силон преку словото Господово. И во сиот Израил, од крај до крај на земјата, се уверија дека Самуил, е пророк Господов. Илиј, пак, остаре многу, а синовите негови продолжуваа да одат по лукав пат пред Господа.

  1Samuel (3/31)